Добре дојде!

Здраво, Bgljb, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене [[Разговор со корисник:Wikimk (разговор) 18:57, 5 јуни 2009 (UTC)|на мојата страница за разговор]], или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде!

Викисредба, 20 јуниУреди

Bgljb, вашите придонеси можеби на некој начин помогнаа да се подобри Википедија на македонски јазик. Ве информираме дека во сабота, 20 јуни, ќе се одржи викисредба на која е добредојдено вашето присуство. За повеќе детали околу терминот, локацијата и начинот на пријавување на викисредбата погледнете тука. Поздрав. --Brest-bot (разговор) 23:12, 15 јуни 2009 (UTC)

Христо Ботев - анархистУреди

Дали имате некаков надежен извор дека Христо Ботев бил анархист? --Стан (разговор) 14:40, 23 јуни 2009 (UTC)

Лош јазик на ЕтернетУреди

Здраво! Ти благодарам за пријавувањето на лошиот текст на Етернет. Сега постапи ок, но во иднина има една многу полесна варијанта за справување со вакви работи: кликни на јазичето „уреди“ и сам промени го тоа што не е в ред :) Така функционира едно викисекој може да ја менува неговата содржина. Без грижа, храбро променувај сè што што може да се подобри! Поздрав. --Brainmachinewtf? 12:39, 3 август 2009 (UTC)

Здраво. Ја прочитав статијата и забележав дека е полна со незавршени мисли. Сѐ што ми изгледаше нелогично отстранив. Доколку сметате дека знаете повеќе за оваа работа слободно збогатете ја статијата. Инаку, за контакт со администраторите покрај директниот начин за кој чинам дека е подобар постои и Огласна табла. Ви посакувам пријатна забава на нашата Википедија.
Поздрав,
--Wikimk (разговор) 13:54, 3 август 2009 (UTC)

Викимедија МакедонијаУреди

Здраво. Ве известуваме дека во последните неколку месеци се трудиме да основаме здружение Викимедија Македонија, коешто ќе има за цел да ја промовира Википедија на македонски јазик и останатите Викимедија проекти. Доколку сте заинтересирани, додаете го Вашето корисничко име овде. Доколку немате отворено корисничка сметка на Мета, сторете го тоа и притоа внимавајте да биде идентична како на Википедија.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:42, 3 август 2009 (UTC)

Се надевам дека ја прочитавте оваа порака. Секоја подршка ни е добредојдена. Се надеваме дека промоцијата на Википедија на македнски ќе биде многу поголема по основањето на оваа организација, а со тоа и местото на македонскиот јазик во светски рамки ќе биде подобрено.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:17, 16 август 2009 (UTC)
Нема да можам да учествувам барем засега во овој проект. -Bgljb (разговор) 22:36, 16 август 2009 (UTC)

Шаблон:АнархизамУреди

Здраво. Ќе Ве замолам да внимавате при додавањето на шаблонот Анархизам на статиите за личности, кои првенствено се познати по нешто друго. Се согласувам дека е згодно да го има во статии како Ема Голдман, Михаил Бакунин и Петар Кропоткин, бидејќи овие тројца се познати поради тоа што се залагале за општествени промени во насока на создавање на безвластие. Проблемот се јавува со статијата за Лав Толстој. Толстој првенствено не е анархист, а дури ни во неговите дела се критикува постојното општество и се наведува анархизмот како најсоодветно решение. Ова важи за најпознатите дела, се разбира, кои ги имам читано. Според мене, неговите анархистички ставови се маргинални во однос на целото негово животно творештво. Инаку од мене ги имате сите пофални зборови за средувањето на статии во врска со анархизмот. Благодарам на вниманието. Поздрав и успешна работа.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:22, 3 август 2009 (UTC)

P.S.Ве молам да ја погледнете секцијата погоре. Навистина е прекрасно кога сите корисници на Википедија на македонски јазик се залагаат за создавање на здружение, кое ќе раководи со сите Викимедија проектио на македонски јазик. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:24, 3 август 2009 (UTC)

Повели врска до статутот (овде). Доволно е само да го додадете Вашето корисничко име во табелата, но најпрвин прочитајте го статутот па одлучете. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:51, 3 август 2009 (UTC)

Како најлесно до брзоуреден и квалитетен портал?Уреди

Здраво. Уредувањето на портали е сложена работа, која ни најмалку не наликува на обичното уредување. Затоа, сакам да Ви се заблагодарам заради тоа што решивте на некој начин да ми помогнете во збогатувањето на Викиепдија на македонски јазик со портали од различни теми.

Долу Ви ја наведов наједоноставната постапка за уредување на портал, со сите чекори кои треба да се поминат за да се заврши еден портал. По овој принцип се уредени над 95% од порталите. Постапката не е едмоставна. Повеќе е практика од теорија, па затоа би Ве замолил внимателно да го прочитате упатството и да не очајувате ако нешто не биде во ред, туку слободно да ме прашате. Со тек на време ќе научите.

1. Се уредуваат 2 помошни статии: Портал:име на порталот/box-header и Портал:име на порталот/box-footer, такашто во статијата Портал:име на порталот/box-header се нанесува шаблон за создавање на кутијата која ќе биде повеќе пати застапена на порталот:

{{Portal:Box-header | title={{{1}}} 
|editpage={{{2}}}
|border=#aaaaaa           <!-- Ова е бојата на граничникот околу кутијата -->
|titleforeground=black    <!-- Ова е бојата на насловот-->
|titlebackground=#DDEEFF  <!-- Ова е бојата на позадината на насловот-->
|background=f#f9f9f       <!-- Ова е бојата на позадината на кутијата -->
|foreground=black
|noedit={{{noedit|}}}}}       <!-- Ова е бојата на текстот на кутијата -->

Десно Ви се дадени боите, а лево објаснето со која боја ќе биде обоена кутијата. Нека не Ве бунат боите како на пр.#aaaaaa или #f9f9f, тоа се само нијанси и мешавини од некои бои. Да Ве опоменам дека при промена на бојата, секогаш нејзиното име нанесете го на англиски и без знакот # пред нејзиното име (на пр.black,red,gold и др., но не #black,#red,#gold). Но, овој текст обично се пренесува од веќе посртоечка ваква статија, едноставно со copy paste.

Статијата Портал:име на порталот/box-footer треба да биде со содржина:

{{Portal:box-footer | {{{1}}} }}

И ова е добро да се работи со copy paste од веќе постоечка статија. Всушност, со статијата Портал:име на порталот/box-header се создава кутија која треба да ја содржи порталот, а со статијата Портал:име на порталот/box-footer истата кутија се затвара, односно се користи за вметнување на текст (најчесто архива) во долниот десен агол од кутијата). Примери:Портал:Спорт/box-header и Портал:Спорт/box-footer.

2. Откако ќе ги создадеш овие 2 статии веќе може да се уредува страницата на порталот (Портал:име на порталот). За да се создаде еден портл потребно е да се додаде содржина од овој тип:

{{ВикиПроект Спорт хипер навигација}}
{{browsebar_brest}}
{{/box-header|<big>СПОРТ</big>|Портал:Спорт/Вовед|}}
{{/Вовед}}
{{/box-footer|}}

<div style="float:left; width:55%;"> <!-- This width add to the margin below to equal 98%-->
{{/box-header|Избрана статија|Портал:Спорт/Избрана статија}}
{{/Избрана статија}}
{{/box-footer|}}

{{/box-header|''Дали знаете...''|Портал:Спорт/Дали знаете|}}
{{/Дали знаете}}
{{/box-footer|}}

</div>

<div style="float:right; width:44%"> <!-- This margin should be right of the above -->
{{/box-header|Избрана слика|Портал:Спорт/Избрана слика}}
{{/Избрана слика/}}
{{/box-footer|}}

{{/box-header|''Категории''|Портал:Спорт/Категории|}}
{{/Категории}}
{{/box-footer|}}

{{/box-header|''[[Википедија:ВикиПроект Спорт|Википроект:Спорт]]''|Портал:Спорт/ВикиПроркт:Спорт|}}
{{/ВикиПроект:Спорт}}
{{/box-footer|}}

</div>

<div style="float:right; width:100%">

{{/box-header|align=left|''Субпортали''|Портал:Спорт/Субпортали|}}
{{/Субпортали}}
{{/box-footer|}}

<div style="float:right; width:100%">

{{/box-header|Спорт на останатите вики проекти...|Портал:Спорт/Викимедиа|}}
<center>{{/Викимедиа}}</center>
{{/box-footer|}}
{{портали}}

И тука е добро да се работи со copy paste. Шаблонот browsebar_brest е шаблон кој содржи директни линкови кон основните портали на Википедија. Останатите групи од по 3 реда се кутиите кои ќе ги има порталот. Во првиот ред:{{/box-header|<big>СПОРТ</big>|Портал:Спорт/Вовед|}} важно е да знаеш дека елементите означуваат зголемен наслов, текстот кој се наоѓа помеѓу /box-header| и |Портал:Спорт/Вовед е насловот на кутијата. Насловот е потребно да се запише и на крајот на првиот ред. Како на пр.Портал:Спорт/Вовед. Во случајов, станува збор за насловна кутија на страницата, па затоа наместо насловот Вовед се запишува името на статијата што треба да се пшрименува со сите статии. Во вториот ред:{{/Вовед}} стои насловот на кутијата која ќе ја отвара линкот. Тоа значи дека доколку пишува вовед ќе се отвори вовед, доколку пиѓува избрана статија ќе се отвори избрана статија и сл. Обично тука секогаш се пишува насловот од првиот ред. Исклучок е воведот каде во првиот ред стои насловот на порталот, а во вториот вовед. Поради ова нема многу овде да се задржувам. Во третиот ред:{{/box-footer|}} стои дел од насловот на една од статиите која треба да се создаде за уредување на порталот. Всушност, тоа е и статијата којашто е потребно да се уреди. Овде секогаш внимавај и на крајот не ја бриши цртата. Но, и ова работи гоп со copy paste.

Внимавајте и не ги бришете елементите

. Тие се ознака дека кутиите ќе бидат во вертикален редослед. Првиот ваков извадок означува дека ќе бидат сместени од левата страна, а вториот од десната. Процентот може да се менува од 0 до 100 и со него е означена дебелината на кутиите од левата односно десната страна. Овој пример каде се дадени 100% се применува за уредување на воведниот дел и најдолните кутии во кои се наведуваат секциите:Поврзани портали и Останати Викимедиа проекти. Добро е секогаш, елементите на левата страна да бидат со дебелина поголема од оние на десната страна, а нивниот збир добро е секогаш да е 99, а разлика помала од 5 (на пр. 50 и 49, 51 и 48). Ова може да го забележиш на горната шема.

Но, сепак многу портали се направени со соодветна дебелина на редовите, па затои и тука работи со copy paste.

3. Друга важна работа е рамката околу порталот. Таа се нанесува со запишување на следново:

{| width="100%" cellpadding="5" cellspacing="10" style="background:lighpurple   ; border-style:solid; border-width:3px; border-color: purple  ; "
| valign="top" style="padding: 0; margin:0;" |

Доколку сакате да ја промените бојата на граничникот слободно запишете ја саканата, а бојата на позадината добро е да ја задржите бела, бидејќи останатите бои може да делуваат збунувачки аз читателите. Исто така добро е граничникот да биде со темна боја за да не одвлекува внимание.

Доколку го знаете ова, веќе сте способни да изработите некој портал. Најважно што треба да знаете е дека најлесно се работи со пронципот copy paste. Секогаш работете согласно овие чекори. Исто така не заборавај да додадеш надворешни врски со истоимените портали на останатите Википедии и не аборавај да создадеш категорија со името на порталот (Категорија:Портал:име на порталот).

4. Откако ова ќе го направите зачувајте ја страницата и порталот е готов. На страницата на порталот во кутиите ќе здогледате линкови кон статии кои не постојат (обоени со црвена боја).Кликни на нив и во зависност од нивниот наслов уреди ги со соодветен материјал(пр.Портал:Социологија/Избрана статија).

Најпрвин, пред да започнете со работа, разгледајте како се создадени некои портали. Добро е потоа да видите и кој елемент каде стои по зачувувањето на уредувањето на порталот. Но, сепак Ве молам веднаш да не разгледувате некои портали кои навистина се уредени на многу повисок стил и бараат поголемо познавање во уредувањето. Затоа за почеток Ви преорачувам да ги разгледате порталите: Портал:Физика, Портал:Геологија, Портал:Социологија.

За уредување на нов портал ориентирајте се според листата на портали. Не создавајте портали со наслов на тема за која нема доволно статии. Не е добро на страницата на порталот да има линкови кон непостоечки статии (обоени со црвено).

При уредувањето добро е да ги следите начелата дадени во ВикиПроектот Портали.

Поздрав и успешна работа.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:08, 16 август 2009 (UTC)

Деновиве нема да имам можност да уредувам на Википедија, освен ако како сега не се најавм на кратко и направам некое уредување. Поради тоа нема да бидам во можност веднаш да Ви одговорам, доколку имате прашања во врска со порталите. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:38, 16 август 2009 (UTC)
Благодарам на укажаната помош. Верувам дека ќе се снајдам некако. -Bgljb (разговор) 22:43, 16 август 2009 (UTC)

Добро е сè, само потребно е сега да ги склопите елементите како во точка 2. Порталот тогаш ќе биде готов. Уредете ја статијата Портал:Анархизам. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:46, 16 август 2009 (UTC)

Готово. Мислам дека не е лошо за почеток. Ќе посветам повеќе време понатаму, се надевам дека ќе го подобрам порталот. -Bgljb (разговор) 23:56, 16 август 2009 (UTC)
Одлична работа. Јас веќе поправив неколку грешки и во описите Ви објаснив неколку работи. Потребно е акко и сите другистатии да се додадат интервики врски до другите јазични изданија и категории. Исто така, би Ве советувал за во иднина, кога сакате да уредите портал, најпрвин да го уредите порталот, а потоа статиите, бидејќи така веднаш под насловот Ви се наоѓа името на порталот, а на порталот врските до статиите кои Ви се во план да ги уредите. Доколку сте заинтересирани може да додадеме и уште една кутија, во левиот долен дел кој сега е празен и да ја насловиме „Работи кои можете да ги направите“, како што е на пример случај со порталот Кулинарство. Исто така, не само за порталите, туку воопшто на Википедија, се употребува правилото да не се остава опис на сликите во извадоците, со цел да се заинтересираат читателите да ја отворат статијата и целосно да ја прочитаат, каде ќе мошат да ги прочитаат и описите под сликите. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:02, 17 август 2009 (UTC)

Одлична работаУреди

  Анархистичка награда
Јас, MacedonianBoy, Ви доделувам вам, Bgljb, награда за Вашите придонеси во врска со проширувањето и создавањето статиите поврзани со Анархизам! Одличен портал! --Никола Стоіаноски 09:34, 17 август 2009 (UTC)
Благодарам :) -Bgljb (разговор) 10:06, 17 август 2009 (UTC)

Лидери по годинаУреди

Здраво. Со создавањето на ВикиПроектот Години, започна иницијативата за пополнување на статиите за години на Википедија на македнски јазик. Првата активност е пополнување на списоците за лидери на држави по години. Доколку сте заинтересирани да помогнете во извршувањето на оваа задача, може да се пријавите на страницата наменета за оваа активност, на која и може да дадете свој коментар. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:37, 12 октомври 2010 (CEST)

10 години ВикипедијаУреди

        Здраво, Bgljb!
Голема благодарност за Вашите придонеси на Википедија, која веќе 10 години е со нас и нуди слободен пристап кон слободното знаење. По тој повод, насекаде во светот ќе бидат организирани настани за прослава на овој јубилеј, а прослава ќе се одржи и во Скопје на 15 јануари 2010 година во кафе-барот Ла Кања во Старата скопска чаршија. Повеќе информации за настанот може да добиете на страницата посветена на истиот. Во рамките на настанот ќе биде организирана и Вики средба, на која како и обично Вашето присуство може да го најавите на соодветната страница. Се надевам дека ќе присуствувате на оваа прослава и ќе се запознаете со многу останати корисници, кои придонесуваат за споделување на знаењето како и Вие.

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 00:27, 13 јануари 2011 (CET)

Покана за Вики средбаУреди

      Здраво, Bgljb!
Сакам да Ве известам дека на 7 јуни 2011, во Скопје ќе се одржи Вики средба, па по тој повод Ве поканувам доколку сте во можност да присуствувате. Целта како и на секоја Вики средба е дружење и запознавање на корисниците кои постојано соработуваат уредувајќи на Википедија, како и дискутирање на теми поврзани и неповрзани со Википедија. Повеќе информации за средбата може да добиете на соодветната страница.

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 03:35, 4 јуни 2011 (CEST)