Википедија:Избрани портали
2007 година
уредиДекември 2007, Портал Биографија, чии главни уредувачи досега беа корисниците Виктор Јованоски и brest | Поимот биографија (грчки bios (βίος) = живот и graphin (γράφειν) = да се пишува) е одомаќинет во речиси сите европски јазици. Означува животопис, или опис на нечиј животен пат. Истовремено, се однесува на секое литературно или филмско остварување што ги презентира најинтересните моменти од нечиј живот. Иако може да се однесува и на непостоечка, најчесто биографиите ги обработуваат деталите од животот на некоја реална и историски важна личност. Дознајте повеќе за биографиите на неколку важни личности на порталот посветен на биографијата воопшто. |
Ноември 2007, Портал Географија, чии главни уредувачи досега беа корисниците Виктор Јованоски и brest | Географијата — чие што име доаѓа од старогрчките зборови γεω -земја и γραφία -опишува, е дескриптивна наука која своето внимание го насочува кон опишувањето на планетата Земја. Во потесна смисла, географијата е и природна и општествена наука, бидејќи ги проучува и опишува сите форми на Земјината површина и сите природни појави што настануваат на неа и во атмосферата од една, и населението (како дел од Земјата) и неговата стопанска дејност, од друга страна. Исто така, географијата ја опишува и проучува разместеноста на природните богатства, растителниот и животинскиот свет на Земјата. Во буквален превод, зборот географија значи земјопис. Човекот отсекогаш се интересирал за светот околу себе. Токму тоа е и причината што зачетоците на географијата како наука се појавиле уште во античко време. Обично таа се развивала со развојот на трговијата и морепловството, а уште поинтензивно се развива подоцна, во времето на големите географски откритија. Во антиката, многу народи ја развивале географијата, како Старите Грци, Арабјаните, античките Римјани и други. Од последниве, најистакнати географи биле Птоломеј и Страбон. Птоломеј е и еден од првите географи кои ја опишале територијата на Македонија. Дознајте повеќе за географијата на порталот посветен на неа. |
Октомври 2007, Портал Историја, чии главни уредувачи досега беа корисниците Виктор Јованоски и brest | Историја е поим што означува информација за минатото. Кога се користи како име за поле на студии, „историја“ се однесува на изучување и објаснување на минатото на човечките општества. Поимот „историја“ потекнува од грчкиот збор "ιστορία" или historia, и ја дели истата етимологија со англискиот збор story (приказна). Во поширока смисла на зборот, историја е сѐ што се случило, како во човечкиот живот, така и во природниот свет. Историографски гледано, историјата започнува по појавата на писмото. Периодот пред појавата на пишаните документи е наречен праисторија - во Европа праисториската археологија ги опфаќа палеолитот, мезолитот, неолитот, бакарното бронзеното и железното време. Самата историја е поделена на стар, среден и нов век. Големиот германски философ Карл Маркс, приврзаник на теоријата дека движечка сила на напредокот е постојаната борба меѓу класите, смета дека историјата треба да започне во мигот кога ќе завршат сите војни. А дотогаш, според Маркс, ние живееме во праисторија. Дознајте повеќе за историјата на порталот посветен на неа. |
Септември 2007, Портал Археологија, чиј главен уредувач до сега беше корисникот brest | Каменото доба е најстариот период во праисторијата. Според основниот материјал од кој биле направени орудијата - каменот, овој период од праисторијата се нарекува камено доба или камено време. Каменото доба, пак, од своја страна се дели на старо камено доба или палеолит и ново камено доба или неолит. Бронзеното доба е период на пресвртница, кога човекот станува свесен за улогата и значењето на металот во неговиот живот. Особено тоа се однесува на користењето на бронзата, која е легура на бакар и калај, чиј квалитет од своја страна ќе овозможи и поинтензивен економски живот. Дознајте повеќе за археологијата на порталот посветен на неа. |
Август 2007, Портал Уметност, чиј главен уредувач до сега беше корисникот Виктор Јованоски | Дознајте повеќе за уметноста на порталот посветен на неа.
|
Јули 2007, Портал Класична музика, чиј главен уредувач до сега беше корисникот Bjankuloski06 |
|
Јуни 2007, почеток на изборот на портали. Амбицијата е да се избира најдобар портал секој месец. За овој месец избран е порталот Математика, чиј главен уредувач до сега беше корисникот Filipgd | Портал математика, јазолот на сите статии поврзани со математиката. Статиите се детални, разбирливи, но во себе носат математичка тежина.
|