Знаме на Социјалистичка Федеративна Република Југославија

(Пренасочено од Знаме на СФРЈ)

Знамето на втората Југославија (1945-1992, термин кој ги подразбира: Демократска Федеративна Југославија - ДФЈ, Федеративна Народна Република Југославија - ФНРЈ и Социјалистичка Федеративна Република Југославија - СФРЈ) претставува правоаголно поле со однос 2:1 (ширина:висина), поделено на три еднакви хоризонтални ленти обоени на следниов начин: најгорната сино, средната бело и најдолната црвено. Во центарот на знамето се наоѓа црвена петокрака ѕвезда која ја опфаќа целата бела лента, додека во сината и црвената навлегува само на по една третина од нивната висина. Петокраката е порабена со златно-жолта линија.


Знаме на Социјалистичка Федеративна Република Југославија
}}
Употреба државно знаме национално знаме решение кое се користело во минатото, но денес е напуштено.
Сразмер 1:2
Усвоено 31 јануари 1946 (1946-01-31)[1]
Опис Хоризонтална тробојка од сина, бела и црвена боја со златно-црвена ѕвезда во центарот
Творец Ѓорѓе Андрејевиќ-Кун
}}
Варијанта на знамето на Социјалистичка Федеративна Република Југославија
Употреба пловно и управно пловно знаме граѓанско и државно поморско знаме решение кое се користело во минатото, но денес е напуштено.
Сразмер 2:3
Усвоено 21 март 1950 (1950-03-21)[2]
Опис Националното знаме во сразмер 2:3.
}}
Варијанта на знамето на Социјалистичка Федеративна Република Југославија
Употреба морнаричко знаме военоморнаричко знаме решение кое се користело во минатото, но денес е напуштено.
Сразмер 2:3
Усвоено 6 јуни 1949 (1949-06-06)[3]
Знаме на југословенските партизани

Симболиката на знамето е следнава: изборот на боите и нивниот распоред е направен врз основа на пансловенското знаме (кое е всушност идентично со основата на југословенското). Истиот факт е користен и при оформувањето на знамето на Кралството Југославија. Ова ја означувало природата на Југославија како заедница на јужнословенските народи. Од друга страна петокраката претставува симбол на државно-економскиот систем на Федерацијата - социјализам, како и стремежот за достигнување на неговиот највисок степен - комунизам. Златно-жолтиот раб може да е додаден од две причини: или по углед на петокраката на советското знаме или пак за да се раздвои црвената петокрака од позадината во црвената лента. Втората причина е поверојатна, бидејќи за време на НОБ, југословенските партизани го користеле истото знаме со таа разлика што петокраката стои само во белото поле и е без златно-жолт раб.

Постои и алтернативно толкување на боите на знамето: сината за Јадранското Море, белата за слободата и небото, црвената за крвта пролиена за време на НОБ, а петокраката, секако стремежот кон комунизам.

По распадот на СФРЈ во 1991-1992 година, Сојузна Република Југославија (a подоцна и државната заедница на Србија и Црна Гора) го задржува знамето, но од полето е отстранета петокраката ѕвезда.

Знамиња на сојузните републики

уреди

Знамињата на југословенските социјалистички републики се знамиња не секоја од шесте составни републики. Републичкото знаме се бесело заедно со знамето на СФРЈ на државни празници и други свечености.

Поединечните знамиња на југословенските социјалистички републики биле:

 
Знаме на Србија
 
Знаме на Хрватска
 
Знаме на Босна и Херцеговина
 
Знаме на Црна Гора
 
Знаме на Словенија
 
Знаме на Македонија

Знамињата се засновани на стари знамиња на претходните составни нации на Кралството СХС и Кралството Југославија, кои во главно ги користеле пансловенските бои, црвена, бела и сина. Кон сите е придодадена комунистичката црвена ѕвезда. Македонското и босанското знаме се исклучок: македонското знаме е само црвено (заради новоформираноста на републиката), додека пак босанското е црвено со југословенското знаме во аголот, заради мешаниот карактер на населението таму.

Поврзано

уреди
  1. „Yugoslavia, 1945 - 1956“.
  2. „Yugoslavia, 1945 - 1956“.
  3. „Yugoslavia, 1945 - 1956“.