Плен (округ)
Плен (германски: Plön) — округ во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се граничи со (од исток надесно) окрузите Источен Холштајн и Зегеберг, слободниот град Нојминстер, округот Рендсбург-Екернферде, градот Кил и Балтичкото Море.
Плен Kreis Plön | ||
---|---|---|
округ | ||
Земја | Германија | |
Покраина | Шлезвиг-Холштајн | |
Седиште | Плен | |
Површина | ||
• Вкупна | 1.082,71 км2 (41,804 ми2) | |
Население (31 декември 2022)[1] | ||
• Вкупно | 131.266 | |
• Густина | 1,2/км2 (3,1/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Рег. таб. | PLÖ | |
Мреж. место | kreis-ploen.de |
Историја
уредиОкругот бил основан од пруската администрација во 1867 година. Во 1932 година бил проширен со делови од распуштениот округ Бордесхолм. Во текот на XX век некои општини биле одземени од округот поради припојување кон градот Кил.
Географија
уредиВнатрешноста на округот е ишарана со езера. Големото Пленско Езеро (Großer Plöner See, 29 км2) и Зелентското Езеро (Selenter See, 22 км2) се најголеми езера во Шлезвиг-Холштајн. Езерската област и околните делови на соседниот округ Источен Холштајн ја сочинуваат областа наречена Холштајнска Швајцарија, бидејќи ова е ридеста околина. Меѓутоа, највисокиот врв (Бунгсберг) има само 168 м. Северно од езерската област се наоѓа Пробштај (Probstei), област на брегот на Балтичкото Море.
Грб
уредиГрбот прикажува:
|
Градови и општини
уредиСлободни градови | Слободни општини |
---|---|
Општински заедници | ||
---|---|---|
|
|
|
1седиште на општинската заедница;2град |
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Плен на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)