Бунгсберг
Бунгсберг (германски: Bungsberg) — највисока точка во северната германска сојузна покраина Шлезвиг-Холштајн со надморска височина од 167,4 метри. Се наоѓа во областа позната како Холштајнска Швајцарија во општината Шенвалде на Бунгсберг помеѓу Шелхолц и Менхсневерсдорф.
Бунгсберг | |
---|---|
Камен на врвот и јарболите на предавателите | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 167,4 |
Заведена како | највисока точка во Шлезвиг-Холштајн |
Географија | |
Место | Шлезвиг-Холштајн, Германија |
Матичен венец | Холштајнска Швајцарија |
Геологија | |
Вид | морена од леденото доба |
Телекомуникациската кула Бунгсберг се наоѓа на врвот.
Една од најдолгите реки во Шлезвиг-Холштајн, Швентине, извира од Бунгсберг.
Создавање
уредиБунгсберг е морена од леденото доба. Необично бил создаден во Волстонскиот период пред околу 150.000 години. Во текот на подоцнежното ледено доба — пред околу 10.000 години — ледената покривка не го покрила врвот поради неговата височина, бил само опкружен и така создал нунатак (осамена карпа без мраз).
Рекреација
уредиДенес, Бунгсберг е многу омилена точка за набљудување, од која при ведро време може да се види и Балтичкото Море. Кулата за набљудување, „Кула Елизабета“ (Elisabethturm), била градена во 1863 и 1864 година на Бунгсберг од големиот војвода на Олденбург и откако ѝ била зголемена височината за четири метри во 1875 година, таа е висока 22 метри. Денес, не е отворена за јавноста.
Како нејзина замена била изградена плато за набљудување на половина од телекомуникациската кула на Бунгсберг. Во април 2007 година, објектите за посетители на Бунгсберг изгледале малку запуштени. Ресторанот бил главно уништен и целосно одграден. Платото за набљудување било затворено поради вандализам. Кон крајот на мај 2007 година, по две години обнова, кулата повторно била отворена за посетители. Оние кои ќе искачат 200 скали до платото имаат уникатен поглед при ведро време на големи делови од Шлезвиг-Холштајн, па дури и на Мекленбург-Западна Померанија. Подоцна, платото било повторно затворено.
Зиме, Бунгсберг е најсеверниот скијачки центар во Германија и единствен во Шлезвиг-Холштајн[1] со сопствен скилифт поставен неколку дена во годината, кога има доволно снежна покривка. Спустот на една од трите патеки трае околу 25 секунди; на лифтот му требаат минута и половина да ги однесе скијачите на врвот. Една патека е за авантуристите, а другите две за скијачите и сноубордерите. Патеката од 300 метри има наклон од 17 степени. Во сезоната 2009/2010 неколку илјади луѓе дневно го посетувале центарот, некои патувајќи од Либек, Хамбург или Кил. Скилифтот бил долг 250 метри со 34 столбови и може да пренесува до 600 лица секој час. Бил поставен во 1970/1971 година од општината Шенвалд на Бунгсберг за зголемување на туризмот. Како последица на временските услови, лифтот работел само еднаш неделно во 2008/2009 година, а претходната сезона воопшто не работел. Пред неколку години биле поставени топови за снег од организаторот.[2][3]
Телекомуникациска кула Бунгсберг и предавател на НДР
уредиНаводи
уреди- ↑ Најсеверниот скилифт во Германија - 20 секунди во снежен занос
- ↑ HelgeSobik, Meer-Schnee, bitte! Архивирано на 19 јули 2011 г.; Sonntag Aktuell 21 јануари 2007
- ↑ Holger Karkheck, Wo der Berg auf Plattdeutsch ruft; Bild am Sonntag 10 јануари 2010