Зелентско Езеро
Зелентско Езеро (германски: Selenter See) — второ најголемо езеро во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, во северна Германија, веднаш зад Големото Пленско Езеро. Се наоѓа на 37 метри и има површина од 22,4 км².
Зелентско Езеро | |
---|---|
Езерото близу Зелент | |
Подрачје | Шлезвиг-Холштајн |
Координати | 54°18′20″N 10°26′43″E / 54.30556° СГШ; 10.44528° ИГД |
Главни истеци | Миленау, Залцау |
Сливни земји | Германија |
Површина | 22,4 км² км2 |
Прос. длабочина | 34 м м |
Надм. височина | 37 м м |
Населени места | Зелент |
Зелентското Езеро, кое се наоѓа близу општината Зелент во округот Плен, е со длабочина од 34 метри. Езерото истекува во Балтичкото Море преку потокот Хоенфелдер Миленау, само 10 километри долг, на север, и од Залцау на северозапад.
Создавањето на Зелентското Езеро потекнува од последното ледено доба.
Птичји резерват
уредиПостои птичји резерват околу езерото кое се простира 3.060 хектари. Во резерватот се наоѓаат бројни птици како водомар, жолтоклун лебед, голем северен нуркач, кокаљка и морски орел. Резерватот е управуван од добротворната организација, LLUR.[1]
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Зелентско Езеро на Ризницата ?
- Никсдорф, Б. (2004), „Selenter See“, Dokumentation von Zustand und Entwicklung der wichtigsten Seen Deutschlands (германски), Берлин: Сојузна служба за животна средина (Umweltbundesamt), стр. 82 Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - Хидробиолошка студија на четири мали потоци во Шлезвиг-Холштајн Архивирано на 18 јули 2015 г. на www.schriften.uni-kiel.de (Килски универзитет). (германски)