Нојминстер (германски: Neumünster) — слободен град во средишниот дел на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија и со скоро 77.000 жители е четврти најголем град во покраината зад Кил, Либек и Фленсбург.

Нојминстер
Градското собрание на Нојминстер
Градското собрание на Нојминстер
Градското собрание на Нојминстер
Грб на Нојминстер
Нојминстер во рамките на Германија
Нојминстер
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Урбан округ
Градски единици 9 градски окрузи
Градоначалник Олаф Таурас (независен)
Основни податоци
Површина 71,57 км2
Надм. височина 22 м
Население 79.502 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 1.111 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. NMS
Пошт. бр. 24534 - 24539
Повик. бр. 04321
Портал www.neumuenster.de
Местоположба на градот Нојминстер во Шлезвиг-Холштајн
Местоположба на градот Нојминстер во Шлезвиг-Холштајн
Местоположба на градот Нојминстер во Шлезвиг-Холштајн
Координати 54°04′17″N 9°59′24″E / 54.07139° СГШ; 9.99000° ИГД / 54.07139; 9.99000
Црква Вицелин

Првпат бил споменат во 1127 година како августински манастир. Долго време бил центар на германската индустрија за платна и кожа и одамна се смета за важен сообраќаен јазол. Од 1870 година ги поседува градските права, а од 2012 година е дел од метрополитенската област Хамбург.

Географија

уреди

Местоположба

уреди

Низ Нојминстер тече реката Швале, која се влева во Штер во јужниот дел на градот. Во непосредна близина на градот се наоѓа и Ајнфелдското Езеро

Нојминстер се наоѓа во близина на географскиот центар на покраина Шлезвиг-Холштајн. Кил се наоѓа на околу 30 километри северно од Нојминстер, додека 70 километри јужно се наоѓа Хамбург и 72 километри западно од Либек. Градот се граничи со следниве окрузи Плен, Зегеберг и Рендсбург-Екернферде.

Градски окрузи

уреди

Нојминстер е поделен на следниве градски окрузи: Беклерзидлунг-Бугенхаген, Брахенфелд-Рутенберг, Ајнфелд, Фалдера, Гаделанд, Гартенштат, Штатмите, Тунгендорф и Виторф.

Историја

уреди

Првиот историски доказ за претходното село „Випендорф“ (Wippendorf) потекнуваат од 1127 година.

Моментална состојба

уреди

Железничката станица Нојминстер е главната железничка станица со линии кои возат во шест (порано седум) правци, меѓу нив и важните Хамбург-Алтона-Кил и Нојминстер-Фленсбург.

Во близина на Нојминстер, кај Ендорф, постои високонапонски објект за пренос на средни бранови за пренесување на програмата на Deutschlandfunk, предавател Ендорф, кој често е погрешно нарекуван како „предавател Нојминстер“.

Меѓународни односи

уреди

Нојминстер е збратимен со следниве градови:

Познати жители

уреди

Наводи

уреди
  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2022 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди