Отвори го главното мени

Зегеберг (германски: Segeberg) — округ (Kreis) во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се граничи со (од југозапад надесно) окрузите Пинеберг, Штајнбург и Рендсбург-Екернферде, слободниот град Нојминстер, окрузите Плен, Источен Холштајн и Штормарн, како и градот-држава Хамбург.

Зегеберг
Kreis Segeberg

Округ
Грб на Зегеберг Kreis Segeberg
Грб
Schleswig-Holstein SE.svg
Земја Германија
ПокраинаШлезвиг-Холштајн
Адм. цент.Бад Зегеберг
Површина
 • Вкупна1.334 км2 (515 ми2)
Население (31 декември 2016)[1]
 • Вкупно272.235
 • Густина200/км2 (530/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
Рег. таб.SE
Мреж. местоkreis-segeberg.de

ИсторијаУреди

Историјата на округот е поврзана со историјата на Холштајн. Во 1134 година, замокот во Зегеберг бил издигнат како регионално седиште од каде владееле грофовите на Зегеберг. Кога Шлезвиг-Холштајн станала пруска покраина во 1865 година, пруската администрација го основала округот Зегеберг.

Оттогаш, округот доживеал значителен раст два пати: во 1932 година делови на распуштениот округ Бордесхолм се приклучиле на округот и во 1970 година, градот Нордерштет станал дел од округот.

ГеографијаУреди

Округот Зегеберг се состои од земјоделски површини помеѓу градовите Нојминстер и Хамбург. Југозападниот дел на ридестата област наречена Холштајнска Швајцарија припаѓа на округот, како и некои северни предградија на Хамбург.

ГрбУреди

 
Грб
Грбот прикажува:
  • четири кули создаваат крст, во чест на мисионерските активности на епископот Вицелин од Зегеберг, кој го христијанизирал Холштајн во раниот среден век
  • хералдичкиот лист од коприва на Холштајн во средината на крстот
  • четири зелени листови на лилии од грбот на грофовите на Зегеберг

Градови и општиниУреди

Слободни градови Слободни општини Слободни области
  1. Бад Брамштет
  2. Бад Зегеберг
  3. Калтенкирхен
  4. Нордерштет
  5. Валштет
  1. Елерау
  2. Хенштет-Улцбург
  1. Бухолц
Општински заедници
  1. Армштет
  2. Бимелен
  3. Борстел
  4. Ферден-Барл
  5. Фулендорф
  6. Гросенаспе
  7. Хаген
  8. Хардебек
  9. Хазенкруг
  10. Хајдмор
  11. Хицхузен
  12. Менкло
  13. Веделброк
  14. Вимерсдорф
  1. Боштет1
  2. Далдорф
  3. Грос Кумерфелд
  4. Хајдмилен
  5. Латендорф
  6. Риклинг
  1. Борнхефед
  2. Дамсдорф
  3. Генебек
  4. Шмалензе
  5. Штокзе
  6. Тарбек
  7. Тенсфелд
  8. Трапенкамп1
  1. Ицштет1
  2. Кајхуде
  3. Нае
  4. Еринг
  5. Зет
  6. Зилфелд
  7. Тангштет (округ Штормарн)
  1. Алфеслое
  2. Хартенхолм
  3. Хазенмор
  4. Лентферден
  5. Ницен
  6. Шмалфелд
  1. Хитблек
  2. Катендорф1
  3. Кисдорф
  4. Ерсдорф
  5. Зиферсхитен
  6. Штруфенхитен
  7. Штуфенборн
  8. Вакендорф II
  9. Винзен
  1. Барк
  2. Бебензе
  3. Фредесдорф
  4. Грос Ниндорф
  5. Хегерсдорф
  6. Кикелс
  7. Лецен1
  8. Мецен
  9. Неферсдорф
  10. Швисел
  11. Тодесфелде
  12. Витенборн
  1. Баренхоф
  2. Блунк
  3. Бинсдорф
  4. Дрегерс
  5. Фаренкруг
  6. Гешендорф
  7. Глазау
  8. Грос Ренау
  9. Клајн Гладебриге
  10. Клајн Ренау
  11. Кремс II
  12. Негернбетел
  13. Немс
  14. Нојенгерс
  15. Пронсторф
  16. Ролсторф
  17. Шакендорф
  18. Ширен
  19. Зедорф
  20. Штипсдорф
  21. Штрукдорф
  22. Травенхорст
  23. Травентал
  24. Вакендорф I
  25. Веде
  26. Вензин
  27. Вестераде
1седиште на општинската заедница

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди