Олимписка фудбалска репрезентација на Франција

Олимписката фудбалска репрезентација на Франција, уште позната како Фудбалска репрезентација на Франција под 23 години ја претставува Франција во фудбал на Олимписките игри.

Франција олимписка
Грб на фудбалскиот сојуз
СојузФудбалски федерација на Франција
КонфедерацијаУЕФА УЕФА (Европа)
СелекторФранција Тјери Анри
КапитенАлександар Лаказет
ФИФА кодFRA
Домашни бои
Гостински бои
Прв меѓународен натпревар
Полска Полска 2–1 Франција Франција
(Лахти, Финска; 15 јули 1952)
Најголема победа
Франција Франција 7–0 Доминиканска Р. Доминиканска Република
(Тулон, Франција; 11 јули 2024)
Најлош пораз
Унгарија Унгарија 7–0 Франција Франција
(Рим, Италија; 1 септември 1960)
Летни олимписки игри
Учества13
Најдобар резултат1 Златен медал (1984)

Активна е од 1900 година, а првпат се натпреварувала на Летните олимписки игри 1900 во Париз. Фудбалот на олимписките игри првично бил аматерски спорт, а бидејќи и репрезентацијата на Франција пред Втората светска војна била исто така аматерска, имала право да испрати тим на игрите. Правилата за аматеризмот биле ублажени во 1980-тите, што и овозможило на Франција одреден успех, особено со освојувањето на нивниот досега единствен златен медал во 1984 година.

Од 1992 турнирот е натпреварување на кое учествуваат репрезентации составени од играчи до 23 години, што ги прави олимписките квалификации на Франција зависни од резултатите на репрезентацијата под 21 година. Така, французите останале долго без учество на една Олимпијада, а чекањето било прекинато во 2020, кога тие се вратиле на олимписката сцена по 24-годишно отсуство.

Историја

уреди

Францускиот олимписки тим го направил своето деби на Игри во Лондон во 1908 година, заземајќи го местото на нивниот претходник Клуб Франсе, кој освоил сребро на Олимпијадата во Париз 1900. За волја на вистината, на Олимписките игри во 1908 година учествувале со две екипи: покрај олимписката, била пријавена и националната репрезентација. И двете биле поразени и елиминирани од Данска.

За време на 1948 Франција ја победила Индија со 2-1, но била елиминирана потоа во четвртфиналето од Велика Британија со 1-0. На Олимпијадата 1952 година во Хелсинки тие биле елиминирани после нивниот прв натпревар, откако загубиле со 2-1 од Полска, иако први постигнале гол. На Игри во Рим тие се соочиле со Перу (победа со 2-1), Индија (1-1) и Унгарија во нивната група. Последните го заземале првото место во групата, кое водело во полуфиналето, со еден бод предност во однос на Франција, која морала да победи за да го продолжи своето учество на натпреварувањето. Наместо тоа, натпреварот завршил со најкатастрофалниот пораз за Франција во историјата на нивната олимписка репрезентација, откако Унгарија победила со 7-0.

На Игрите во Мексико Сити тие биле на врвот на својата група како првопласирани, победувајќи ги Гвинеја со 3-1 и Мексико со 4-1. Единствениот пораз бил од Колумбија со 2-1. Откако стигнале до четвртфиналето, Франција била елиминирана после поразот со 3-1 од Јапонија. На Игрите во 1976 ја минале својата група без пораз, ремизирајќи 1-1 против Израел и победувајќи ги Мексико и Гватемала со 4-1. Патувањето завршило со пораз од 4-0 во четвртфиналето од Источна Германија.

Во 1984 година на Игрите во Лос Анџелес тие биле повторно на врвот во групата ремизирајќи 2-2 против Катар и 1-1 против Чиле и победувајќи со 2-1 против Норвешка. Во четвртфиналето го победиле Египет со 2-0, а потоа по продолженија биле подобри од Југославија со 4-2. Конечно, Франција за првпат го освоила олимпиското злато победувајќи го Бразил со 2-0 во финалето.

На Олимпијадата во Атланта 1996 веќе стапило на сила новото правило за играчи во националните тимови, кое дозволувало максимум тројца играчи над 23 години. За време на тие Олимписки игри, Франција не ја искористила оваа можност: во групата ремизирала 1-1 против Шпанија, ја победила Саудиска Арабија со 2-1 и Австралија со 2-0. Откако ја минале првата фаза, тие се соочиле со Португалија во четвртфиналето, ремизирајќи 1-1 во регуларното време, но биле елиминирани по продолженија по златниот гол од Жозе Каладо пред крајот на првото продолжение.

По дваесет и пет години отсуство од Олимпијадата, француската репрезентација повторно учествувала на турнирот во 2021 година на Игрите во Токио: исклучително максималната возраст на играчите била зголемена на 24 години, како резултат на одложувањето на Олимпијадата за една година поради пандемијата на КОВИД-19. Франција се одлучила за главно експериментална формација, која на крајот се покажала дека не е дорасната за конкуренцијата. Се разговарало за отсуството на Килијан Мбапе, откако тој станал светски шампион три години порано на Светското првенство во Русија 2018 и спаѓал во возрасната група до 24 години: и покрај желбата на играчот да учествува, неговиот матичен клуб во тоа време, Париз Сен Жермен му ја ускратил можноста.[1] Како француски играчи надвор од пропишаната возраст кој учествувале на овој турнир биле Андре-Пјер Жињак и Тежи Савание. И двајцата успеале да постигнат голови: Жињак постигнал гол во поразот од 4-1 против Мексико и хет-трик против Јужна Африка. Во истиот натпревар Савание го постигнал својот погодок за конечните 4-3 за Франција, која сепак била елиминирана по поразот од Јапонија со 4-0.

Учества и резултати на Олимписките игри

уреди
Летни олимписки игри Квалификации
Година Рунда Место ОН П Н И ДГ ПГ Состав ОН П Н И ДГ ПГ
  1900 Вицешампион 2-ро 2 1 0 1 6 6 Состав Се квалификувале како домаќини
  1904 Не учествувале Не учествувале
  1908 Полуфинале 5-то 2 0 0 2 1 26 Состав Поканети
  1912 Се повлекле Поканети
  1920 Полуфинале 4-то 2 1 0 1 4 5 Состав Поканети
  1924 Четвртфинале 5-то 2 1 0 1 8 5 Состав Се квалификувале како домаќини
  1928 Прва фаза 9-то 1 0 0 1 3 4 Состав Поканети
  1936 Не учествувале Не учествувале
  1948 Четвртфинале 5-то 2 1 0 1 2 2 Состав Поканети
  1952 Прелиминарна фаза 17-то 1 0 0 1 1 2 Состав Поканети
  1956 Не учествувале Не учествувале
  1960 Прва фаза 5-то 3 1 1 1 3 9 Состав 4 3 0 1 7 6 1960
  1964 Не се квалификувале 2 0 0 2 2 8 1964
  1968 Четвртфинале 5-то 4 2 0 2 9 7 Состав 4 2 2 0 8 2 1968
  1972 Не се квалификувале 6 3 1 2 11 9 1972
  1976 Четвртфинале 5-то 4 2 1 1 9 7 Состав 4 3 0 1 11 5 1976
  1980 Не се квалификувале Не се квалификувале 1980
  1984 Златен медал 1-во 6 4 2 0 13 6 Состав 6 4 2 0 9 3 1984
  1988 Не се квалификувале 8 1 3 4 9 16 1988
  1992 Европско првенство за играчи под 21 година 1992
  1996 Четвртфинале 5-то 4 2 1 1 6 4 Squad 1996
  2000 Не се квалификувале 2000
  2004 2004
  2008 2008
  2012 2012
  2016 2016
  2020 Групна фаза 13-то 3 1 0 2 5 11 Состав 2020
  2024 TBD TBD 3 3 0 0 7 0 Состав Се квалификувале како домаќини 2024
  2028 to be determined to be determined
Вкупно 2 медали 13/27 36 16 5* 15 61 94 34 16 8 10 57 49 Вкупно

Играчи

уреди

Моментален состав

уреди

Летни олимписки игри 2024

Бр. Поз. Играч Год. Настапи Голови Клуб
1 ГМ Обед Нкамбадио 7 февруари 2003(2003-02-07)(21 г.) 2 0     ФК Париз
2 ОД Кастело Лукеба 17 декември 2002(2002-12-17)(21 г.) 7 0     РБ Лајпциг
3 ОД Адријан Труфер 20 ноември 2001(2001-11-20)(22 г.) 7 0     Рен
4 ОД Лоик Баде 11 април 2000(2000-04-11)(24 г.) 5 1     Севиља
5 ОД Килијан Силдилија 16 мај 2002(2002-05-16)(22 г.) 7 1     Фрајбург
6 СР Ману Коне 17 мај 2001(2001-05-17)(23 г.) 7 0     Б. Менхенгладбах
7 НП Мајкл Олисе 12 декември 2001(2001-12-12)(22 г.) 6 4     Бајерн Минхен
8 СР Магнес Аклиуш 25 февруари 2002(2002-02-25)(22 г.) 7 1     Монако
9 НП Арно Калимуендо 20 јануари 2002(2002-01-20)(22 г.) 7 3     Рен
10 НП Александар Лаказет   28 мај 1991(1991-05-28)(33 г.) 5 3     Олимпик Лион
11 СР Дезире Дуе 3 јуни 2005(2005-06-03)(19 г.) 8 3     Рен
12 СР Енцо Мило 17 јули 2002(2002-07-17)(22 г.) 6 1     Штутгарт
13 СР Жорис Шотар 24 септември 2001(2001-09-24)(23 г.) 6 0     Монпелје
14 НП Жан-Филип Матета 28 јуни 1997(1997-06-28)(27 г.) 5 3     Кристал Палас
15 ОД Бредли Локо 6 мај 2002(2002-05-06)(22 г.) 4 0     Брест
16 ГМ Гијом Рест 11 март 2005(2005-03-11)(19 г.) 6 0     Тулуза
17 ОД Сунгуту Магаса 8 октомври 2003(2003-10-08)(21 г.) 4 0     Монако
18 НП Рајан Шерки 17 август 2003(2003-08-17)(21 г.) 6 2     Олимпик Лион
19 ОД Крислен Матсима (2002-05-19)19 мај 2002 (воз. 22) 3 0     Клермон
20 СР Анди Диуф (2003-05-17)17 мај 2003 (воз. 21) 4 1     Ланс
21 СР Јохан Лепенан (2002-10-22)22 октомври 2002 (воз. 21) 1 0     Олимпик Лион
22 ГМ Тео Де Персен (2001-02-02)2 февруари 2001 (воз. 23) 0 0     Осер

Наводи

уреди
  1. „Paris Saint-Germain don't want Mbappe to compete at the Tokyo Olympics“. Marca.

Надворешни врски

уреди