Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година 2015


УЕФА Европското првенство за играчи под 21 година - 2015 било 20-тото Европско првенство за играчи под 21 година, фудбалско натпреварување кое се одржува на секои две години за репрезентациите за играчи под 21 година, организирано од страна на УЕФА. Завршниот турнир ќе биде одржан во Чешка од 17-30 јуни 2015 година, откако нивната понуда била избрана од страна на Извршниот комитет на УЕФА на 20 март 2012 година во Истанбул, Турција.[1]

Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година 2015
УЕФА Европско првенство за играчи под 21 година - 2015
Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година 2015
Општо за првенството
Домаќин(и) Чешка Чешка
      градови 8
      стадиони 4
Период на оддржување 17 јуни30 јуни 2015
Број на учесници 8
Распределба на медалите
Gold medal.svg Шампион Шведска Шведска
Silver medal.svg Второ место Португалија Португалија
Bronze medal.svg Трето место Данска Данска
Германија Германија
Статистички податоци за првенството
Посетеност 144.127  (9.608 по натпревар)
Одиграно натпревари 15
Дадено голови 37  (2.47 по натпревар)
Најдобар стрелец Чешка Јан Климент (3 гола)
2013
2017

Педесет и две репрезентации учествувале во квалификациите, кои се одвивале помеѓу март 2013 и октомври 2014 година, за да се добијат седумте земји кои му се приклучиле на финалниот турнир на домаќинот. Фудбалерите родени на или по 1 јануари 1992 година, имаат право да учествуваат на турнирот.[2]

Бранител на титулата требало да биде Шпанија, која ја обезбедила својата втората последователна титула со победата над Италија со 4-2 на претходното првенство во 2013 година во Израел. Сепак, Шпанија не била во можност да ја брани својата титула, бидејќи биле елиминирани од страна на Србија во квалификацискиот-бараж.

Во финалето, играно на Еден Арена во Прага, Шведска ја победила Португалија со 4-3 на пенали, откако по 120 минути игра натпреварот завршил 0-0. Притоа, шведската репрезентација ја освоила својата прва титула во ова натпреварување, откако претходно загубиле во финалето во 1992, обезбедувајќи ја првата титула во младинските натпреварувања организирани од УЕФА.

Со пласманот во полу-финалето, Данска, Германија, Португалија и Шведска, исто така, се квалификувале за Летните олимписки игри 2016, кој ќе се одржат во Бразил.[3]

КвалификацииУреди

Квалификациите за завршниот турнир на Европско првенство за играчи под 21 година - 2015 се состоел од два круга: групна фаза и бараж. Ждрепката за групната фаза се одржала на 31 јануари 2013 година во Нион, Швајцарија, каде 52 национални тимови биле поделени во десет групи со по пет или шест екипи. Секоја група се одиграла по двоен Бергеров систем, каде што репрезентациите играат едни против други двапати, дома и на гости. Десетте репрезентации победници на групите и четирите најдобри второпласирани репрезентации се пласирале во бараж-двомечот. Седумтте победници од баражите му се приклучиле на домаќинот Чешка на завршниот турнир.[4]

Квалификувани репрезентацииУреди

Во табелата се наоѓаат квалификуваните репрезентации за завршницата на Европско првенство за играчи под 21 година - 2015 :

Држава Квалификувана како Претходни учества на турнирот1
само во У-21 ерата (од 1978)
  Чешка Домаќин 11 (19785, 19805, 19885, 19905, 19925, 19945, 1996, 2000, 2002, 2007, 2011)
  Данска Победник во баражот (против Исланд) 5 (1978, 1986, 1992, 2006, 2011)
  Англија Победник во баражот (против Хрватска) 12 (1978, 1980, 1982, 1984, 1986, 1988, 2000, 2002, 2007, 2009, 2011, 2013)
  Германија Победник во баражот (против Украина) 11 (19822, 19842, 19882, 19902, 1992, 1996, 1998, 2004, 2006, 2009, 2013)
  Италија Победник во баражот (против Словачка) 17 (1978, 1980, 1982, 1984, 1986, 1988, 1990, 1992, 1994, 1996, 2000, 2002, 2004, 2006, 2007, 2009, 2013)
  Португалија Победник во баражот (против Холандија) 6 (1994, 1996, 2002, 2004, 2006, 2007)
  Србија Победник во баражот (против Шпанија) 8 (19783, 19803, 19843, 19903, 20044, 20064, 2007, 2009)
  Шведска Победник во баражот (против Франција) 6 (1986, 1990, 1992, 1998, 2004, 2009)
1 Болд буквите укажуваат на шампионот за таа година. Италик укажува на домаќинот на турнирот.

СтадиониУреди

Натпреварувањето ќе биде одржано на четири стадиони во три града домаќини: Еден Арена и Генерали Арена (во Прага), Стадионот Андрув (во Оломуц), и Стадионот Мирослава Валенти (во Ухерске Храдиште).[5]

Прага Оломуц Ухерске Храдиште
Еден Арена Генерали Арена Стадион Андрув Стадион Мирослава Валенти
50°4′3″N 14°28′18″E / 50.06750° СГШ; 14.47167° ИГД / 50.06750; 14.47167 (Еден Арена) 50°5′59.3″N 14°24′57.3″E / 50.099806° СГШ; 14.415917° ИГД / 50.099806; 14.415917 (Генерали Арена) 49°36′0″N 17°14′54″E / 49.60000° СГШ; 17.24833° ИГД / 49.60000; 17.24833 (Стадион Андрув) 49°3′56″N 17°28′17.3″E / 49.06556° СГШ; 17.471472° ИГД / 49.06556; 17.471472 (Стадион Мирослава Валенти)
Капацитет: 20,800 Капацитет: 19,784 Капацитет: 12,566 Капацитет: 8,121
       

СудииУреди

Шест судии од шест различни земји ќе ја делат правдата на натпреварите од турнирот:

Земја Судија Помошници Дополнителни асистенти судии
  Франција Клеман Тирпен Frédéric Cano
Nicolas Danos
Fredy Fautrel
Nicolas Rainville
  Грција Анастасиос Сидиропулос Damianos Efthymiadis
Polychronis Kostaras
Michael Koukoulakis
Stavros Tritsonis
  Холандија Дани Макели Mario Diks
Hessel Steegstra
Kevin Blom
Jochem Kamphuis
  Полска Шимон Марцињак Paweł Sokolnicki
Tomasz Listkiewicz
Paweł Raczkowski
Tomasz Musial
  Русија Сергеј Карасев Anton Averyanov
Tikhon Kalugin
Sergey Lapochkin
Sergey Ivanov
  Шпанија Хавиер Естрада Фернандес Miguel Martínez Munuera
Teodoro Sobrino Magán
Alejandro Hernández Hernández
Jesús Gil Manzano

НосителиУреди

Ждрепката за завршниот турнир се одржала на 6 ноември 2014 со почеток во 18:00 ЦЕВ, во Хотелот Кларион Конгрес во Прага. Англија, како највисоко рангиран тим според коефициентот на УЕФА, заедно со репрезентацијата-домаќин, Чешка, биле автоматски постевени во одделни групи. Второ и трето рангираните екипи според коефициентот на УЕФА, Италија и Германија, исто така, биле извлечени во различни групи, додека четирите екипи кој биле не-носители, биле извлечени во последниот шешир со што се пополниле останатите две места во двете групи.[2][6]

Први носители Втори носители Не-носители

СоставиУреди

Секоја репрезентација треба да достави список од 23 играчи, од кој тројца мораат да бидат голмани. Ако некој играч е повреден или болен доволно сериозно за тоа да го спречи неговото учество на турнирот пред првиот натпревар на неговиот тим, тој може да биде заменет со друг играч.[2]

Фаза по групиУреди

 
Финалистите на УЕФА Европско првенство за играчи под 21 година - 2015.

Осумте финалисти биле поделени со ждрепка во две групи од по четири екипи. Домаќинот Чешка биле избрани во групата А, додека Англија, како најдобро рангиран тим според коефициентот за пласман на УЕФА, биле избрани во групата Б. Во секоја група, тимови ќе играат натпревари едни против други во Round-Robin систем, и првите две екипи ќе се пласираат во полуфиналето.[7][8]

Официјалниот распоред на натпреварите бил објавен од УЕФА на 10 ноември 2014,[9] и потврден на 2 декември 2014.t[10][11]

Ист број на бодовиУреди

Ако две или повеќе репрезентации имаат еднаков број на бодови точки по завршувањето на натпреварите од групата, се применуваат следниве критериуми:[2]

  1. Поголем број на бодови од меѓусебните натпревари помеѓу екипите кој се во прашање;
  2. Подобра гол-разлика како резултат на натпревари помеѓу екипите кој се во прашање;
  3. Поголем број на постигнати голови во натпревари помеѓу екипите се во прашање;

Ако, откако ќе се применат критериумите 1-3, екипите се уште имаат еднаков пласман, критериумите 1-3 повторно ќе бидат применети но сега ќе се вклучат сите одиграни натпревари од групата не само оние меѓусебните. Ако оваа постапка не доведе до одлука, се применуваат критериумите 4-6.

  1. Подобра гол-разлика во сите натпревари во групата;
  2. Поголем број на постигнати голови во сите натпревари во групата;
  3. Подобар коефициент во пласманот на УЕФА под 21 година, кој се користи ако две екипи се тотално изедначени.

Ако само два тима се изедначени (според критериумите 1-5) после последниот натпревар од групната фаза, нивниот пласман ќе биде утврдени со изведување на пенали .

Група AУреди

Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.   Данска 6 3 2 0 1 4 4 0
2.   Германија 5 3 1 2 0 5 2 +3
3.   Чешка 4 3 1 1 1 6 3 +3
4.   Србија 1 3 0 1 2 1 7 -6





Група БУреди

Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.   Португалија 5 3 1 2 0 2 1 +1
2.   Шведска 4 3 1 1 1 3 3 0
3.   Италија 4 3 1 1 1 4 3 +1
4.   Англија 3 3 1 0 2 2 4 -2





Нокаут фазаУреди

Во нокаут фазата, продолженијата и пеналите ќе го одлучуваат победникот доколку е неопходно.[2]

BracketУреди

Полуфинале Финале
27 јуни – Прага
   Данска 1  
   Шведска 4  
 
30 јуни – Прага
       Шведска 0 (4)
     Португалија 0 (3)
27 јуни – Оломуц
   Португалија 5
   Германија 0  

ПолуфиналеУреди


ФиналеУреди

ПобедникУреди

Победник на Европско првенство за играчи под 21 година - 2015

 
Шведска
1. титула

Листа на стрелци[12]Уреди

Гол Пенали Играч Клуб
3 0   Јан Климент   Чешка
2 0   Кевин Фоланд   Германија
2 0   Марко Бенаси   Италија
2 0   Жоао Марио   Португалија
2 0   Симон Тиблинг   Шведска
2 1   Џон Гвидети   Шведска
1 0   Расмус Фалк   Данска
1 0   Виктор Фишер   Данска
1 0   Пионе Систо   Данска
1 0   Јаник Вестергор   Данска
1 0   Уфе Бех   Данска
1 0   Емре Џан   Германија
1 0   Матијас Гинтер   Германија
1 0   Нико Шулц   Германија
1 0   Џеси Лингард   Англија
1 0   Нејтан Редмонд   Англија
1 1   Доменико Берарди   Италија
1 0   Андреа Белоти   Италија
1 0   Бернардо Силва   Португалија
1 0   Иван Кавалеиро   Португалија
1 0   Рикардо   Португалија
1 0   Рикардо Орта   Португалија
1 0   Гонсало Пасиенсија   Португалија
1 0   Мартин Фридек   Чешка
1 0   Павел Кадерабек   Чешка
1 0   Ладислав Крејчи   Чешка
1 0   Филип Ѓуриќиќ   Србија
1 0   Робин Кваизон   Шведска
1 0   Оскар Хиљемарк   Шведска
1 1   Исак Кисе Телин   Шведска

АмбасадорУреди

Поранешниот играч од средниот ред на чешката репрезентација Павел Недвед е амбасадор на турнирот.[13]

НаводиУреди

  1. UEFA.com (20 март 2012). "Czech Republic to host 2015 Under-21 finals". Соопштение за печат.  посет. 6 април 2012 г
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Regulations of the UEFA European Under-21 Championship 2013–15“ (PDF). UEFA.com. конс. 18 October 2014. 
  3. „QUALIFICATION SYSTEM – GAMES OF THE XXXI OLYMPIAD – RIO 2016 Original“ (pdf). Comité Olímpico Portugal. 23 April 2014. конс. 22 January 2015. 
  4. UEFA (31 јануари 2011). "Spain learn fate in U21 qualifying draw". Соопштение за печат.  посет. 1 февруари 2013 г
  5. „Česko v roce 2015 uspořádá šampionát fotbalistů do 21 let“. Mladá fronta DNES (Czech). 20 March 2012. конс. 27 March 2014. 
  6. „Final tournament draw“. UEFA. 6 November 2014. конс. 8 November 2014. 
  7. „Competition format“. UEFA.com. Union of European Football Associations (UEFA). конс. 18 October 2014. 
  8. „Czechs paired with Germany, Denmark and Serbia“. UEFA.com. Union of European Football Associations (UEFA). конс. 6 November 2014. 
  9. „Provisional schedule for Under-21 finals“. UEFA.com. 10 November 2014. 
  10. „Confirmed schedule for Under-21 finals“. UEFA.com. 2 December 2014. 
  11. [htp://www.uefa.com/MultimediaFiles/Download/competitions/Draws/02/19/06/01/2190601_DOWNLOAD.pdf „Confirmed U21 2015 finals match schedule“] (PDF). UEFA.com. 
  12. uefa.com (уред.). „Statistiche giocatori dai sito it.uefa.com“. конс. 23 јуниo 2015. 
  13. „The ambassador: Pavel Nedvěd“. UEFA.com. 

Надворешни врскиУреди