Википодатоци

слободна база на податоци што секој може да ја уредува

Википодатоци (англиски: Wikidata) — проект за соработно уредување на база на податоци за Википедија. Проектот го започнала Викимедија Германија со намера да овозможи заеднички извор на извесни видови податоци како датуми на раѓање, класа на заверени податоци, што ќе се користат на сите јазични изданија на Википедија.[1] Ова е прв нов проект на Фондацијата Викимедија од 2006 наваму.[2]

Википодатоци
Wikidata
Лого на Википодатоци
Главната страница на Википодатоци на македонски јазик
Вид место
база на знаења, вики
Достапно наповеќејазично
СопственикФондација Викимедија
СоздавачВикимедиина заедница
Адресаwww.wikidata.org
Комерцијалноне

Разработката на проектот е поддржана со приложени средства од Аленовиот институт за вештачка интелигенција, Фондацијата Гордон и Бети Мур и Google, Inc., во вкупен износ од 1,3 милиони евра.[3][4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Револуција во податоците на Википедија“. Викимедија Германија. 30 март 2012. Архивирано од изворникот на 2012-10-23. Посетено на 11 септември 2012. (англиски)
  2. Рот, Метју (30 март 2012). „Податочната револуција на Википедија“. Фондација Викимедија. Архивирано од изворникот на 2012-10-19. Посетено на 11 септември 2012. (англиски)
  3. Диксон, Бунсри (30 март 2012). „Пол Ален вложи во обемен проект за подобрување на Википедија“. Business Insider. Архивирано од изворникот на 2012-12-13. Посетено на 11 септември 2012. (англиски)
  4. Перес, Сара (30 март 2012). „Новиот голем потфат на Википедија: Википодатоци, машински-читлива, кориснички-уредлива база на податоци финансирана од Google, Пол Ален и други“. TechCrunch. Архивирано од изворникот на 2012-10-05. Посетено на 11 септември 2012. (англиски)

Надворешни врски

уреди