Преведувач (англиски: The Interpreter) е американски филм од 2005 година, во режија на Сидни Полак.[1] Главните улоги ги играат: Никол Кидман и Шон Пен.

Сидни Полак

Содржина

уреди

Силвија Брум (ја игра Кидман) е африкански емигрант, вработена како преведувач во Обединетите нации. Еден од јазиците кои ги зборува е Ку, дијалект што се зборува во нејзината татковина Матобу. Еден ден, при вообичаена рутинска проверка на посетителите, Силвија ќе наслушне човек кој зборува на дијалектот Ку и кој изговара нешто („Учителот нема да излезе жив од собава“) што може да се протолкува како закана со смрт за еден африкански претседател. Таа ја пријавува заканата и со тоа самата станува мета на убијците, така што ѝ е одреден федералниот агент Тоби Келер да ја заштитува. Меѓутоа, воден од своето искуство на интриги и заговори, Тоби започнува да се сомнева во секого, вклучувајќи ја и Силвија.[2] [3] [4]

Наводи

уреди
  1. Pollack, Sydney (2005-04-22), The Interpreter, Universal Pictures, Working Title Films, Misher Films, Посетено на 2022-01-30
  2. „Преведувач“, Антена, број 881, 15.5.2015, стр. 18.
  3. „Преведувач“, Антена, број 882, 22.5.2015, стр. 17.
  4. „Преведувач“, Антена, број 886, 19.6.2015, стр. 15.