Кански филмски фестивал

филмски фестивал што се одржува секоја година во Кан, Франција

Кански фестивал (француски: Festival de Cannes) — прочуен филмски фестивал основан во 1946 година кој се одржува во градот Кан, јужна Франција. Претставува еден од најстарите и најпрестижни филмски фестивали на светско ниво. Фестивалот се одржува еднаш годишно (вообичаено во мај) во Палатата на фестивалите и конгресмените. До 2002 година бил познат како Меѓународен филмски фестивал (француски: Festival international du film)[1].

Кански филмски фестивал
Податотека:Festival de Cannes logo.svg
МестоположбаКан, Франција
Основан20 септември 1946
НаградиЗлатна палма, Гран при
Мрежно местоfestival-cannes.com Уредете го ова на Википодатоците

Канскиот филмски фестивал во 2017 година, 70-годишниот јубилеј, се одржал од 17 до 29 мај 2017 година. Претседател на жирито бил Педро Алмодовар, а филмот „Плоштад“, во режија на Рубен Естлунд, ја освоил наградата[2].

Историја

уреди

Први години

уреди
 
Поглед кон Кан
 
Канскиот црвен килим
 
Кански фестивал
 
Фотографирање на фестивалот

Кон крајот на 1930 година , не можејќи повеќе да го поднесе мешањето на фашистичките влади на Германија и Италија во изборот на филмовите за Венецијанскиот филмски фестивал[3], Францускиот министер за образование, Жан Зеј на предлог на Филип Ерланжер и со поддршка од Британците и Американците одлучува да создаде меѓународен кинематографски фестивал во Франција. Многу француски градови како Виши, Бријац и Алжир биле предложени како домаќини на фестивалот, но на крајот градот Кан бил избран да биде домаќин на фестивалот, и со тоа Меѓународниот кански филмски фестивал бил основан.

Во јуни 1939 година, Луис Лумије се согласил да биде претседател на првото издание на фестивалот кој требало да се одржи од 1 до 30 септември 1939 година. Нападот на Германија врз Полска на 1 септември 1939 година и објавата на војна против Германија од страна на Франција и Велика Британија на 3 септември придонеле првото издание на фестивалот да заврши пред тоа да биде започнато[4]. Фестивалот повторно бил отворен по завршувањето на Втората светска војна во 1946 година. Финансиран од Министерството за надворешни работи на Франција и градот Кан, Канскиот филмски фестивал се одржува во Старото казино на градот Кан[5]. Иако првичната намена на фестивалот била да се натпреварува со италијанскиот филмски фестивал, двете држави потпишале договор да ги одржуваат своите интернационални фестивали наизменично. Првиот Кански фестивал постигнал значаен успех и кога француско-италијанскиот договор бил објавен во јавноста тој бил остро критикуван и со овој договор Франција ја потпишала својата капитулација.

Следната година (1947) фестивалот бил повторно одржан под името Кански филмски фестивал, иако во името не постоело меѓународен, филмови од 16 различни земји биле презентирани на фестивалот. Освен тоа бил воведен принципот на еднаквост со што секоја земја треба да има по еден претсавник во жирито. Исто така оваа година и покрај тоа што палатата не била целосно завршена, фестивалот бил одржан во Палатата на фестивалите, кој е изградена само за оваа намена.

Поради финансиски проблеми фестивалот не се одржал во 1948 и 1950 година и овие две години канскиот фестивал не претставувал закана за Венецијанскиот филмски фестивал. Во 1951 година односите помеѓу Франција и Италија се подобриле и како резултат на тоа било одлучено дека Канскиот филмски фестивал ќе се одржува на пролет додека Венецијанскиот останува да се одржува на есен[4].

1950-ти - 1960-ти

уреди

Во 1955 година била создадена Златна палма која ја заменила Гран при наградата на фестивалот која се доделувала сè до 1955 година како главна награда. Во 1957 година Долорес дел Рио станал првиот женски член на жирито на официјалната селекција. Во 1959 година основан е Пазар на филмот (Marché du film) давајќи му на фестивалот комерцијален карактер и со помош на овој пазар била олеснета соработката помеѓу продавачите и купувачите во филмската индустрија. Денес овој пазар претставува прва меѓународна платформа за филмска трговија.

Во 1962 година од страна на француската унија на филмски критичари била основана програмата „Недела на критиката“ (La Semaine Internationale de la Critique) како прва придружна програма на Канскиот фестивал. Таа имала за цел да ја прикаже работата на режисерите од целиот свет, притоа не подлегнувајќи на комерцијалните притисоци. 1965 година била година посветена на Жан Коктео, кој по неговата смрт бил прогласен за доживотен почесен претседател. Следната година Оливија де Хавиленд била прогласена за прва жена претседател на фестивалот.[6].

На 19 мај 1968 бил прекинат фестивалот од 1968 година. Некои режисери како Карлос Саура и Милош Форман ги повлекле своите филмови од фестивалот. На 18 мај режисерот Луј Мале заедно со една група режисери презеле голема просторија во Палатата на Фестивалите и го прекинале прикажувањето на филмовите во знак на солидарност на штрајкот на работниците и студентите во Франција,[7] и во знак на протест за иселувањето на тогашниот претседател на Француската кинематографија. Истата година режисерите успееле да го вратат претседастелот на функција и да ја основаат Организацијата на филмски режисери[8]. Во 1969 година Организацијата на филмски режисери предводена од Пјер-Анри Делуа ја основале програмата Кензен, нова не конкурентна програма која опфаќа селектирање на филмови од целиот свет кои се бираат независно од прикажаниот избор на филмови.

1970-ти - 1980-ти

уреди

За време на 1970 година биле воведени големи промени во рамките на фестивалот. Во 1972 година Роберт Фавре ла Бре бил именуван за нов претседател на фестивалот, додека пак Морис Беси бил именуван за управен директор. Тој веднаш ја вовел важната промена за изборот на филмови од земјите учеснички. Претходно одредени земји сами избирале кој филм ќе ги претставува на фестивалот. Беси создал една комисија која ќе ги избира Француските филмови и друга која ги бира странските филмови[9].

Во 1978 година претседател на фестивалот станал Жил Жакоб кој ја вовел наградата Златна камера и програмата „Извесен поглед“. Други поважни промени вклучувале: намалување на траењето на фестивалот на 13 дена и со тоа намалување на бројот на филмовите и воведување познати личности и професионалци од филмската индустрија.

Во 1983 година била создадена новата и поголема Палата на фестивалите и Конгересмените како домаќин на фестивалот. Изградбата на оваа палата т.н. Бункер предизвикало многу бурни реакции во јавноста[10]. Во 1984 година Пјер Вјот станал претседател на фестивалот заменувајќи го Роберт Фавре ла Бре.

1990-ти - денес

уреди

Пред 1995 година Жил Жакоб ја основал последната програма од официјалната селекција Цинефондасион[11]. Нејзината цел е да го поттикнува создавањето на филмови низ целиот свет и да им овоможи влез на младите таленти од областа на кинематографијата во кругот на познати личности. Програмата Цинефондатион била надополнета во 2002 година со програмата La Résidence и во 2005 година со програмата L'Atelier. Во меѓувреме, во 2000 и 2002 година тогашниот претседател Жил Жакоб официјално го променил името во Фестивал де Кан[12][13].

Програми

уреди

Канскиот филмски фестивал опфаќа повеќе програми[14].

* Официјална селекција – Главниот настан на фестивалот * Во конкуренција за златна палма Дваесет филмови влегуваат во конкуренција освојување за Златната палма. Овие филмови се прикажуваат во театарот Лумијер (Théâtre Lumière).

  • Особено поглед (Un Certain Regard)

во оваа програма учествуваат 20 филмови кои се избираат од блиски и далечни култури; филмовите треба да бидат оригинални и различни . Тие се прикажуваат во театарот Сал Дебиси .

  • Надвор од конкуренција за Златна Палма

Филмовите кои влегуваат во оваа категорија исто така се прикажуваат во театарот Лумијер меѓутоа овие филмови не се натпреваруваат за главната награда.

  • Специјални ефекти(специјални слајдови )
  • програмата Синефондасион

Околу 15 кратко и среднометражни филмови од училиштата за филмски уметности ширум светот се прикажуваат во театарот Сал Буњел.

  • Краткометражни филмови

Kраткометражните филмови кои влегуваат во конкуренција за добивање на златна палма за краткометражен филм се прикажуваат во театрите Сал Буњел и Сал Дебиси. За добивање на оваа награда се натпреваруваат околу 10 филмови. Придружни програми Овие програми се неконкурентски и се посветени на откривање на другите аспекти на филмот .

  • Кански класики

Со оваа програма се слави наследството на филмот со цел да се нагласат работи од минатото, претставени во сосема нови или подновени копии.

  • Ту ле синема ди монд

Ја покажува виталноста и разновидноста на филмовите ширум светот. Секој ден една од земјите е поканета да ја претсатви својата палета на долгометражни и краткометражни филмови во славењето на својата единствена култура ,идентитет и последните филмски дела.

Оваа награда се доделува на најдобриот прв филм на фестивалот кој се избира од дебитантските филмови , Официјалната селекција , Кензен програмата и селекцијата од недела на критиката

  • Цинема де ла Плаг

По програмата посветена на филмската музика на филмското платно кое беше поставено за широката публика на плажата Маке беа прикажувани Канските Класици како и филмовите кои не се натпреваруваа за добивање на главната награда. Други програми

  • Кензен програмата
  • Меѓународната недела на критиката

Настани

  • Пазарот на филмот

Најголемиот пазар на филмови во светот

  • Masterclasses

Oбјавени од страна на светски познатите режисери

  • Признанија

Со овие признанија меѓународно- реномирани уметници имаат можност да прикажат еден од своите филмови на фестивалот Тропе.

  • Мрежа на продукции

Mожност за склучување на договор за меѓународна копродукција.

  • Изложби

Секоја година еден уметник, филм или кинематографска шема станува фокус на изложбата која ја диверзифицира или илустрира програмата на настанот.

  • 60-годишнина

Настани организирани во 2007 година, посветени на 60-годишнината од фестивалот.

Жири

уреди

Пред почетокот на секој настан управниот одбор на фестивалот ги назначува членовите на жирито кои треба самостојно да одлучат кој филм треба да ја добие главната награда на Канскиот филмски фестивал. Членовите на жирито се избираат од широкиот спектар на меѓународни уметници врз основа на нивната досегашна работа и стекнатата почит од страна на своите колеги.

  • Играни филмови

Интернационалното жири кое е составено од претседател и различни уметници или филмски личности треба да одлучи кој ќе ја добие наградата за најдобар игран филм во конкуренција за добивање на златна палма .

  • Cinéfondation и кратки филмови

Жирито е составено од Претседател и четири филмски личности . Ова жири ја доделува наградата Златна палма за краткометражен филм , како и наградите за трите најдобри филмови на Cinéfondation.

  • Програмата извесен поглед

Жирито е составено од претседател, новинари, студенти на филмски уметности и индустриски професионалци. Ова жири ја доделува наградата за извесен поглед за најдобар филм а покрај тоа дава почести и на други два филма .

  • Camera d'Or

Жирито е составена од претседател, филмските режисери, техничари и француски и странски критичари. Тие ја доделуваат наградата за најдобар дебитански филм во која било програма.

Награди

уреди
 
Наградатс Palme d'Or на филмот Апокалипса денес од Кански филмски фестивал 1979
 
Во 2013, Адел Егзархопулос и Леа Седу добиле наградата Palme d'Or за Сината е најтоплата боја

Најпрестижната награда која се доделува Канскиот фестивал е Златна палма за најдобар филм Во конкуренција за златна палма:

  • Златна палма
  • Гран-при- главната награда на фестивалот
  • Награда на жирито
  • Најдобар краток филм
  • Награда за најдобра женска улога
  • Награда за најдобра машка улога
  • Награда за режија
  • награда за сценарио

Други награди

  • Награда која се доделува на младите таленти , нови и смели работи
  • награда која се доделува за најдобрите филмови направени од страна на студентите на филмски уметности студентите
  • Златна камера за - награда за најдобар дебитански долгометражен филм .

Награди кои се доделуваат од страна на независни субјекти

  • Награда доделена од страна на меѓународната федерација на филмски критичари
  • Награда која се доделува на техничкиот уметник од ЦСТ
  • Награда која ја доделува меѓународната недела на критиката
  • Награда на екуменското жири.
  • Награда за најдобрата изведба на канскиот фестивал
  • Награда која се доделува на филмовите со хомосексуална содржина.

Влијание

уреди

Фестивалот игра важна улога во прикажувањето на Европскиот филм. Џил Форбс и Сара Стрит изјавиле за European Cinema: An Introduction дека: „Кан стана исклучително важен за критичките и комерцијалните интереси и за европските обиди да ги продадат своите филмови врз основа на нивниот уметнички квалитет“. Форбс и Стрит истакнуваат дека Канскиот заедно со другите фестивали како Венцискиот и Берлинскиот им нудат можност да прикажат одредена слика од својата земја преку филмот и им укажува на нациите дека Европското кино е кино на уметноста.

Како надололнување на претходно кажаното, присуството на голем број медиуми и познати личности на фестивалот им овозможуваат на филмските продуценти да ја прикажат својата работа и да се обидат да ја продадат на дистрибутерите од целиот свет.

Наводи

уреди
  1. „Presentation of the Palais“. palaisdesfestivals.com. Посетено на 31 May 2017.
  2. „Cannes 2017: Ruben Östlund's The Square wins the Palme d'Or“. theguardian.com. Посетено на 31 May 2017.
  3. „First Cannes Film Festival“. history.com. Архивирано од изворникот на 27 December 2013.
  4. 4,0 4,1 „1938–1951: The birth of the Festival“. fresques.ina.fr. Посетено на 28 May 2017.
  5. „1st Cannes Film Festival“. Архивирано од изворникот на 20 October 2013. Посетено на 20 October 2013.
  6. „Honoring the Female Trailblazers of Cannes /2. Dolores del Río“. harpersbazaar.com. Посетено на 31 May 2017.
  7. „1968 Cannes Festival“. cannes-fest.com. Посетено на 28 May 2017.
  8. „The Fortnight in action“. quinzaine-realisateurs.com. Архивирано од изворникот на 2017-05-15. Посетено на 28 May 2017.
  9. „1972 – Tout le monde il est beau, tout le monde il est gentil“. cannes-fest.com. Посетено на 28 May 2017.
  10. „1983 – Le Festival blessé“. Cannes-fest.com archive. Посетено на 28 May 2017.
  11. „Presentation“. Cinéfondation. Архивирано од изворникот на 2017-05-29. Посетено на 28 May 2017.
  12. „1987–1996: The first Palme d'Or for a woman director“. fresques.ina.fr. Посетено на 28 May 2017.
  13. „1997-today: The Festival enters a new century“. fresques.ina.fr. Посетено на 28 May 2017.
  14. „Festival de Cannes – Official Site“. Посетено на 28 May 2017.

Литература

уреди
Книги

Медија

уреди

Надворешни врски

уреди