Очи широко затворени

Очи широко затворени (англиски: Eyes Wide Shut) е драма од 1999 година, во режија на Стенли Кјубрик, кој исто така се јавува и како продуцент. Филмот е заснован на новелата Новела за сонот од Артур Шницлер. Овој филм е воедно и последниот филм на Кјубрик. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Том Круз, Никол Кидман и Сидни Полак.

„Очи широко затворени
Eyes Wide Shut
Промотивниот плакат на филмот
РежисерСтенли Кјубрик
ПродуцентСтенли Кјубрик
СценаристНовела:
Артур Шницлер
Сценарио:
Стенли Кјубрик
Фредерик Рафаел
Главни улогиТом Круз
Никол Кидман
МузикаЏозелин Пук
КинематографијаЛери Смит
МонтажаНигел Галт
ДистрибутерWarner Bros.
Премиера16 јули 1999
Времетраење159 минути
ЗемјаВелика Британија / САД
ЈазикАнглиски
Буџет65 милиони долари
Бруто заработка55.691.208 $ (домашни)
160.637.680 $ (од светот)

Синопсис

уреди

Приказната се одвива во Њујорк и ја следи неверојатната авантура на д-р Бил Харфорд (го игра Том Круз), кој е шокиран откако неговата сопруга Алис (ја игра Никол Кидман) му кажува дека пред една година размислувала за неверство. Една ноќ, ненадејно тој е втурнат во оргија во која учесниците се под маски.[1][2]

Наводи

уреди
  1. Антена, број 843, 22.8.2014, стр. 15.
  2. Антена, број 851, 18.10.2014, стр. 22.

Надворешни врски

уреди