Убивањето на светиот елен

„Убивањето на светиот елен“ (англиски: The Killing of a Sacred Deer) — ирско-британски филм од 2017 година, во режија на Јоргос Лантимос (Yorgos Lanthimos), које и автор на сценариото, заедно со Ефтимис Филипу (Efthymis Filippou), засновано врз трагедијата на Еврипид, „Ифигенија во Авлида“. Главните улоги ги играат: Никол Кидман, Колин Фарел, Бери Коуган (Barry Keoghan) и и Рафи Касиди (Raffey Cassidy).[1] На Канскиот фестивал, филмот ја освоил наградата за најдобро сценарио.[2]

Синопсис уреди

Д-р Ствен Марфи (го игра Фарел) е ценет кардиохирург кој има идиличен семеен живот. По смртта на еден негов пациент, д-р Марфи се зближува со неговиот син Мартин (го игра Коуган). Тие си разменуваат подароци, а во една прилика д-р Марфи го кани Мартин дома, каде во него се вљубува ќерката на докторот. Наеднаш, без никаква причина, синот на д-р Марфи се парализира. Тогаш, Мартин му кажува на докторот дека го смета за одговорен за смртта на татко му и поради тоа ќе му се одмазди така што ќе ги убие сите членови на неговото семејство. И навистина, набргу, и ќерката на д-р Марфи се парализира. Лекарскиот тим не може да ја утврди причината за необичната болест на децата. Докторот ѝ кажува на својата сопруга, која открива дека д-р Марфи бил виновен за смртта на Мартин зашто бил пијан за време на оперцијата. За да ја спречи смртта на децата, докторот го киднапира Мартин и почнува да го мачи, но неговата сопруга го ослободува. Најпосле, кога станува јасно дека синот ќе умре, д-р Марфи одлучува да ја спречи трагедијата: Тој го убива својот син и со тоа се прекинува проклетството, а неговата ќерка оздравува. Во последната сцена на филмот, семејството Марфи јаде во една кафетерија. Таму влегува Мартин и тогаш семејството Марфи ја напушта кафетеријата при што ќерката на докторот и Мартин цело време гледаат еден во друг.

Наводи уреди