Догвил
„Догвил“ (Dogville) — филм на режисерот Ларс фон Триер од 2003 година. Главните улоги ги играат: Никол Кидман, Лорен Бекол, Жан-Марк Бар, Џејмс Кан.[1]
Синопсис
уредиДоцна во ноќта, во близината на едно мало рударско место, Том (го игра Бетани) слуша пукотници, а потоа ја среќава непознатата убава жена, Грејс (ја игра Кидман). Тогаш, во местото пристигаат гангстери кои ја бараат Грејс, но Том ја сокрива при што ја зема визит-картичката на шефот на гангстерите. Том ги убедува жителите да ја кријат Грејс, а за возврат таа ќе им помага во работата. На почетокот, сите ја одбиваат нејзината помош, но постепено ја прифаќаат Грејс и гласаат таа да остане во местото. По некое време, во Догвил пристига полицијата, која нуди награда за Грејс и тогаш жителите бараат таа да работи уште повеќе. За време на прославата на празникот 4 јули, во местото пак доаѓа полиција, а еден од жителите ја користи приликата и ја силува Грејс. Оттогаш, Грејс е подложена на сурово измачување. Во договор со Том, таа се обидува да побегне, но возачот на камионот ја силува, а потоа ја враќа во Догвил. Таму, Том ја обвинува Грејс за кражбата на парите на татко му, по што жителите решаваат да ја врзат со синџири. Најпосле, Том му се јавува на шефот на гангстерите, мислејќи дека ќе добие награда за Грејс. По неколку дена, гангстерите доаѓаат во Догвил и ја затекнуваат Грејс во ужасна состојба, а таа се согласува да се врати кај татко си (шефот на гангстерите). Тогаш, гангстерите ги убиваат сите жители на Догвил и го палат местото, а таа лично го убива Том.