Американска култура

(Пренасочено од Култура во САД)

Културата во САД потекнува од западната култура, која што има потекло или влијание од европската култура. Таа се развивала уште пред САД да стане земја со свои сопствени социјални и културни одлики како што се дијалектот, музиката, уметноста, социјалните навики, кујната и фолклорот. Денес, САД е етничко-расна развиена земја, како резултат на многуте имиграции во текот низ историјата.

Влијанијата започнуваат прво со доселувањето на Англичани и Ирци, коишто се основачи на колонијална Америка. Британската култура во спој колонијалните споеви на Британија го проширува англискиот јазик, легалниот систем и многу други наследства кои имаат формално влијание. Други многу битни влијанија доаѓаат од други земји од Западна Европа, особено од Германија, Франција и Италија.[1]

Особено главна улога во формирањето на културата во САД има иновацијата на Џеферсоновата демократија. Забелешките на Томас Џеферсон во ″Статијата за Државата Вирџинија″, можеби тие беа првите пресудни за секојдневниот и културниот живот на еден Американец како и прв поттик за прекинување на влијанија на европските консензуси кои Америка во своето потекло ги дегенерирала. Преовладувачките идеи и идеали се развивале како што се државните празници, единствените американски спортови, воената традиција, како и иновации во уметноста и во забавата коишто се одликуваат со огромно чувство на национална гордост како и сопствена популарност. Американската култура вклучува два конзервативни и либерални елементи, воени и научни способности, политички структури, преземање ризици, слободно изразување како морални и материјални елементи. И покрај веќе постоечките идеолошки принципи, американската култура има спектар на изразувања како на пример географска скала и демографска разновидност. Флексибилната култура на САД има висока симболична природа кои некои истразувања ја карактеризираат американската култура со митски идентидет. Другите ја гледаат како ″американски ексепционализам″.

Тука исто така се застапени елементи кои ги вклучуваат Американците како и многу други етнички подкултури. Најистакната е културата на Афроамериканците кои се со многу поразлична култура од Латинска Америка. САД со честите развивања подлежи на културни разновидности и плурализам. Културното сродство е поединечно, кое што најчесто зависи од социјалната класа, политичката определеност и многубројните демографски каракатеристики како на пример: религиозната позадина и ориентација и членствата во етнички групи...

Јазици

уреди

Главен член: Јазици во САД

Исто така, САД немаше службен јазик, но англискиот на законодавно рамниште помина низ 30 држави, кои истиот стана и de facto државен јазик. Според пописот во 2000-та, повеќе од 97 % од Американците одлично зборуваат англиски, од кои 87 % дома им е единствениот јазик. Има повеќе од 300 јазици, освен англискиот јазик кои се зборуваат од родени Американци.

Шпанскиот јазик за првпат има официјален статус на службен јазик во Порторико и во Ново Мексико. Шпанскиот јазик е прв јазик во Порторико. Според пописот во 2000 година, приближно 30 милиони од населението во САД зборуваат шпански јазик. Двојазичните говорници можат да го употребуваат англискиот или шпанскиот јазик во зависност од ситуацијата или причината која зависи од водењето дијалог, партнерот или контексот. Тоа се нарекува шпанско-англиски феномен.

Домородските јазиците во САД, вклучувајќи ги и домородските јазици коишто припаѓаат на Индијанското население кое живее низ многубројните американски ресурси. Тој најмногу се употребува во текот на домородски културини збиднувања. Хавајскиот јазик има официјален статус во државата Хаваи, чаморскиот јазик е застапен во секојдневието на Западно Маријански Острови, самоанскиот јазик со официјален статус е застапен во американската Самоа.

Статистички податоци за постоечките јазици во САД

уреди

Според ЦИА, следува процентуалната застапеност на јазиците во САД:

  • Англиски (82,1 %)
  • Шпански (10,7%)
  • Други индоевропски јазици (3,8%)
  • Други азиско–тихоокеански јазици (2,7%)
  • Други јазици (0,7%)

Религија

уреди

Главен артикал: Религии во САД

 
Завршена во 1716, Мисија за Nuestra Señora de la Purísima Concepción de Acuña е една од многубројните колонијални прибежишта Шпански мисии во САД. Тие првенствено се користеле зе преобразување на амеркинаските домородци во римски католици.
 
Презевитеријанската црква во предградието на Источен Оринџ, Њу Џерси

Според развиеноста на земјите, демографски САД е една од најрелигиозните земји. Според една статија од 2002 година, САД беше единствената развиена земја каде поголем дел од населението претпочита религијата да заземе многу важна улога во сопствените животи, каде истото се случува и во Латинска Америка. Денес, државните влади, државата, локалните власти се посебни институции, каде што тие претпочитаат да бидат разделени од црквата. Но како што се федералните политики, врвот на религијата може да предизвика емотивно жестоки дебати кои се судираат со теми од секојдневните животи поврзани со моралните вредности на луѓето, едни од тие теми се и, полемизирањето околу абортусот, браковите меѓу пртанери од исти пол и некои други слични теми.

Пенсилванија e создадена од [[Квакери|Kвакерите (вид на христијанска секта), Мериленд од романски католици и Масачусетс од колонизирани Пуританци. Првиот библиски примерок е од првиот германски имигрант Кристофер Соер. Девет од тринаесет колонии јавно имаат сопствена религија. Уште со Конвенцијата во Филаделфија од 1787 година, САД официјално стана една од првите земји во светот со кодифицирање законот за слобода во изборот на религија, исто така ова влезе под закрила на федералната политика не под владата или владините надлежности.

Религиозни статистики во Соединетите Американски Држави

уреди

Според ЦИА, следува процентуалната различната застапеност на религии во САД :

Образование

уреди

Главен артикал : образованието ва САД и образовното достигнување во САД

 
Високото образование во САД според раса

Високото образование главно е под водство на владата но со контрола и финансирање од три рамништа: федерално, државно и локално. Училишното посетување е определено и е поделено на основни и средни нивоа (во САД често се употребуваат како примарно и секундарно ниво).

Учениците имаат избор каде да се образуваат, во јавни училишта, приватни училишта или во домашни услови. Во многу јавни и приватни училишта обаразованието е поделено на три нивоа : основно училиште, сениорско училиште (или уште попознато средно) и високо образование. Речиси во сите училишта се застапени овие нивоа каде децата се поделени според возраста групирани во паралелки. Пост-основното образование или попознато како колеџ или универзитет, генерално е водено одделено од системот за основно образование и од системот за високо образование.

Во 2000 година имаше 76,6 милиони ученици запишани во т.н. детски јасли па сè до дипломирани студенти. Од нив, 72 проценти се на возраст од 12 до 17 годишна возраст, запишани според нивната возраст во определените училишта. Потоа 5,2 милиони ученици (10,4 %) се запишани во приватните образовни институции. Според возрасната популација низ земјите во САД има над 85  % население кои имаат завршено високо образование, а 27 % имаат диплома за повисоко и донадградено образование.

Раса и потекло

уреди

Главен артикал: Раса во САД

Расите во САД се засноваат врз физичките одлики на бојата на кожата и има главна улога во формирањето на опшеството според национален план. Денес, одделот за Трговско Биро на САД за пописи распознава четири вида на раси во САД, домородските Американци или американските Индијанци, Афроамериканци, Азијци и Белци (европски Американци). Според владата на САД, латино-американците не сочинуваат раса, туку етничка група. Според пописот во 2000 година белците се мнозинство од 75,1 % вкупно со т.н. шпанските или латино Американци кои сочинуваат малцинство од 12,5 % од вкупната популација. Афромериканци достигна број од 12,3 % од вкупната популација, потоа азијски Американци има 3,6 % и 0,7 % се Американци родени во САД.

За да се исфрли или маргинализира поранешното традиционално опшество, се појави една под–култура меѓу расните малцинства во САД. Во текот на 1920, Харлем, Њујорк стана дом за Ренесанасата на Харлем. Музички стилови како на пример, џез, блуз, рап, рокенрол, како и голем број народни песни како “Сината опашка на мувата” (Џими Крек Корн), која има потекло од афроамериканската култура, и истата подоцна е прифатена од целото опшество. Кинеските градови можат да се најдат насекаде низ градовите, а кинеската кујна стана секојдневие во традиционалната САД. Шпанската заедница исто така има влијание врз американската култура. Денес, католиците се најголемата религиска деноминација во САД, како и протестантите на југозападниот дел од земјата и Калифорнија. Музиката на маријачите и мексиканската кујна најчесто можат да се пронајдат во Југозападниот Регион со некои јадења од Латинска Америка како што се буритос и такос кои можат да се најдат насекаде низ Америка.

Економската разлика и суштинската сегрегација е вообичаена во САД. Азиските Американци имаат средни семејни примања и образовни достигнувања кои ги надминува другите раси. Афроамериканците, Шпанците и Индијанците се со значително помали примања и образование за разлика од белите Американци. Во 2005, средните примања на Белците е 62,5 % повисоко од Афроамериканците, приближно ¼ од нив живее на работ на сиромаштија. Понатаму 46,9 % од жртвите од убиства во САД се Афроамериканци ова укажува дека социо–економските разлики продолжуваат да траат и во 21–от век.

Според една статија, традиционалниот медиум ги овековечува овие црнечки особини, кои се попривлечни и попосакувани од особините на белците. Концептот дека црнилото ги деградираше Афроамериканците манифестирајќи ги како интернализиран расизам. Во 1960, црното е Убаво”, ова културно движење се обиде да го отфрли овој поим.

По нападите од страна на муслиманските терористи на 11 септември 2001, дискриминацијата против Арапите и Муслиманите значително се искачи. Американско–арапскиот Комитет на Анти–дискриминација (АКД) изјави дека се зголеми и говорот на омраза, како што се случаите со дискриминирање авиокомпаниите, полициска злоупотреба и расно обележување. патриотскиот Акт на САД потпишан од страна на претседателот Буш и стапи на сила на 26 октомври 2001, и се однесува за кршењето на граѓанските права и слободи.

Литература

уреди
 
Марк Твен се смета за најпознатиот американски пистаен во американскта историја.

Главна статија : Американска литература

Правото на слобода на изразување во американскиот Устав може да се препише на германскиот имигрант Џон Питер Зингер и неговата правна борба за да се дојде до веродостојни објавувања на колониите да имаат заштитно право како и барајќи начин да се заштитат правата на американските автори. Во осумнаесеттиот и почетокот на деветнаесеттиот век, американската уметност и литература ги зема своите зачетоци од Европа. Во текот на својата рана историја, Америка е серија британски колонии на источниот брег на денешен САД. Затоа нејзината литературна традиција започнува како поврзаност со англиската книжевност. Сепак единстевените американски одлики и широчината на своите дела, особено денес се смета дека има своја сопствена патека и традиција.

Писателите како Натанаил Хоторн, Едгар Алан По и Хенри Дејвид Торо основаа поразличен американски книжевен глас во средината на XIX век. Марк Твен и поетот Волт Витман се големи имиња од втората половина на деветнаесеттиот век. Емили Дикинсон, речиси непозната во текот на нејзиниот живот, ќе биде призната како битен поет. Единаесет државјани на САД се добитници на Нобелова награда за литература, еден од последните е Тони Морисон во 1993. Ернест Хемингвеј, добитник на Нобеловата награда од 1954 е често именуван како еден од највлијателните писатели на дваесеттиот век.

Во делата претежно се опфатени националното искуство и карактер едни од нив е делото на Херман Мелвил Моби Дик (1851) или делото на Твен авантурите на Халкабери Фин (1885) како и Ф.Скот Фитсџралд големиот Гетсби (1925), кој може да биде наречен - големиот американски роман. Популарни литературни жанрови се појавуваат во САД како на пример западниот и тврдата криминална фантастика.

Државни празници

уреди
 
Огнометот го осветлува небото над споменикот Вашингтон. Американците традиционално пукаат огномети ноќта на Четврти јули.
 
Ден на Мартин Лутер Кинг се слави легендата д-р Кинг кој често се споменува како патријарх на Движењето за граѓанските права. Д-р Кинг погоре е сликан споделувајќи го говорот " Имам сон".
 
Ден на Инаугурација е единствениот државен празник кој не се слави секоја година, туку еднаш на четири години. Овој празник започнува со инаугурациона церемонија (свечено воведување на должност) и завршува со прада на армијата.
 
Ноќ на вештерки е често одржуван празник во САД. Вообичаено таа вечер е обележана со облекување на застрашувачки и бизарни костими и врескање во тој стил.

САД слави празници кои се дел од некои настани од американската историја, верски традиции и национално наследени. денот на Благодарнос|благодарноста е традиционален американски празник кој се развил поради обичајот на англиските ходочасници кои “ заблагодарувале” за нивната благосостојба. Денес, Ден на Благодарноста се слави во кругот на семејството и со долго попладневно славење. Европското колонизирање придонело за воведување на многу традиционални и христијански празници како што се: Велигден, великиот пост, денот на Св.Патрик, Божиќ, кои денес се слават на секуларен начин кај многу Американци.

На денот на Независност|независноста (колоквијанлно познат како Четврти јули) се прославува годишнината од Декларацијата на земјата за Независност од Велика Британија. Тој ден генерално се обележува со пеаради во екот на целиот ден и пукање на огномет во текот на ноќта.

ноќта на вештерки|вештерките е воведен од страна на поранешниот келтски фестивал Семхејн, кој во Америка е воведен од страна на ирските доселеници. Тој стана празник кој најмногу е прославуван од страна на децата и тинејџерите кои традиционално се облекуваат во костими и одат од врата на врата и собираат бонбони и слатки. Исто така со врисоците и костумите децата доведуваат до потенцирање на урбаните легенди и филмови. Прославата на Ноќта на Вештерките е постојано најпопуларна меѓу универзитетските студенти низ секаде во САД. Двата Универзитети во САД, Универзитетот Медисон во Висконсин и Универзитетот Охајо во Атен во Охајо, се познати низ целата земја со прославата на овој ден со нивните улични панаѓури.

Покрај тоа, Марди Гра еволуира од Католичката црква од Карнивал се прославува во Њу Орлеанс, Св. Луис и Мобил како и во многу други градови.

Федерално признати празници се следниве:

Датум Официјално име Забелешки
1 јануари Нова Година Прослава поради започнувањето на нова година според грегоријанскиот календар. Забавата се одбројува до полноќ (00:00) на претходната ноќ до почетокот на новата година. Традиционално се одбележува крајот на годината.
трети понеделник во јануари Раѓање на Мартин Лутер Кинг Џуниор - Ден на Мартин Лутер Кинг Џуниор Ден во чест на М.Л.Кинг, водачот за човекови права, кој всушност е роден на 15 јануари 1929 година. Во комбинација со други празници во државите.
20 јануари, претседателските избори Ден на Инаугурацијата тој ден е одбележан само од федералната влада, вработените во Вашингтон Д.С. и пограничните земји Мериленд и Вирџинија со цел да се олесни големиот метеж во сообраќајот што се случува на тој настан. Се дава заклетва од Претседателот и заменик-претседателот на САД. Се одбележува секоја четврта година. Забелешка: Се извршува на 21 јануари, а ако е недела на 20-ти (иако претседателот приватно е ингуиниран на 20-ти). Ако Денот на Инаугурацијата паѓа сабота или недела, претходниот петок или следниот понеделник не е државен празник.
Трет понеделник во февруари Раѓање на Вашингтон Денот на раѓањето на Вашингтон за првпат е прогласен за државен празник во 1879 година со Акт на Конгресот. Единствениот Закон за празници во 1968, денот на одбележување на раѓањето на Претседателот Џорџ Вашингтон, се префрли од 22 Февруари на секој трети понеделник од февруари. Многу луѓе го почитуваат овој празник и го нарекуваат “Ден на претседатели” и тој ден го сметаат како ден на сите американски претседатели. Сепак, ниту Единстевениот Акт за државни празници не го промени името на празникот во чест на Вашингтон како ден на сите претседатели.
Последен понеделник во мај Меморијален Ден граѓанската војна па сè до денес се слави овој ден. Неофицијално се одбележува почетокот на летната сезона. ( овој празник е префрлен од Единствениот Акт за празници во 1968).
4 јули Ден на Независноста На тој ден се прославува декларирањето на независност, кој исто така може да се сретне и како 4 јули.
Прв понеделник во септември Ден на трудот Се слави достигнувањето на работниците и на синдикалното движење. Овој празник означува официјален крај на летната сезона.
Втор понеделник во октомври Ден на Кристофер Колумбо Во чест на традиционалниот откривач на Америка. Во некои области се прославува и италијанската култура и наследство. Се прославува Денот на индиско-американско наследство (традиционално на 12 октомври) и Денот на братството во Алабама. Слава за Денот на Индијанските Американци во Јужна Дакота. Во Хаваи се прославува откривањето, иако не е службен државен празник.
11 ноември Ден на Ветераните Во чест на сите ветерани од вооружените сили се прославува овој ден. Традиционалното одбележување е момент на тишина во 11:00 часот, сеќавајќи се на оние кои загинале во војната. (Овој празник се одбележува со Примирјето во 1918, кое започна во единаесет часот,од единаесеттиот ден од единаесеттиот месец од годината).
Четвртиот четврток во ноември Ден на Благодарноста Традиционално се слави со давање на благодарност за есенската жетва. Традиционално вклучува големо конзумирање на мисирка за вечера. И традиционално започнува сезоната на годишните одмори.
25 декември Божиќ На овој ден се слави рождеството на Исус. Некои луѓе уважуваат некои аспекти поради овој верски празник, како што се делењето на подароци, украсувањето на новогодишната елка. Луѓето сметаат дека е подобро да се биде световен, отколку експлицитен христијанин.

Кујна

уреди

Главен артикал: Кујна во САД

Кујната во САД е многу разновидна, а тоа се должи на распространетоста на конитнентот на релативно големото население (1/3 од една милијарда население) и бројот на мајчини и надворешни влијанија. Во главно американските кулинарски уметности се слични на оние во другите Западни земји. Житото е првенстевено меѓу житните растенија. Во американската традиционалана кујна претежно се употребуваат следните состојки: мисирка, месо од елен, компири, пченка, тиква и јаворов слад. Домашната храна е останата од индијанските племиња. Бавното зготвено свинско, говедското на скара, рак, колачи, чипс, шеќерната волна, чоколадните колачиња се изразито американски стилови.

Видовите на храна се сервирани според регионот на земјата и сопствените семејни и културни наследства. Последните доселеници имаат тенденција да јадат храна слична на онаа од која земја имаат потекло и “американизирани ” варијанти на тие кујни најчесто се американската или американската кујна, такви примери се и виетнамаската кујна, корејската и тајландската кујна. Германската кујна има длабоко влијание врз американската кујна, особено во средно–западниот дел на земјата, со голема застапеност на компири, тестенини, печено месо, чорби, колачи, торти. Храната како што е хамбургери, печни меса од секаков вид, пржена сланина и хот-дог се најголем доказ дека германската кујна имаголем удел во американската кујна. Различните региони на САД имаат свои сопствени кујни и стилови за готвење. На пример државата Лузијана е позната по својата Кажун и креолска кујна. Кажун и креолското готвење се под влијание на француската, акаидинската и хаитската кујна, чија храна е единствена и оригинална. На пример овде спаѓаат Кроуфиш Етуфе, Црвен грав со ориз, морска храна и пилешко гумбо, Џамбалаја и Будин. Исто така италијанската, германската, унгарската, кинеската кујна имаат влијание врз американскатата кујна како и јадењата на индијанците, карибјаните, мексиканаците и грците може да се најде на репертоарот на американаската кујна. Не е невообичаено за семејство од ” Средна Америка” да јаде пица од ресторант или домашно направена пица од видот на ” Енхиладас кон карне”, пилешки паприкаш, говедски строганоф и бертварст со кисела зелка за вечера во текот на неделата.

Исто така е развиена и т.н африканска кујна наречена Соул кујна, кој е распостранета од страна на некогашните африкански робови. Синкретичките кујни како што беше примерот со Лузијана, креолскиот Кажун, холандска Пенсилванија и Текс–Мекс се регионално важни. Иконските американски јадења како што е питата од јаболка, пржено пилешко, пица, хамбургер и хот–дог потекнуваат од рецептите на многубројните доселеници и домашни иновации. Помфритот, мексиканските јадења буритос и такос или тестенините слободно се прилагодени од италијанската кујна и се конзумираат во изобилие.

Американците претпочитаат да пијат кафе или чај, од кои барем една половина пијат барем по еден филџан дневно. Маркетингот на американските индустрии се доста одговорни за производството на сок од портокал и млеко (со намалени масти) кои се придружени со појадокот на секој Американец. Во текот на 1980–тите и 1990–тите, поради честите јадења на места за брза–храна здравствените работници констатираа дека во САД постои "епидемија на дебелеење", каде резултатите покажуваат и до 24 % покаченост на калории кај населението. Високо засладените пијалаци се популарни. Засладените напитоци се 9 % од дневните конзумирања кои еден Американец ги внесува.

Примери од американската кујна

Социјални класи и социјална работа

уреди

Главна статија: Социјални класи во САД

Отсекогаш американците се окарактеризирале дека припаѓаат во средна класа. Американското опшество и нејзината култура се особено фрагматични. Воедно споцијалните класи се опишуваат како комбинација од образовно достигнување, приход и професионален престж, кој е еден од најголемите културни влијанија во Америка. Речиси сите културни аспекти од недуховните интеракции и карактерот во САД се водени од местоположбата на човекот во социјалната структура во земјата.

Одредени животни стилови, примероци за трошење на пари и вредности се класифицирани во разни класи. На пример, социологот и економист Торстејн Велбен, претходно забележал дека оние на врвот од скалата се зафаќаат со видна безработица, повеќе познато како примерок за неработливост. Погорната средна класа се состои од луѓе, кои едноставно се идентификуваат со образованието и ги култивираат примарните вредности. Личностите од оваа класа претендираат да зборуваат на директен начин за авторитетните проекти, образованието и за сите други кредибилитети. Тие често заземаат место во т.н. масовна луксузност како што е на пример, дизајнирањето на брендирана облека. Строгата ориентација кон природните материјали и органската храна како и свеста за здрава исхрана се приоритетни во средната погорна класа. Личностите во средната класа генерално го вреднуваат ширењето на еден хоризонт, поради нивото на нивното образование и можат да си дозволат повеќе патувања и луксузни работи. Поединците кои се во работен однос целат кон поголеми работни места, особено кон она за што мислат дека е „вистинска работа“ и роднинските составни мрежи кои служат за сопствена сигурност против забрзаната економска нестабилност. Американската работничка класа како и многумина од средната класа се соочуваат со лишување од окупирање. Во спротивност од погорната средна класа професионалците од кои повеќемина издаваат концепција, набљудување и делење на нивните замисли. Многу Американци имаат мала автономија или креативна слобода на работните места. Како резултат на белата алка професионалците повеќе се залагаат за значајност отколку да бидат задоволни од својата работа. Во последно време оние во центарот со многубројните приходи кои се класифицираат во средна класа се соочуваат со пораст на економската несигурност, поддржувајќи ја идејата за припаѓање во работната класа.

 
Работни часови во разни земји според ОН во еден извештај на СиЕнЕн.

Во САД преокупацијата е еден од најбитните фактори во социјалните класи и често е класифициран како личен идентитет. Просекот на работни саати во текот на една недела е приближно 42,9 часа неделно и 30% од населението работи повеќе од 40 часа неделно. Американскиот просек за заработка кај еден вработен е $16,64 за час во првата четвртина на 2006. И покрај се популацијата работи повеќе од своите сојузници или другите развиени земји. На пример во Данска средниот просек на еден вработен ужива во 30 слободни денови годишно, додека еден Американец ужива само 16 денови годишно. Во 2000, еден работник работи 1,978 часа годишно, 500 часа повеќе од еден Германец, а 100 часа помалку од еден Чех. Така Американците многу повеќе сакаат да бидат работно активни, отколку да апстинираат од вршење на работни обвраски.

Технологија, апарати и автомобили

уреди

Дополнителни информации: Технолошка и индурстриска историја на САД и патнички возила во САД

Американците често се фасцинирани од новата технологија и новите апарати. Многумина во САД мислат дека многу од големите зла што постојат на земјата можат да бидат решени преку технологијата. Многу од новите технолошки иновации во современиот свет биле или за првпат се измислени во Соединетите Американски Држави / или се за првпат прифатени во САД. Како што се примерите : светилката, авионот, транзисторот, јадрената моќ, личните сметачи, игрите, купувањето преку Интернет и развојот на интернетот итн.

Автомобилите играат главна улога во животите на Американците, без разлика дали се работи за животите на приватните лица или од областа на уметноста и забавата. Растот на предградијата и побарувачката на работници надвор од градовите, донесе до популаризација на автомобилите. Во 2001, 90% од Американците одеа до своите работни места со автомобили. Помалото трошење на енергија и помалите трошоци околу автомобилите довде масовно производство на релативно големи и моќни автомобили. Културата во 1950–тите и 1960–тите, налагаше автомобилите претежно да се користат за носење до мотели, хотели или ресторани. Американците имаат тенденција да добиваат возачка дозвола како обред за преминување. Надвор од релативно урбаните региони потвредено е дека многу од Американците сакаат да поседуваат и возат коли. Њујорк е единствениот регион во САД каде половина од домаќинставата не поседуваат автомобили.

Родови односи

уреди

Спојување, соживот и адолесцентска сексуалност

уреди

Главен артикал: Сексуална адолесценција во САД

Двојките претежно се запозанваат во преку религиозни институции, работа, училиште или пријатели. “Службите за спојување ” се услуги кои се насочени кон помагање за пронаоѓање на партнери каде се популарни и двата вида, преку Интернет и запозавање на слепо. Трендот во текот на изминатите неколку децении сè повеќе и повеќе се применува, двојките да живеат заедно наместо да се земат. Пописот во 2000, покажа дека 9,7 милиони партнери од различен пол живеат заедно, а дека 1,3 милиони партнеси од исти пол. Некои држави сега имаат свои статуси за партнерот и правно направена доктрина која ги дава легална помош двојките кои не се стапени во брак. Во 2006, е докажано дека приближно едно од секое четврто сексуално активно лице на возраст од 15–24 годишна возртаст е сколоно кон сексуално преносливи болести како што се ХПВ, трихомонијаза, кламидија.

Брак и развод

уреди

Главен артикал: Брак и развод во САД

Законите за брак се поставени најразлично во секоја држава. Законите за партнери од исти пол се моментално законити во Њујорк, Масачусетс, Ајова, Вермонт, Мејн, Њу Хемпшир, Конектикат и округот Колумбија. Додека Њу Џерси, Калифорнија, Орегон, Вашингтон и Невада им овозможи на двокјите од исти пол, пристап до многу државни сегменти кои ги засегаат брачните бенефиции со граѓански заедници и домашни партнерства. Хаваи, Мериленд, Илиноис, Висконсин и Колорадо нудат некои бенефиции на двојки за домашни партнерства. Типична свадба во САД вклучува кога пртнаерите прогласувајќи посветеност еден кон друг пред своите блиски роднини и пријатели, претседавана од верска личност како на пример свштеник, отец или рабин во зависност од која верска припадност се партнерите. Во традиционалните христијански церемонии таткото на невестата ја предава својата ќерка на младоженецот. Секуларните свадби се исто така заеднички најчесто претседвани од судија, некој од првдата или пак некој друг службеник.

Домаќински уредувања

уреди

Главен артикал : Домаќински уредувања во САД

 
Американската семејна структура нема посебно домаќинско уредување кое е доволно застапено и кое се идентификува со средна вредност.

Денес, семејните уредувања во САД се одразуваат со разновидна и динамична природа во современото американско опшество. Иако за релативно кратко време во периодот на 20 век повеќе од семејствата се придружуваат кон јадрени семејства во принципот (двајца возрасни во брак со едно дете), семејства со еден родител, семејства без деца и сполтените семејства сега го сочинуваат мнозинството од домаќинствата во САД.

Многумина од Американците се земаат или разведуваат најмалку еднаш во текот на нивните животи, така што повеќето поединци живеат во различни семејни уредувања. Едно лице може да расте покрај еден родител, кој се жени/мажи, и живее без деца, потоа се разведува и живее како самец неколку години, потоа може да се прежени / премажи да има деца и да живее во потесно семејно уредување.

“Потесното семејство е најидеализираната верзија на она што луѓето мислат кога мислат на ”семејство”. Старата дефиниција за она што е семејство е сменета поради потесното семејство кое повеќе не изгледа соодветно за покривање на широката разновидност на семејни уредувања кои ние ги гледаме денес. Така се има појавено терминот постмодерно семејство кој ја објасунва големата варијабилност на семејни форми кои овде се вклучуваат и еден родител со едно дете и двојките без деца”–Брајан К. Вилијамс, Стејси С. Соер, Карл М. Валстром, “Бракови, Разводи и Интимни односи“, 2005 година.

Други промени кои се случуваат во американските семејни уредувања се двојните семејни приходи и одоложена независност на младите во САД. Во периодот од 1950–тите и 1960–тите семејствата имале само еден приход каде само мажот бил во работен однос, огромен процент од домаќинствата денес имаат два семејни приходи. Друга промена е покачената возраст кога младите ги напуштаат својот дом. Традиционално во минатото лицата на возраст на универзитетска возраст која живее со своето семејство е гледана негативно од страна на опшеството, но денес тоа не е невообичаено лицето да живее со своите родители и до средината на своите дваесетти години. Главно, овој тренд е поради огромните животни трошоци кои доста ги надминуваат оние од минатото. Така многу малди сега живеат со своите семејства дури и до средината на нивните 20–ти години. Оваа тема беше на насловната страница на магазинот Тајм во 2005. Исклучоци од обичајот напуштањето на својот дом на средината на 20–тите години е претежно кај шпанско–италијанските Американци како и во скапите и урбани средини како што се Њујорк, Калифорнија или Хонолулу каде месечната кирија достигнува и над 1000 долари месечно.

Домаќинствата со еден родител е домаќинство кое се состои од еден возрасен родител ( најчесто жена) и едно или повеќе деца. Кај семејствата со еден родител, обично родителот го воспитува детето на поскромен живот и речиси без никава помош од другите. Овој родител е единствено “глава на семејството” и на тој начин овие семејства се економски поранливи. Тие имаат повисоки стапки на сиромаштија и децата од овие семејства се соочуваат со проблеми за нивно образование.

Дрога и алкохол

уреди
 
"Само Речи Не" изложен реквизит во Регеновата Бибиотека

Дополнителни информации: Историја на САд за забрана на дрога

Американските ставови кон дрогата и алкохолните пијалаци имаат историска позадина. Во 19 век алкохолот беше на располагање и се консумираше, не постојат закони за ограничено користење и на други лекови. Ставовите за зависност од дрога почна да се менува со Харисоновиот закон, кој на крајот стана рестриктивен.

Движењето за забрана на алкохолни пијалаци започна со Движење за абстиненција од алкохол, кој се појави кон крајот на 19 век. Неколку американски Протестантски религиозни групи како и многу женски групи меѓу кои и женската група Женската Христијанска Унија за Абстиненција од Алкохол го поддржаа движењето против алкохол. Во 1919, оние кои посакаа забранување на алкохолот, тоа и им се исполни со изменување и дополнување на Уставот да се забрани продажба на алкохол. Иако периодот за забрана на алкохол не резултираше со намалено консумирање на алкохол. Генерално, периодот за забрана на алкохол во целост се покажа нефункционален, бидејќи се зголемија и криминалните банди за трговија со алкохол. Забраната беше укината во 1931 година. Државите и локалните власти се здружија и го поддржаа мотото "сув" и до ден денешен.

Во текот на периодот на виетнамската војна работите се свртеа и алкохолот беше далеку од забранет. Коментаторите изјавуваа дека еден осумнаесет годишник може да служи војска, но не и да купува пиво. Повеќето држави го сменија законот за консумирање на алкохол. Законот е наменет за возрасни над 18 години.

Од 1980 година трендот тежнее кон големи ограничувања за консумација на алкохол и дрога. Сепак, во фокусот овој пат беше да се криминализира секое однесување поврзано со алкохол и секако да се намали потрошувачката на истиот. Њујорк беше првата земја која ги воведе законите за возење во пијана состојба во 1980 година, а отогаш и другите земји го следеа примерот. А движењето “САМО КАЖИ НЕ НА ДРОГАТА” замени многу развратнички етоси уште од 1960-тите. Како резултат на тоа, кон крајот на половината на 1980-тите па сè до 2000 година сите земји спроведоа правни закони за возрасната граница за консумирање на алкохол (набавка за алкохолни пијалаци) да биде 21 година.

Спортови

уреди

Главен артикал: Спорт во САД

 
Обично Дијамант во бејзболот како што се гледа на стадионот. Вообичаено играта ја сочинуваат деветмина играчи фрлачи, но може истата може и да се продолжи ако е потребно.
 
Отворањето на сениорската рагби сезона е голем настан во американските култура и традиција. Масивно марширање на многубројни екипи придружувани од водачите и мажуретките се речиси универзални во американските фудбалски игри, особено за време на полувремето. Иако екипите од средните училишта се многу помали, но сепак многу ретко може да се случи да нема марширање на полувремето.
 
куглањето е многу честа забава за Американците од сите возрасти.

бејзболот е најстариот од најголеми тимски спортови во САД. Бејзболот како спорт датира уште од 1869 година и немаа блиски соперници сè до 1960-тите. Иако бејзболот не е веќе најпопуларниот спорт во САД тој е еден од спортовите кој обележа еден вистински период во минатото во духот на спортот. Исто така за разлика од другите спортски нивоа, гледачите на другите национални спортови се побројни, како што се тимовите на Најголемата Кошаркарска Лига (НКЛ) која игра речиси секој ден од април до октомври. Американскиот фудбал сега привлекува поголем број на телевизиски гледачи, отколку бејзболот. Меѓутоа тимовите на Националната фудбалска лига играат само 16 редовни сезони годишно, така бејзболот е со големо водство во продажбата на билетите.

Кошарка е уште еден познат спорт во САД, професионално претставен од Националната Кошаркарска Асоцијација. Таа е измислена во Спрингфилд, Масачусетс во 1891 година, од страна на канадскиот наставник за физичко образование Џејмс Нејсмит.

Американски фудбал е доста познат и кој се смета за еден од најпопуларните спортови во САД. 32 екипи ја сочинуваат Националната Фудбалска Лига (НФЛ) е најпопуларна во американската фудбалска лига. Во нејзиното првенство, Супер Боул е најпрестижниот годишен спортски настан кој исклучиво се одржува во САД.

Хокеј на мраз е е четвртиот водечки професионален спорт во САД. Тој потекнува од културите од областите на Големите Езера и Њу Ингланд, спорт кој најпрво се прифати од некои региони на Јужна Америка уште од почетокот на 1990-тите како Национална Хокејашка Лига која придонесе проширување.

Рагби во текот на есенските месеци и кошарката исто така привлече милионска публика. Некои заедници, особено во руралните средини ставаат посебен акцент на своите локални средни училишни спортски тимови. За време на натпреварите во рагби вообичаено на полувремето маршираат мажуретките и водачите на тимовите со цел да го подигнат натпреварувачкиот дух и да ја забавуваат публиката.

Бокс и трка со коњи некогаш биле едни од најгледаните поединечни спортови, но со текот на времето голфот и трката со автомобили ја надминаа гледаноста, особено НАСКАР. Она што насекаде низ светот е познато како “фудбал” во САД се нарекува американски фудбал кој се игра со свои правила. Иако не е водечки професионалниот спорт тој се игра во голема мера во младинските и возрасните нивоа. Исто така тенис и многу други спортови се популарни.

Американскиот фудбал во минатото ја стекна својата популарност во втората половина на дваесеттиот век. Создавањето на професионални лиги како што е МЛС и успехот на американските државни репрезентации поттикна раст на спортот кој денес се игра на широко и од сите возрасти.

Спорт и култура на заедницата

уреди

Враќањето дома е традиција во САД која се одржува еднаш годишно. Луѓе, градови, средни училишта, колеџи се собираат заедно, обично кон крајот на септември и почетокот на октомври и им посакуваат добредојде на сите поранешни жители и секако нови. Тоа е централен настан исто како што е банкетот, парада или најчесто е игра од американскиот фудбал или повод може да биде кошарка или хокеј на мраз. Прославите од страна на училиштето се разликуваат од другите. Сепак тие се составени од еден фудбалски натпревар на стадионот на училиштето, потоа гостите и студентите заедно маршираат низ улиците, каде во истиот момент треба да се наведе и крунисувањето на кралицата.

Наука и технологија

уреди

Дополнителни информации: Наука и технологија во САД

 
Вашингтон пост на 21 јули 1969, недела наведе дека: "'Орелот поседува'— Двајца мажи на прошетка на Месечината".

Постои склоност кон научниот напредок и технолошките иновации во американското опшество што резултира со проток на многубројни иновации. Меѓу големите американски пронаоѓачи ќе ги пронајдете Роберт Фултон (изумител на паробродот); Семјуел Морз (телеграфот); Ели Витни (памук, џин и многу иноветни делови); Сајрус Мекормик (косачка); Томас Алва Едисон (со повеќе од илјада пронајдоци кои го носта неговото име). Оваа склоност за примена на научни идеи продолжува и во текот на 20 век со иновации кои се поткрепуваа со силни меѓународни бенефиции. Дваесеттиот век го обележуваат постигнувањата во т.н. Небесна Ера, Ерата на Информациите и ренесанса во здравствените науки. Ова кулуминира со културни пресвртувања како што е примерот со слетувањето на Аполо на Месечината, со создавањето на личните сметачи и секвенциски труд наречен Човечки проект на геном.

Во текот на својата историја, американската култура има направено значителен напредок за отворена имиграција на високи научници. Високи научници како што е шкотскиот научник Алекасандар Греам Бел, кој го развил и петентирал телефонот и многу други пронајдоци во 1872 година, германскиот научник Чарлс Стаинмерц, кој го развил системот за наизменична струја во електричниот систем во 1889, рускиот научник Владимир Зорикин, кој ја измислил подвижната камера во 1919, српскиот научник Никола Тесла, кој го измислил брановидни електрични мотори врз основа на вртечкото магнетно поле во 1884. Со подемот на Нацистичката партија во Германија, голем број на германски научници побегнале од земјата и имигрирале во САД, еден од нив е и теоретскиот физичар Алберт Ајншатајн во 1933 година.

Низ годините во периодот на Втората светска војна и по неа, неколку иновативни научници имигрирале во САД, како што е Енрико Ферми, кој дојде од Италија во 1938 година. Тој ја предводеше работата на првата светска самоодржлива верижна јадрена реакција. По војната Европа забележа многу научници еден од нив е и рекетниот научник Вернер фон Браун, регрутиран од САД, поради Операцијата Кламер.

Визуелни уметности.

уреди

Главна статија: Визуелни уметности во САД

 
Изложба Армори во Њујорк, 1913
 
Маунт Рашмор Национален Меморијал

Во доцниот осумнаесетти и почетокот на XIX век американските уметниции првенствено сликаа пејзажи и портрети во реален стил. Паралелниот развој во руралната Америка зема замав руралното занаетчиско движење, кое започна како реакција на Индустриската револуција. Случувањата во современата модерна уметност дојде од Европа во САД преку изложбите во Њујорк како Армори Шоу во 1913. По Втората светска војна Њујорк стана центар на светската уметност. Сликарството во САД денес опфаќа огромен број на стилови.

Архитектура

уреди

Главна статија: Архитектура во САД

Архитектурата во САД е регионално разновидна и е обликувана од многуте надворешни сили, а не само англиски. Поради тоа може да се каже дека е еклетична, тоа не изненадува во едно такво мултикултурно опшество. Во отсуство на единствено огромниот број на архитектонски влијанија на домородните народи како што се оние во Мексико или Перу, генерации на дизајнерите имаат вградени влијанија од цел свет. Во моментов исклучително важна тема на американската архитектурата е модерноста, како пример може да се потенцираат огромните облакодери на 20 век.

Раниот неокласицизам придружуван од основачот на европското Просветителство правејќи го доминантен архитектонскиот стил за изградба на јавни згради и големи благороднички имоти. Меѓутоа, во последните години преурбанизираноста и масовната миграција кон Сончевиот појас архитектурата дозволува одразување на средоземниот стил што подобро.

Скулптура

уреди

Главна статија: Скулптура во САД

Скулптурата во САД, започнува во 18 век со основањето на Римски и републикански граѓански вредоности како и протестантското христијанство.

Популарна култура

уреди

Реј Браун еден од водечките научници на американската култура вели дека “Популарната култура е начин на живеење во кој или од кои повеќето луѓе живеат во кое било опшество. Во демократија каква што е во САД, а тоа е гласот на народот”.

Мода

уреди
 
Чифт фармерки

Главна статија: Мода во САД

Независно од професионалниот бизнис со облека, модата во Соединетите Држави е одбрана и претежно неформална. Сепак американските разновидни културни корени се рефлектираат со нивната облека, особено оние кои имаат влијание од последните имигрирања, каубојски шапки и чизми, кожени јакни за мотоцикл се моментален тренд во САД. Фармерките беа популаризирани како работна облека во 1850-тите од страна на трговецот Леви Штраус, германски имигрант во Сан Франциско, а усвоени од страна на многубројни тинејџери еден век подоцна. Тие се носат во сите држави и се прифатени од луѓе од сите генерации и разни опшествени класи. Заедно со масовното продавање на неформалната облека генерално е докажано дека фармерките се глобално најсилен моден настан во САД.

Театар

уреди

Главна статија: Театар во САД

Театарот главно е заснован на традициите од западните земји.

Филм и телевизија

уреди

Главна статија: Телевизија и кино во САД

Киното и телевизијата се главните медиуми во Соединетите Држави.

Музика

уреди

Главна статија: Музика во САД

Американската музика може да се слушне насекаде низ светот.

Танц

уреди

Главна статија: Танц во САД

Постои голема разновидност на танцување низ Соединетите Американски Држави.

Огнено оружје

уреди

Главна статија: Политика за огнено оружје во САД

 
Помладата морнарица на кадети РОТС од Високата школа од Хамилтон, Охајо изведува пракса за обучување и точно користење и употреба на огнено оружје на Поморската станица кај Големите Езера.

Во споредба со другите развиени земји, законите за огнено оружје во САД се попустливи и приватното поседување на пиштол е секојдневно, затоа 40 % од домаќинствата најмалку поседуваат еден пиштол. Така САД е земја каде најмногу е застапено оружјето од било која друга земја, сметајќи на глава по жители и вкупниот број. Стапките за поседување на оружје варира значително од регионот и од државата. Така на пример во Алјаска има најголемо поседување на пиштоли во приватана сопственост, државите во рамнините и планинските држави и Јужна Америка, а најмалку се поседува на Хаваи и островските територии во североисточните мегалополиси. Поседувањето на оружје е главно за ловечки активности, од забавен карактер-пукање во одредени поставени цели и за користење на утилитарни цели како што самоодбраната. Користењето на долгите пушки е послабо застапено од поседувањето на пиштолите. Приватаната сопственост на пиштоли е поприсутна кај мажите, отколку кај жените. Кај мажите е четири пати поголема веројатноста да пријави дека е сопственик на оружје, отколку жените.

Прегледи за правда и смртна казна

уреди

Дополнителни информации: Смртна казна во САД

Смртната казна често е спорно социјално прашање во САД, додека историски поголем дел од американската јавност го фаворизира во случај на убиства. Степенот на оваа поддршка варира во текот низ времето и долго време наидува на силна отпорност од некои граѓански сектори. Денес јавната подрчка е многу пониска за разлика од 1980-тите и 90-тите ( во 1994 постигна најголем рејтинг од 80 %), така во поголем дел поддршката е статична во текот на изминатата деценија. 65% од населението веруваат дека смртната казна е оправдана, иако поддршката е помала кога на испитаниците им се дава избор на смртна казна или доживотен затвор без помилување. 50% се оние со поднесени жалби за праведност или одмазда со поддршка на смртната казна и 11 % се оние со одвраќање на мотивацијата за смртна казна и 29 % се противат на смртната казна.

Смртната казна во САД може да се користи за капитални злосторства во некои земји. Во моментов употребата на смртна казна е утвредена во поединечни држави. Почнувајќи од март 2011 година, следните држави во САД целосно ја имаат укинато смртната казна: Алјаска, Хаваи, Илиноис, Ајова, Мејн, Мичиген, Минесота, Њу Џерси, Ново Мексико, Северна Дакота, Род Ајленд, Вермонт, Западна Вирџинија, Висконсин.

Други аспекти

уреди

САД е една од ретките земји која првенствено не користи метрички систем, иако многу од производите се со двојна ознака, ознаката на САД е доминантна.

Наводи

уреди
  1. Thompson, William; Joseph Hickey (2005). Society in Focus. Boston, MA: Pearson. ISBN 0-205-41365-X.

Литература

уреди

Надворешни врски

уреди