Марди гра, или Мрсен вторник, е карневалска прослава која кулминира во вторникот (два дена) по Прочка, познат и како Чист вторник. Името Марди гра потекнува од францускиот јазик и во буквален превод значи „мрсен вторник“, а се однесува на практиката на јадење богата, мрсна храна во очи почетокот на велигденските пости (Света Четириесетница) кои започнуваат следниот ден, имено на Чиста среда - Тримир.

Марди Гра
Марди Гра
Прослава во Њу Орлеанс
Наречен иМрсен Вторник
ВидХристијански, културен
ЗначењеПрослава пред Велигденските пости
ДатумЕден ден пред Чиста среда, 47 дена пред Велигден, 2 дена по Прочка
ПрославаПаради, забави
ПоврзаноЧист вторник, Карневал, Прочка, Тримери, Чиста среда, Света Четириесетница,

Ова е уште една од многуте прослави ширум светот кои се поврзани со Тримерските прослави пред Велигденскиот пост пропратена со религиозни и пагански обичаи.

Историја

уреди

Постои верување дека Марди Гра влече корени [1] уште од паганските прослави на пролетта и плодноста во Стариот Рим, како Сатурналиите, кои се славеле уште од 133–31 п.н.е. Со оваа прослава му се оддава почит на богот на земјоделството - Сатурн. Се славела во средината на декември, пред сеидбата на зимските култури. Фестивалот траел една недела при што се прекинувало со работа, а училиштата и судовите биле затворени. Според Јулијанскиот календар, кој го применувале Римјаните од 45 година п.н.е.,[2] краткодневицата била на 25 декември. Затоа, прославата понекогаш се поврзува со Божиќ.[3]

Традиции

уреди

Времетраењето на фестивалот се разликува од град до град, затоа што според некои традиции (како во Њу Орлеанс) фестивалот Марди Гра го опфаќа периодот од Богојавление до Чиста среда.[4][5] На други места само последните три дена (Тримери) пред Чиста среда се сметаат за Марди Гра.[6] Во Мобил, Алабама, настаните поврзани со Марди Гра започнуваат во ноември, по што следуваат баловите на мистичното друштво на Денот на благодарноста,[4][7] па новогодишната ноќ, проследена со паради и балови во јануари и февруари, и се слави до полноќ пред Чиста среда. Порано, парадите се одржувле на Нова Година.[4] Овој карневал претежно се прославува во земји со мнозинско католичко население.

 
Марди Гра во Дакар, Сенегал
 
Марди Гра во Марсеј, Франција
 
Марди Гра во Бинче, Белгија

Соединети Американски Држави

уреди

Во Соединетите Американски Држави, Марди гра се прославува во традиционално етничките француски градови и региони. Прославата на Марди гра во Северна Америка е пренесување на француската католичка традиција од страна на браќата Ле Мојн. Кон крајот на 17 век, францускиот крал Луј XIV ги испратил браќата Пјер и Жан-Батист Ле Мојн за да ја одбранат од британска колонизација територијата на Луизијана, која ги вклучувала денешните американски држави Алабама, Мисисипи, Луизијана и дел од источен Тексас.[8]

Тие, вечерта на 2 март 1699 година, со својата експедиција навлегле во устието на реката Мисисипи. Продолжиле 97 км по течението на реката до местото каде што денес се наоѓа Њу Орлеанс и направиле камп. Тоа се случило на 3 март 1699 година, ден во кој се паѓал празникот Марди Гра, па во чест на овој празник, Ибервил го нарекол местото Марди Гра Пункт (француски: „Point du Mardi Gras“) и ја именувал притоката која се наоѓала во близина како Бају Марди Гра.[9] Жан-Батист во 1702 ја основал населбата Мобил (во денешна Алабама) и тоа бил првиот главен град на француската Луизијана.[10] Во 1703 година, француските доселеници во Мобил ја започнале традицијата на организирано прославување на Марди Гра во Соединетите Американски Држави.[11][12][13] Првото неформално Мистично друштво, било формирано во Мобил во 1711 година.[11] Во 1720 година, Билокси станал главен град на Луизијана.[8]

 
Витезите на веселбата парадираат по Кралската улица во Мобил за време на Марди Гра во 2010 година.

Во 1723 година, главниот град на Луизијана бил преместен во Њу Орлеанс, кој пак бил основан во 1718 година.[10] Првата парада на Марди Гра во Њу Орлеанс се одржала во 1837 година. Традицијата во Њу Орлеанс се проширила до тој степен што таа станала синоним за градот во перцепцијата на народот и била прифатена од жителите на Њу Орлеанс без разлика на народноста или религијата. На Денот на Марди Гра, вторникот пред Пепеласта среда (Чиста среда), завршува сезоната на паради и прослави со одржување на Собирот на дворјаните (меѓу народот познат како Рекс бал (Кралски бал)). Марди гра се прославува и во другите градови долж брегот на Мексиканскиот Залив кои порано биле француски колонии: Пенсакола ; Галвстон, Лејк Чарлс и Лафајет; и на север до Начез и Александрија.

Во 1867 година е снимена прославата на Марди Гра во Галвстон (ова е првата снимена прослава), во која се снимени балот под маски во Тарнер Хол и театарската изведба на Шекспировата драма „Кралот Хенри IV“ со Алван Рид како Фалстаф.

Во областа на Сент Луис, основан во 1764 година, е домаќин на втората по големина прослава на Марди Гра во САД.[14] Прославата се одржува во поранешната француска колонијална населба Солард и привлекува стотици илјади луѓе од целата земја.[15] Иако градот е основан во 1764 година, прославата на Марди гра во Сент Луис датира од 1980-тите.[16] Прославата во градот започнува на „12-та ноќ“ по Божик, т.е. на Водици, а завршува на Мрсен вторник. За време на фестивалот има многу паради во кои се истакнува богатото француско католичко наследство на градот.[17]

Чешка

уреди

Во Чешка традиционално се прославува Марди Гра, и таму се нарекува Масопуст. Има прослави на многу места, и во Прага [18] но традиционално се одржувала во селата како Старе Хари, каде што тамошните поворки од врата до врата се најдоа на списокот на светско нематеријално културно наследство на УНЕСКО.[19]

Германија

уреди

Прославата на истиот ден во Германија има различни термини, како што се Мрсен четврток (гер:Schmutziger Donnerstag), Дебел четврток (Fetter Donnerstag), Бесмислен четврток (Unsinniger Donnerstag), Пост од жени (Weiberfastnacht), Мрсен ден (Greesentag) и други, и честопати се само еден дел од целиот карневалски настан кој трае една или две недели пред Чиста среда, а се викаат Карневал, Фашинг или Фастнахт, во зависност од регионот. Во стандардниот германски, шмуциг значи „валкан“, но во алеманските дијалекти schmotzig значи „сало“ или „дебело“;[20] „Мрсен четврток“, бидејќи тогаш се јаделе преостанатите зимски резерви од свинска маст и путер, пред почетокот на постот. Fastnacht значи „Ноќ на пост“, но сите три термини се однесуваат на целиот период додека трае карневалот. Традиционално карневалот започнува на 11 ноември во 11:11 часот (11/11 11:11).

Италија

уреди

Во Италија Марди Гра се нарекува Мрсен вторник (Martedì Grasso). Тоа е главниот ден на карневалот заедно со претходниот четврток, наречен Мрсен четврток (Giovedí Grasso), кога и почнува прославата. Најпознатите карневали во северна Италија се во Венеција, Виареџо и Ивреа. Во Ивреа се одржува „Борбата со портокали“ која потекнува од средновековните времиња.[21]

Шведска

уреди

Во Шведска прославата се нарекува Мрсен вторник (Fettisdagen), кога се јаде семла. Името доаѓа од зборовите „фет“ (маст) и „тисдаг“ (вторник).[22]

Костими и маски

уреди
 
Марди Гра во Њу Орлеанс во 1937 година

При Марди Гра прославите и парадите, учесниците скоро секогаш користат маски и костими, а најпопуларните славски бои се виолетова, зелена и златна. Во Њу Орлеанс, често се користат костими на самовили, животни, митолошки ликови или разни средновековни носии [23] како и кловнови и Индијанци (домородни Американци).[24] Костимите од поново време се едноставни креации од обоени пердуви и наметки. Според венецијанската традиција исто така почнале да се користат и златни маски како вообичаени костими.[25]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „9 Things You May Not Know About Mardi Gras“. History. Посетено на 8 January 2019.
  2. „The Julian calendar takes effect for the first time on New Year's Day“. History.com. 21 July 2010. Посетено на 17 February 2021.
  3. „Saturnalia“. History.com. 5 December 2017. Посетено на 17 February 2021.
  4. 4,0 4,1 4,2 „Mardi Gras Terminology“. Mobile Bay Convention & Visitors Bureau. Архивирано од изворникот на 9 December 2007. Посетено на 18 November 2007.
  5. Wilds, John; Charles L. Dufour; Walter G. Cowan (1996). Louisiana, Yesterday and Today: A Historical Guide to the State. Baton Rouge: LSU Press. стр. 157. ISBN 978-0807118931. Посетено на 11 December 2015.
  6. Bratcher, Dennis (7 January 2010). „The Season of Lent“. Christian Resource Institute. Посетено на 25 June 2016.
  7. "Mobile Carnival Association, 1927", MardiGrasDigest.com, 2006, webpage: mardigrasdigest-Mobile Архивирано на 7 март 2006 г. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 7 March 2006. Посетено на 12 March 2018.
  8. 8,0 8,1 „Mardi Gras History & Timeline“. web.archive.org. 2010-11-24. Архивирано од изворникот на 2010-11-24. Посетено на 2021-12-26.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  9. „9 Things You May Not Know About Mardi Gras“. History.com. Посетено на 17 August 2017.
  10. 10,0 10,1 "Timeline 18th Century:" (events), Timelines of History, 2007, webpage: TLine-1700-1724: on "1702–1711" of Mobile.
  11. 11,0 11,1 „Carnival/Mobile Mardi Gras Timeline“. Museum of Mobile. Museum of Mobile. Посетено на 18 July 2012.
  12. "Mardi Gras in Mobile" (history), Jeff Sessions, Senator, Library of Congress, 2006, webpage: LibCongress-2665.
  13. "Mardi Gras" (history), Mobile Bay Convention & Visitors Bureau, 2007, webpage: MGmobile.
  14. Geiling, Natasha. „Best Places to Celebrate Mardi Gras Outside of New Orleans“. Smithsonian (англиски). Посетено на 11 February 2018.
  15. Houser, Dave G. „7 big Mardi Gras celebrations (not in New Orleans)“. chicagotribune.com (англиски). Посетено на 11 February 2018.
  16. „Mardi Gras in St. Louis' Soulard Neighborhood“. Посетено на 12 February 2018.
  17. „12th Night | Soulard Mardi Gras 2018“. stlmardigras.org (англиски). Посетено на 11 February 2018.
  18. „Mardi Gras in Bohemia-Prague“. YouTube. Архивирано од изворникот на 2021-12-26. Посетено на 18 January 2016.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  19. „Staročeský masopust Hamry“. Посетено на 16 December 2017.
  20. „Woher hat der Schmutzige Donnerstag seinen Namen?“. Regionalzeitung Rontaler AG (германски). 17 February 2013. Посетено на 7 February 2015.
  21. Killinger, Charles L. (2005). Culture and Customs of Italy (англиски). Greenwood Publishing Group. стр. 94. ISBN 978-0313324895. mardi gras in italy.
  22. „Swedish semla: more than just a bun“. Sweden.se. Архивирано од изворникот на 6 June 2011. Посетено на 22 February 2011.
  23. Lisa Gabbert (1999). Mardi Gras: A City's Masked Parade. The Rosen Publishing Group. стр. 4. ISBN 978-0-8239-5337-0.
  24. A Mardi Gras Dictionary. Pelican Publishing. стр. 6. ISBN 978-1-4556-0836-2.
  25. J.C. Brown (2008). Carnival Masks of Venice: A Photographic Essay. AAPPL Artists & Photographers Press, Limited. ISBN 978-1-904332-83-1.

Надворешни врски

уреди