Хамбургер
Хамбургер (англиски: hamburger, скратено: бургер) — вид сендвич што се состои од сплескано ќофте од мелено месо, кое се става во кружен леб исечен на два дела.[1][2] Хамбургерите често доаѓаат со различни сосови, најчесто кечап, мајонез и сенф. Обично се додаваат гарнири како марула, домати, кромид, кисели краставички и сирење. Хамбургерот прелиен со сирење се нарекува чизбургер. Традиционално се продава во сендвичари, но се наоѓа и во некои врвни ресторани. Постојат многу меѓународни и регионални разновидности на хамбургерот.
Историја
уредиПостојат многу теории за потеклото на хамбургерот.[3] Според некои истражувачи, јадењето било популарно во Хамбург до 1869 г. под името „Rundstück warm“ (топло лепче) и го јаделе многу емигранти на пат кон Америка.[4] Според други, хамбургерот првпат бил создаден во Америка во 1900 г. од дански имигрант во Њу Хејвен, Конектикат.[5] Противниците на оваа изјава сметаат дека градот Хамбург во Германија е родното место на хамбургерот и неговиот откривач — Ото Квазе.[6] Меѓутоа, сендвичот добил национална озлогласеност по трговскиот саем во Сент Луис во 1904 г. Спорот за основачот продолжува до ден-денес.
Наводи
уреди- ↑ „хамбургер“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „хамбургер“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ McWilliams, Mark (6 април 2012). The Story behind the Dish: Classic American Foods: Classic American Foods. ABC-CLIO. ISBN 9780313385100.
- ↑ „Neuester, vollständiger Führer durch Hamburg, Altona und Umgegend: Mit Berücksichtigung von Kiel, Helgoland, Lübeck und Travemünde. Mit vielen lithogr. Abbildungen u. d. neuesten Plane der Stadt“ [Newest, complete guide to Hamburg, Altona and surroundings.]. Bavarian National Library Archives. Hamburg: J. F. Richter. 1869.
- ↑ Rosa L. DeLauro (2000). Louis' Lunch.
- ↑ Lance Gay Scripps (2 април 2004). Birth of an icon: Hamburger's origins unclear, but it became popular 100 years ago Архивирано на 16 јануари 2013 г.. Deseret News (Salt Lake City).
Надворешни врски
уреди- хамбургер во Викиречникот