Отвори го главното мени

Невада (англиски: Nevada) е сојузна држава на САД. Невада се наоѓа во западниот, планинскиот и југозападниот дел на САД. Таа е 7 сојузна држава по територија, 35 најнаселена сојузна држава и 9 најслабо населена држава по густина на население во САД. Околу две третини од населението на Невада живее само во еден округ, Кларк, каде се наоѓа Метрополитенската област Лас Вегас-Парадајс.[1] Главен град на Невада е Карсон Сити.

Невада
Nevada
Знаме на Невада Печат на Невада
Знаме на Невада Печат на Невада
Прекар(и):
АлабамаАлјаскаАризонаАрканзасКалифорнијаКолорадоКонектикатДелаверФлоридаЏорџијаХаваиАјдахоИлиноисИндијанаАјоваКанзасКентакиЛуизијанаМејнМерилендМасачусетсМичигенМинесотаМисисипиМонтанаМисуриНебраскаНевадаЊу ХемпширЊу ЏерсиЊу МексикоЊујоркСеверна КаролинаСеверна ДакотаОхајоОклахомаОрегонПенсилванијаРод АјлендЈужна КаролинаЈужна ДакотаТенесиТексасЈутаВермонтВирџинијаВашингтонЗападна ВирџинијаВисконсинВајомингMap of USA NV.svg
За сликава
Службен јазик нема, де факто англиски
Говорени јазици англиски, шпански
Главен град Карсон Сити
Најголем град Лас Вегас
Површина  . место
 - Вкупно 286.367 км²
 - Широчина  км
 - Должина  км
 - % вода 1.971
 - Гео. ширина
 - Гео. должина
Население  2,723,322. место
 - Вкупно
 - Густина /км² (. место)
Надм. вис.  
 - Највисока точка
 м
 - Најниска точка  м
Влез во сојузот  ()
Гувернер Брајан Сандовал
Сенатори
Делегација на конгресот
Часовен појас
Кратенки NS [[ISO 3166-2|]]
Портал www.nv.gov

Поголемиот дел од Невада е пустина или полусува почва. Пустинскиот дел се наоѓа во Големиот Басен. Јужните предели на Големиот Басен се наоѓаат во рамките на пустината Мохаве, додека пак езерото Тахое и Сиера Невада се наоѓаат во западниот дел. Околу 86% од територијата на државата е во сопственост на федералната влада на САД, но и други граѓански и воени институции.[2]

Официјалниот прекар на Невада е „Сребрена држава“ (Silver State), како последица на важноста на среброто во историјата и економијата на државата. Покрај тој прекар, Невада е позната и како „Држава родена во битка“ (Battle Born State), бидејќи Невада како држава била формирана за време на Американската граѓанска војна. Третиор популарен прекар за Невада е „Држава на пелинот“ (Sagebrush State), бидејќи тоа растение (Artemisia tridentata) е ендемично за западниот дел на САД и Невада.


ЕтимологијаУреди

Името Невада (Nevada) потекнува од името на планината Сиера Невада (Sierra Nevada), што на шпански значи „планини прекриени со снег“.

Административна поделбаУреди

 
Карта на окрузите во Невада.
  Главна статија: „Окрузи во Невада.

Невада е поделена на 17 окрузи. Карсон Сити е официјално назначен како општина, но често се смета за округ. Окрузите се од 1919 година, со една мала измена. Имено, во 1969 округот Ормсби престанал да постои и во истите граници била основана општината Карсон Сити.

Окрузи во Невада
округ седиште основан население од 2010[3] % од вкупното население површина (mi²) % од вкупната површина густина на население (/mi²)
Карсон Сити Карсон Сити 1861 55,274 2.63 % 146 0.13 % 359.29
Чрчил Фалон 1861 24,877 1.20 % 5,023 4.54 % 4.77
Кларк Лас Вегас 1908 1,951,269 68.85 % 8,091 7.32 % 170.04
Даглас Минден 1861 46,997 2.06 % 738 0.67 % 55.91
Елко Елко 1869 48,818 2.27 % 17,203 15.56 % 2.63
Есмералда Голдфилд 1861 783 0.05 % 3,589 3.25 % 0.27
Јурика Јурика 1869 1,987 0.08 % 4,180 3.78 % 0.39
Хамболт Винамака 1856/1861 16,528 0.81 % 9,658 8.74 % 1.67
Лендер Бетл Маунтан 1861 5,775 0.29 % 5,519 4.99 % 1.05
Линколн Пиоче 1866 5,345 0.21 % 10,637 9.62 % 0.39
Лајон Јерингтон 1861 51,980 1.73 % 2,016 1.82 % 17.11
Минерал Ноторн 1911 4,772 0.25 % 3,813 3.45 % 1.33
Нај Тонопа 1864 43,946 1.63 % 18,159 16.43 % 1.79
Першинг Лавлок 1919 6,753 0.33 % 6,068 5.49 % 1.10
Стори Вирџинија Сити 1861 4,010 0.17 % 264 0.24 % 12.88
Вашо Рино 1861 421,407 16.99 % 6,551 5.93 % 51.82
Вајт Пајн Ели 1869 10,030 0.46 % 8,897 8.05 % 1.03
вкупно окрузи: 17 2,700,551 110,552 18.08

НаводиУреди

  1. „Table 2. Annual Estimates of the Population of Combined Statistical Areas: April 1, 2000 to July 1, 2009 (CBSA-EST2009-02)“ (CSV). 2009 Population Estimates. United States Census Bureau, Population Division. March 23, 2010. конс. April 19, 2010. 
  2. „Federal Land Acres in Nevada“ (PDF). US Dept. of the Interior, Bureau of Land Management. Архивирано од изворникот (PDF) на September 30, 2006. конс. May 7, 2009. 
  3. http://nvdemography.org/wp-content/uploads/2010/04/NV-Total-Census-Population-By-County.pdf

ПоврзаноУреди

Надворешни врскиУреди

Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема:

Координати: 39°N 117°W / 39° СГШ; 117° ЗГД / 39; -117