Куглање — спортска игра која е генерално поделена на два дела, куглање на десет (ten-pin) и на девет чунови (nine-pin). По распространета е првата варијанта која е воедно и по популарна и се игра низ целиот свет речиси без исклучок, додека втората е особено популарна во Средна Европа и на Балканот, а во помали рамки постои и во Аргентина, Нов Зеланд и на Филипините. Играта на десет чунови е позната како боулинг (bowling), а онаа на девет како класично куглање (classic).

Куглар како фрла топка.

Спортско куглање

уреди

Спортот е поединечен и екипен, за него се градат специјални спортски дворани со 2, 4 или 8 патеки на чиј крај се поставени чуњеви кои се „буткаат“ со исфрлање на куглата. Куглата за натпревар е помала од куглата за боулинг и нема дупчиња ѕа прсти. По буткање чуњевите се креваат и спуштаат автоматски, исто така и куглите автоматски се враќаат во лежиштето од кое кугларот ги позема. Денес постојат повеќе видови автомати и нивната технологија е се пософистицирана. Натпреварот се игра во 120 исфрлања поделено на четири патеки. Секој куглар има на секоја патека по 30 „фрлања“ од кои 15 се исфрлаат како „полни“ те. на сите девет чуневи, и 15 „чистења“ каде по ударот се враќаат чуневите што не се оборени сè додека не се „исчистат“ сите девет. Во тек на натпреварот кугларите постигаат реѕултати помеѓу 500 и 700 бода, но во последно време се прават и рекордни реѕултати над 700 бода. Правилото е со понов датум, додека според претходното правило натпреварувачот исфрлаше 200 кугли.

Спортско куглање во Македонија

уреди

Во Македонија куглањето спорт во кој се вложува многу малку, но едновремено спорт во кој се постигнати огромни резултати. Во Македонија постои кугларска лига, освен во Скопје постојат кугларски клубови во Битола, Струга и Велес кои поради одржување на кугланата не се секогаш во можност да реализираат свои учества во лигата. Македонските клубови и репрезентацијата имаат врвни резултати на меѓународните натпревари, а воедно се и организатори на неколку меѓународнии турнири. Куглање во Македонија датира од 1974, но од 1977 се регистрирани првите играчи. Првите регистрирани клубови биле: Вардар, Металург, Сини, ФАС, Метропол, Работнички, Парк, 22. Декември, Пелагонија, Алумина, Графичар итн. Во периодот до 21 век куглани имало во повеќе градови во Македонија. Денес кугларската лига ја сочинуваат следните клубови 18 август 2016, ГТЦ-Мусандра, Макпетрол, Тутунски комбинат, Вардар 2014, и екипата на Хераклеја од Битола. Исклучително лошите услови и постојан недостиг на елементарни средства го има елиминирано женското куглање, кое во 20 век исто така беше забележително на меѓународното поле.