Томас Џеферсон
Томас Џеферсон (англиски: Thomas Jefferson, 13 април 1743 - 4 јули 1826) — третиот претседател на САД (1801-1809), главниот автор на Декларацијата за независност (1776) и еден од највлијателните „татковци“ на САД и поборник за идеалите на републиканството. Главни случувања за време на неговиот мандат се купувањето на Луизијана од Франција (1803) и експедицијата на Луис и Кларк (1804-1806).
Томас Џеферсон Thomas Jefferson | |
| |
3
| |
Мандат 4 март 1801 – 4 март 1809 | |
Заменик претседател(и) | Ерон Бр Aaron Burr |
---|---|
Претходник | Џон Адамс |
Следбеник | Џејмс Медисон |
Роден | 13 април 1743 Шедвел, Вирџинија, САД |
Починал | 4 јули 1826 Шарлотсвил, Вирџинија, САД |
Партија | Демократско-републиканска партија |
Сопружник | Марта Вејлс Скелтон Џеферсон |
Професија | Адвокат, Земјоделец |
Религија | Деист |
Потпис |
Џеферсон бил политичар, филозоф и претставник на просветителството и познавал многу интелектуалци - водачи во Велика Британија и Франција. Тој го сметал независниот земјоделец како пример на доблестите на републиканството, не верувал во градови и финансиери и се залагал за поголеми права и самоуправа на државите и лимитирана федерална влада. Џеферсон го поддржувал принципот на одделување на црквата од државата и бил автор на Статутот на Вирџинија за Слобода во Религијата (1779, 1786). Тој бил епоним на Џеферсоновата демократија и соосновач и водач на Демократско-републиканската партија која ја доминирала американската политичка сцена во должина од четврт век. Џеферсон бил Гувернер на Вирџија за време на војната (1779-1781), првиот Државен секретар на САД (1789-1793) и вториот заменик претстедател на САД (1797-1801).
Џеферсон имал енциклопедиско познавање на историјата и науката и покажал особени успеси како државник, хортикултурист, архитект, археолог, палеонтолог, автор, пронаоѓач и основач на Универзитетот на Вирџинија. Во 1962 година претседателот Џон Кенеди пречекал 49 нобеловци во Белата Куќа и во таа прилика рекол: „Мислам дека ова е најневеројатната грутка на талент и знаење што се има собрано во Белата Куќа, можеби со исклучок на случаите кога Џеферсон јадел сам тука“.