Јужна Дакота
Јужна Дакота е сојузна држава од САД, сместена во централниот северен дел од земјата. Главен град е Пиер. Маунт Рашмор се наоѓа во Јужна Дакота.
Јужна Дакота State of South Dakota | |||||||||||
| |||||||||||
Службен јазик | англиски | ||||||||||
Главен град | Пиер | ||||||||||
Најголем град | Сиукс Фолс | ||||||||||
Површина | 17. место | ||||||||||
- Вкупно | 199 905[1] км² | ||||||||||
- Широчина | 340 км | ||||||||||
- Должина | 610 км | ||||||||||
- % вода | 1,6 | ||||||||||
- Гео. ширина | 42° 29′ N до 45° 56′ N | ||||||||||
- Гео. должина | 96° 26′ W до 104° 03′ W | ||||||||||
Население | 46. место | ||||||||||
- Вкупно | 754 844 | ||||||||||
- Густина | 3,84/км² (46. место) | ||||||||||
Надм. вис. | |||||||||||
- Највисока точка | Врв Харни[2] 2 209 м | ||||||||||
- Најниска точка | Езеро Биг Стоун[2] 295 м | ||||||||||
Влез во сојузот | 2 ноември 1889 (40) | ||||||||||
Гувернер | М. Мајкл Раундс (Р) | ||||||||||
Сенатори | Тим Џонсон (Д) Џон Тун (Р) | ||||||||||
Делегација на конгресот | |||||||||||
Часовен појас | {{{часовен појас}}} | ||||||||||
Кратенки | SD US-SD | ||||||||||
Портал | www.state.sd.us |
Географија
уредиНа север Јужна Дакота се граничи со Северна Дакота, на исток со Минесота и Ајова, на југ со Небраска и на запад со Вајоминг и Монтана. Државата се состои од три главни региони, источните прерии, централните големи рамнини и Црните Врвови на запад. Мисури ја сече од север кон југ.
Историја
уредиФранцузите ја истражиле областа во XVIII век и им ја продале на САД во 1803 година како дел од зделката "Луизијана". Луис и Кларк на својата експедиција поминале седум недели во Јужна Дакота во 1804 година. Територијата Дакота била оформена во 1861 година, но населбите биле ретки сè до Златната треска на Црните Врвови во 1875-1876 година, кога бројот на населението нагло се зголемил. Повремени војни меѓу Индијанците и белите имигранти имало сè до масакрот на Повреденото Колено во 1890 година. Јужна Дакота станала 40-та држава на САД во 1889 година.
Стопанство
уредиЕкономската основа на државата се земјоделството и сродните индустрии. Предводник е во сточарството во САД, а главен земјоделски производ се житарките. Туризмот е важна гранка на економијата, а главни знаменитости се Моунт Рашмор, Националниот парк Пештера на ветерот, Националниот парк Бедлендс и Националниот споменик Пештера на накитот.
Белешки
уреди- ↑ „Land and Water Area of States (2000)“. www.infoplease.com. Посетено на 3 септември 2007.
- ↑ 2,0 2,1 „Elevations and Distances in the United States“. U.S Geological Survey. Архивирано од изворникот на 2008-06-01. Посетено на 7 ноември 2006.
Оваа статија за место во САД е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |