Мисирка
Дива мисирка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Кокошковидни
Семејство: Фазани
Потсемејство: Мисирки
Род: Мисирка
Линеј, 1758
Видови

M. gallopavo
M. ocellata

Мисирка (научMeleagris) — род големи птици со потекло од Америка. Опфаќа два вида: еден е дивата мисирка (Meleagris gallopavo) од шумите на Мексико и САД, подоцна припитомената во облик на домашната мисирка, а другата е пауновата мисирка (Meleagris ocellata) со потекло од шумите на полуостровот Јукатан.[1] Мажјаците имаат забележлива месеста брадичка или израсток виснат од клунот. Како и многу други кокошковидни птици, мажјакот е поголем и многу пошарен од женката.

Таксономија

уреди

Родот и припаѓа на семејството на фазаните (Phasianidae) и е сместена во сопствено потсемејство мисирки (Meleagridinae) од редот на кокошковидните (Galliformes).[2]

Живи видови

уреди
 
Паунова мисирка (мажјак).
 
Јајце на дива мисирка во Музејот Тулуз.
Слика Научно име Обично име Распределеност
  Meleagris gallopavo дива мисирка или домашна мисирка шумите на Северна Америка, од Мексико (каде тие за прв пат биле припитомени од Маите)[3] до среднозападни и источни Соединети Држави и кон југоисточна Канада
  Meleagris ocellata паунова мисирка шумите на полуостровот Јукатан, Мексико[1]

Фосилни наоди

уреди

Пронајдени се фосили на разни изумрени видови мисирки, почнувајќи од раниот миоцен (пред ~ 23 мг)

  • Meleagris - неодредени видови (ран плиоцен во долината Боун, САД)
  • Meleagris progenes (доцен плиоцен, округ Мид, САД)
  • Meleagris - неодредени видови (доцен плиоцен во копот Макасфалт, САД)
  • Meleagris californica (доцен плеистоцен на југозападот на САД)
  • Meleagris crassipes (доцен плеистоцен на југозападот на САД)

Корист од луѓето

уреди

Видот Meleagris gallopavo е јаден од луѓе. Најпрво биле припитомени од домородните народи на денешно Мексико од најмалку 800 п.н.е. па натаму. Потоа, овие припитомени или биле доведени во денешниот југозападен САД или самостојно се припитомиле по втор пат од домородното население во тој регион до 200 година п.н.е., најпрво користејќи ги за пердуви, кои биле користени на церемонии и за правење наметки и ќебиња.[4] Мисирките први биле јадени од домородните Американци околу 1100 година.[4] Во споредба со дивите мисирки, домашните мисирки се изборно одгледувани за да растат со поголема големина за нивното месо.[5][6] Жителите на Соединетите Држави често јадат мисирка во посебни прилики како на Денот на благодарноста или Божиќ.[7][8]

Норфолшки мисирки

уреди

Во нејзините мемоари, Лејди Дороти Невил (1826–1913)[9] потсетува дека нејзиниот прадедо Хорејшио Волпол, I Оксфорски ерл (1723–1809), увезувал количина американски мисирки[9] кои биле чувани во шумата околу Волтертон Хол и со голема веројатност биле ембрионско јато за познатата раса на норфолшки мисирки во денешно време.

Мисирката како тема во уметноста

уреди

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Donald Stanley Farner and James R. King (1971). Avian biology. Boston: Academic Press. ISBN 0-12-249408-3.
  2. Crowe, Timothy M.; Bloomer, Paulette; Randi, Ettore; Lucchini, Vittorio; Kimball, Rebecca T.; Braun, Edward L. & Groth, Jeffrey G. (2006a): Supra-generic cladistics of landfowl (Order Galliformes). Acta Zoologica Sinica 52(Supplement): 358–361. PDF fulltext Архивирано на 23 јуни 2010 г.
  3. „Earliest use of Mexican turkeys by ancient Maya“. ScienceDaily (англиски). Посетено на 21 април 2021.
  4. 4,0 4,1 „Native Americans First Tamed Turkeys 2,000 Years Ago“. Seeker (Discovery News). Посетено на 21 април 2021.
  5. „Amazing Facts About Turkey“. OneKind. Архивирано од изворникот на 2015-12-24. Посетено на 21 април 2021.
  6. „My Life as a Turkey – Domesticated versus Wild Graphic“. PBS. Посетено на 21 април 2021.
  7. „Why do we eat turkey for Thanksgiving and Christmas?“. Slate. 25 ноември 2009. Посетено на 21 април 2021.
  8. „Why Do We Eat Turkey on Thanksgiving?“. Wonderopolis. Посетено на 21 април 2021.
  9. 9,0 9,1 Nevill, Lady Dorothy (1894). Mannington and the Walpoles, Earls of Orford. With ten illustrations of Mannington Hall, Norfolk (PDF). London: Fine Art Society. стр. 22. Посетено на 21 април 2021.
  10. Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 82-83.

Дополнителна книжевност

уреди
  • Madge and McGowan. Pheasants, Partridges and Grouse. ISBN 0-7136-3966-0.
  • National Geographic Society (2002). Field Guide to the Birds of North America. Washington, D.C.: National Geographic Society. ISBN 0-7922-6877-6.
  • Porter, W. F. (1994). "Family Meleagrididae (Turkeys)". In del Hoyo, J., Elliott, A. & Sargatal, J. eds. Handbook of the Birds of the World, Vol. 2. New World Vultures to Guineafowl. Barcelona: Lynx Edicions, pp. 364–375. ISBN 84-87334-15-6.

Надворешни врски

уреди