Дванаесетта македонска ударна бригада

Дванаесетта македонска ударна бригада (позната и како Скопска ударна бригада) била формирана на 12 септември 1944 во с. Војница, Велешко. Била формирана од околу 500 новопристигнати борци од Скопско и десетина борци од Третата македонска ударна бригада како раководен кадар. Веќе на 6 октомври 1944 година, бројот на борците бил 870 борци и старешини, откако кон бригадата се приклучил и Четвртиот скопски партизански одред со 370 борци.[1] Формациски била дел од Четириесет и втората дивизија на НОВЈ.

Дванаесеттата македонска ударна бригада
Активна12 септември 1944 – 1 мај 1945
ЗемјиМакедонија
Големинаоколу 1100 борци
МаршМаршот на Дванаесеттата македонска ударна бригада
БиткиЗавршни операции за ослободување на Македонија
Одликувања
Орден заслуги на народ со златна ѕвезда
Команданти
Истакнати
команданти
Трајко Стојковски - Бузо

Команден состав

уреди

Командниот состав на бригадата го сочинувале:[1]

Политички комесар бил:

Борбени дејства

уреди

По формирањето бригадата имала малку оружје 60 пушки, 5 автомати и неколку пиштоли, па заради вооружување на 14 септември 1944 година била упатена на кумановскиот терен во придружба на борци од Осмата македонска ударна бригада.[1]

на 22 септември 1944 година, бригадата била упатена на теренот југозападно од Скопје, каде се приклучиле уште околу 265 борци. Ова било извршено со наредба на ГШ на НОВ и ПОМ со која сите скопјани кои излегле како борци на овој терен, се упатувале да бидат дел од оваа бригада.[1] Бригадата водела успешни борби, посебно со балистите во пределот на Грчец, Нерези и Крушопек, ја онеспособувала пругата кај с. Зелениково како и станицата кај село Драчево и учествувала во ослободувањето на Велес и Скопје. При нападот за ослободување на Скопје, на 13 ноември 1944 година, бригадата броела 1100 борци и старешини.

При реорганизацијата во декември 1944 година, бригадата влегла во составот на Четириесет и првата македонска дивизија на НОВЈ и учествувала во борбите против балистите на Косово до крајот на декември 1944 година.

Бригадата е одликувана со Орден заслуги на народ со златна ѕвезда.[2]

Маршот на Бригадата

уреди

Во секој слободен момент на Бригадата се увежбувале борбени песни на различни јазици. Најангажирани во репертоарот биле Климе Куновски и Благоја Таневски - Бела. Со помош на својата тамбура Климе Куновски, почнал да работи на аранжман и текст за да го оформи Маршот на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Која во целост била завршена после првите жртви кои ги претрпела Бригадата ноќта помеѓу 29 и 30 септември при нападот на железничката станица во Драчево, кога биле допишани последните две строфи. Текстот на Маршот гласел:[3]

Дванаесеттата Бригада денеска е в строј

Иако уште млада, ал' спремна за бој.

Во бој, во бој со сите сили,

бидете спремни за народот свој.

Како силен Вардар и бура од Шар,

за борба е кадар, другарка, другар.

Од гнасни варвари во нерамен бој

паднаа другари, за народот свој.

Спијте си спокојно живее духот ваш,

на полето бојно, успехот е наш.

Список на броците во бригадата

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 117-118
  2. Котевски, Слободан (1969). Дванаесеттата македонска народноослободителна бригада - Скопската бригада. Белград: Народна армија. стр. 4.
  3. Котевски, Слободан (1969). Дванаесеттата македонска народноослободителна бригада - Скопската бригада. Белград: Народна армија. стр. 36–39.
  4. Котевски, Методија (1969). Скопската бригада (Дванаесетта македонска ударна бригада). Белград: Народна Армија. стр. 163–173.