Боге Миланов Матевски (28 август 1926 во Гурчино, Гостиварско13 ноември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Боге Матевски
Роден 28 август, 1926 година
Гурчино, Гостивар, Македонија
Починал 13 ноември, 1944 година
Скопје, Македонија
Националност Македонец

Животопис

уреди

Произлегува од селско семејство. Основно училиште завршил во родното село. По доселувањето во Скопје, се вработил како дреар во железничката ложилница. Бил учесник во многубројните саботажни и други акции на железничарските работници против окупаторот. Собирал народна помош и растурал илегален материјал. На 10 септември 1944 година стапил во борбените редови на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Како на храбар борец му бил доверен пушкомитралез „Зорка“. Бил учесник во сите борби на својата бригада против балистите и Германците, како и во борбите за ослободувањето на Скопје. На 13 ноември 1944 година, во првите утрински часови, храбро загинал во борбите околу заземањето на железничката станица. Неговите останки биле закопани на скопските гробишта.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 213. На |first= му недостасува |last= (help)