Васил Тодоров Иванов ( 1924 во Долно Нерези, Скопско12 ноември 1944 во Долно Нерези, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Произлегува од бедно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. Во Скопје се доселил непосредно пред окупацијата на Македонија и работел како општ работник. Во септември 1944 година стапил во борбените редови на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Набргу се истакнал како искусен и бестрашен борец во својата единица. Во бригадата бил назначен за политички комесар на третата чета во четвртиот баталјон. На оваа должност се покажал како способен раководител. Посебно внимание посветувал на борбеното обучување на своите борци. Под неговото раководство, единицата која му била доверена нему, секогаш со успех ги извршувала поставените борбени задачи. Со својата чета учествувал во борбите против балистите, на јужните приоди кон Скопје. На 12 ноември во борбата за ослободување на Скопје, во близина на Долно Нерези, тој храбро загинал.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 192. На |first= му недостасува |last= (help)