Лазо Јаневски
Лазо Ј. Јаневски ( 1917 во Сиричино, Тетовско — 19 септември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиЗаедно со семејството се преселил во Скопје. Произлегува од работничко печалбарско семејство. Завршил основно училиште, а потоа изучил занает. Работел како кројачки работник. Уште пред Втората светска војна учествувал во штрајковите на УРС-овите синдикати. Есента 1944 година стапил во Дванаесеттата македонска ударна бригада. Во составот на третата чета, втор баталјон, се покажал како храбар борец во борбите против балистичките банди концентрирани на теренот на Китка и Водно. Потоа учествувал против истиот непријател на терените околу Треска и Бел Камен. Учествувал и во борбата за заземање на Радио-станицата Скопје. Во овој судир храбро го дал својот млад живот. Неговите останки биле закопани на скопските гробишта.