Киро Теофиловски
Киро Стојанов Теофиловски ( 1913 во Скопје — 1944 во Бел Камен (Скопско)) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашно семејство. Основно и две години занаетчиско училиште завршил во родниот град, а потоа работел како столар. За време на фашистичката окупација на Македонија, бил симпатизер на народноослободителното движење. Во Дванаесеттата македонска ударна бригада стапил во 1944 година и учествувал во нејзините битки против балистичките банди на падините на Водно, кај селата Глумово, Матка и други места. Само неколку денови пред нападот на македонските воени единици на Скопје, храбро загинал во една борба против балистите кај Бел Камен. Неговите останки биле закопани на скопските гробишта.[1]