Јордан Чешмаџиски

Јордан Чешмаџиски ( 1923 во Скопје1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно, а потоа го продолжил образованието во вечерно училиште. Станал симпатизер на народноослободителното движење ѝ се вклучил во разни акции за собирање и испраќање на материјална помош за партизаните. Во борбените редови на Дванаесеттата македонска ударна бригада стапил во 1944 година и станал борец во третата чета од вториот баталјон. Во борбите пpoтив непријателот се истакнал како храбар борец. Поради тоа бил поставен за командир на треттата чета. Учествувал во сите борби против непријателот на Китка, Водно и Треска, потем во борбите за ослободувањето на Скопје, како и во борбите за дефинитивното уништување и разоружување на балистичките банди на Косово. Од тешките услови и секојдневните напорни борби, тешко оболел и непосредно пред дефинитивното ослободување на Македонија им подлегнал на последиците од болеста.

Наводи

уреди
  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 283–284. На |first= му недостасува |last= (help)