Драгољуб Анчевски

Драгољуб Лазаров Анчевски ( 1927 во Скопје1944 во Водно, Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Драгољуб Анчевски
Роден 1927 година
Скопје, Македонија
Починал ноември, 1944 година
Бел Камен, Водно, Скопје, Македонија

Животопис

уреди

Живеел во Ново Маало. По завршувањето на основното училиште го изучил кројачкиот занает и станал квалификуван работник. На 27 август 1944 година, стапил во редовите на Скопскиот партизански одред на Китка, а подоцна во Дванаесеттата македонска ударна бригада, бил борец во Првиот баталјон. Во состав на Скопскиот nартизански одред учествувал во неколку борби, а особено во организирањето на народот за престојната борба. Во борбите против балистите секогаш се истакнувал со храброст. Во една од нив кај месноста Бел Камен, на падините на Водно, храбро загинал непосредно пред ослободувањето на Скопје. По ослободувањето на градот, посмртните останки му биле погребани на скопските гробишта.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 171–172. На |first= му недостасува |last= (help)