Тихомир Божиновски

Тихомир Митев Божиновски ( 1922 во Сопиште, Скопско12 април 1945 во Илинци, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

По завршувањето на основното училиште работел како земјоделец. Летото и есента 1944 година, кога во неговиот крај пристигнале единиците на НОВ и ПОМ, како и неговите соселани со љубов ја помагале својата народна војска. Нешто подоцна, во ноември 1944 година стапил во Треттата македонска ударна бригада, во чиј состав учествувал во многубројни борбени судири со балистичките банди во Бујановачко. Учествувал во големиот пробив на Сремскиот фронт. Бил борец на тенковската дивизија. При еден јуриш кај Илинци, храбро загинал на 12 април 1945 година. Бил закопан на боиштето.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 35. На |first= му недостасува |last= (help)