Ристо Ристовски ( 1890 во Тетово1944 во Долно Соње, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Произлегува од сиромашно семејство, кое се занимавало со земјоделство. За време на окупацијата, под притисок на окупаторот, времено се преселил со семејството во Драчево. Во август 1944 година стапил во редовите на Четвртиот скопски партизански одред. Одредот дејствувал на овој терен околу месноста наречена Капино. На тој терен се истакнал како умешен политички работник. Подоцна кога одредот се припоил кон Дванаесеттата македонска ударна бриrада, учествувал во сите битки во нејзиниот состав. Во борбата што ја водела бригадата против балистичките банди кај Долно Соње, загинал откако посебно се истакнал со својата борбеност.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 238. На |first= му недостасува |last= (help)