Богојче Спасовски

Богојче Трајанов Спасовски ( 1924 во Броштица, Дебарско1944 во Вардар, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Произлегува од сиромашно селско семејство. Се доселил во Скопје со своето семејство во борбата за опстанок. Во септември 1944 година, стапил во редовите на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Бил распореден во третата чета на вториот баталјон. Учествувал во сите битки на бригадата против непријателот и при тоа се истакнал како дисциплиниран и храбар борец. Кон крајот на септември 1944 година бригадата заминала на Кумановскиот терен, со цел да се вооружи. Во една темна ноќ, големата колона борци на бригадата се упатила кон Вардар, со цел да го премине. Борците кои незнаеле да пливаат, меѓу кои бил и тој се удавиле во надојдените води на Вардар.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 245. На |first= му недостасува |last= (help)