Александар Петровски

Александар Врбанов Петровски ( 1925 во Рудовица, Колубарско, Србија24 април 1945 во Кајгана (град), Гарешница, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Се доселил во Скопје. На 12 август 1944 година стапил во НОВ и ПОЈ. Учествувал во завршните операции за ослободување на Македонија. Во составот на Четириесет и осмата македонска дивизија и XV македонски корпус, се борел за ослободубањето на неослободените краишта на Југославија. На Сремскиот фронт се истакнал во борбите против разбиените германско-усташки и други квислиншки единици. Храбро загинал на 24 април 1945 година, во борбата против Германските и усташките истурени позиции кај Кајгана.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 113. На |first= му недостасува |last= (help)