Никола Георгиевски
Никола Ангелов Георгиевски
Никола Георгиевски | ||
Роден | 1914 година Долно Водно, Скопје, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 1944 година Матка, Скопје, Македонија |
( 1914 во Долно Водно, Скопје — 1944 во Матка, Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно семејство. Уште како дете бил принуден да се занимава со земјоделство. Со доаѓањето на Дванаесеттата македонска ударна бриrада, стапил во нејзините редови. Бил борец на третата чета на првиот баталјон. Се истакнал како мошне дисциплиниран и храбар борец. Со оглед на тоа што е роден на теренот каде бригадата ги водела борбите и акциите против непријателот и добро го познавал истиот, често бил ангажиран да ги води своите соборци. Во завршните акции и борби за ослободувањето на Скопје, неговиот баталјон добил задача за напад на балистите и Германците на теренот на хидроцентралата Матка. Во жестоките борби за нејзиното преземање, тој загинал.