Панче Арсовски (Скопје, 1922 – Скопје, 13 ноември 1944) – македонски партизан, комунист, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ.[1][2]

Панче Арсовски
Роден 1922
Скопје
Починал 1944
Скопје
Занимање партизан

Животопис

уреди

Панче Арсовски е роден во Скопје во 1922 година. Татко му бил учител. Мајка му останала рано вдовица, со седум дечиња.[2] Основно училиште завршил во родниот град, а поради сиромаштија не можел да продолжи со школувањето, туку започнал да изучува чевларски занает. Преку дружбата со прогресивно ориентирани младинци, Панче се снабдувал со револуционерна литература. Така, уште од своите рани години се определил за револуционерната борба на работничката класа. Во почетокот на 1938 година станал член активен член на Урсовите синдикати и учествувал во штрајкови што ги организирале УРС синдикатите. Бил еден од организаторите на музичката секција на КУД „Абрашевиќ“ и активно учествувал во собирање на народна помош.

Во текот на Втората светска војна, Арсовски станал член на КПЈ. Работел и на организирање на младинците од скопските села, главно во Арачиново и Горно Лисиче, преку кои собирал оружје и муниција, како и прехранбени производи. Во септември 1941 година бил затворен од бугарската полиција и осуден на казна затвор. Казната ја издржувал во Скопје, Плевен и Варна. По излегување од затвор, во септември 1944 година, стапил во редовите на Дванаесеттата скопска ударна бригада и бил поставен како политички комесар на чета во Третиот Баталјон. Учествувал во борбите кај Матка и на реонот на Ракотинци. Во борбите за ослободување на Скопје се борел во првите борбени редови на улиците на Скопје, а против германските фашисти. Храбро загина во уличните борби за ослободувањето на Скопје, на 13 ноември 1944 година, како командир на ударна група.[2]

Во дворот на училишниот центар во Железарница била поставена спомен биста на Панче Арсовски, која била откриена во 1980 година. Автор на бистата бил Цветан Димитровски.

Наводи

уреди
  1. Крсто Здравковски: „Да не се заборави“, Архив на Скопје, 1982 г., стр. 139
  2. 2,0 2,1 2,2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив-Скопје. 1969. стр. 28. На |first= му недостасува |last= (help)