Петко Томев Стојковски ( 1922 во Скопје12 септември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Непосредно по пуштањето од окупаторската бугарска фашистичка војска во која бил регрутиран, организирано почнал да работи за народноослободитепното движење. Бил приклучен во ударна група со која учествувал во многу акции против окупаторот и ги известувал единици на НОВ за положбата на непријателот, кои се приближувале околу скопскиот терен. За потребите на овие единици, честопати носел воен и друг материјал. Во извршувањето на овие задачи бил фатен при носењето оружје за потребите на Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Гестаповците кои го фатиле со оружје, го затвориле неколку дена во затвор, а потоа на 12 септември 1944 година го стрелале.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 264. На |first= му недостасува |last= (help)