Ристо Лазаревски
Ристо Миланов Лазаревски ( 1916 во Скопје — 1944 во Косово и Метохија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиЗавршил основно и средно училиште, а потоа работел како службеник. Непосредно по ослободувањето на Скопје, стапил во борбените редови на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Бил борец на првата чета од првиот баталјон. Бригадата тргнала во борбен поход против албанските фашисти, кои биле концентрирани во Ѓорче Петров со намера повторно да извршат напад на Скопје. По еднодневна борба, балистите биле разбиени и протерани во правецот на Тетово. Заедно со бригадата го продолжил гонењето на балистичките банди во Косово, со цел да бидат дефинитивно ликвидирани. Во една таква борба загинал кон крајот на 1944 година.[1]