Михајло Георгиевски
Михајло Георгиевски (Блатец, 7 февруари 1940) — книжевен историчар, истражувач на старите ракописи во Македонија и политичар.
Михајло Георгиевски | ||
Родена | 7 февруари 1940 Блатец, Кочанско | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Позната | откривање на 5 ракописи од почетокот на 16 век | |
Занимање | историчар, политичар |
Животопис
уредиРоден е во 1940 година во Блатец, Кочанско, тогаш во Кралство Југославија.
По завршувањето на средното образование, една година бил учител во с. Цера, Кочанско. Како студент во трета година, бил наставник во гимназијата „Ванчо Прке“ во Виница. По дипломирањето на Филозофскиот факултет (Група за македонски јазик и литература на народите на СФРЈ) во Скопје во 1964 година, една година бил професор во гимназијата „Наум Наумовски-Борче“ во Крушево, а потоа една година бил на усовршување на францускиот јазик во Франција. По враќањето се вработил во НУБ „Климент Охридски“ во Скопје како соработник, виш стручен соработник (1973) и библиотекарски советник (1983) за Збирката редок библиотечен материјал (1968–1974) и за Ракописната збирка (1974–2002). Докторирал на Сараевскиот универзитет на тема „Културно-просветната и политичката улога на библиотекарството во Вардарска Македонија меѓу двете светски војни“ (1982). Бил избран за виш научен соработник (1987). Последното десетлетие (до пензионирањето) работел како научен советник во Институтот за старословенска култура во Прилеп.[1]
Во 1988 година Георгиевски открил пет ракописи од 14 до 16 век во црквата Свети „Архангел Михаил“ во Бенче,[2] меѓу кои и Бенчевскиот литургиски зборник[3] и Бенчевското четвороевангелие.[4]
Во раздобјето 1998-2002 година бил пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.[5]
Творештво
уредиНегови поважни објавени трудови се:[6]
- 1972 - Македонска печатарска дејност,
- 1975 - Манастирските библиотеки и читалишта во Македонија,
- 1983 - Македонското книжевно наследство од 11 до 18 век,
- 1983 - Каталог на старопечатени и ретки книги во НУБ „Св. Климент Охридски“,
- 1989 - Библиотекарството во Македонија меѓу двете светски војни,
- 1997 - Словенски ракописи во Македонија (шест книги – од кн. III до кн. VIII),
- 1997 - Македонски светци,
- 1997 - Прилози од старата македонска книжевност и култура (кн. 1),
- 2008 - Општохристијански култни светци во Македонија
- 2009 - Прилози од старата македонска книжевност и култура (кн. 2),
- 2013 - Македонски црковни псалти,
- 2015 - Македонски писмовници (епистолари) од 16 и 19 век.
Награди
уредиЗа својата научна дејност е добитник на наградите:[6]
- 2001 - Награда „Св. Климент Охридски“, и
- 2009 - Награда „23 Октомври“
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 349. ISBN 978-608-203-023-4.
- ↑ Велев, Илија (2013). Средновековната духовна и книжевна традиција во Поречието, во: Луческа, Ели, Звонко Димоски, уредници. Сто години от раѓането на Јозеф Обрембски. Прилеп-Poznan: Институт за старословенска култура – Прилеп, Институт за словенска филологија УАМ – Познањ. стр. 74. Посетено на 26 октомври 2024. no-break space character во
|publisher=
во положба 35 (help) - ↑ „Бенчевски литургиски зборник“. Средновековни словенски ракописи во Македонија. Архивирано од изворникот на 2014-03-07. Посетено на 26 октомври 2024.
- ↑ „Бенчевско четвороевангелие“. Средновековни словенски ракописи во Македонија. Архивирано од изворникот на 2014-03-07. Посетено на 26 октомври 2024.
- ↑ „Михајло Георгиевски“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 26 октомври 2024.
- ↑ 6,0 6,1 „Книга со стари македонски кодики од Михајло Георгиевски“. 15.08.2016. Посетено на 26 октомври 2024. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)