Боге Ефремов Кузмановски ( 1924 во Дебарско1944 во Треска, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Произлегува од селско печалбарско семејство. Во потрага за работа се доселил во Скопје. Непосредно по окупацијата се вклучил во народно-ослободителното движење. На 5 септември 1944 година стапил во Четвртиот скопски партизански одред. Подоцна станал борец на Дванаесеттата македонска ударна бригада, во четвртиот баталјон. Во составот на бригадата учествувал во сите нејзини борби против балистите кај селата: Добри Дол, Говрлево, Света Петка, Грчец, Крушопек и други места. По силниот продор што го извршиле Третата и Дванаесеттата македонска ударна бригада, балистите биле протерани од позициите на Водно. Борбите против овој непријател продолжиле на Треска, кога балистите биле префрлеени на левата страна. Во оваа борба против балистите, Боге го изгубил својот живот. Бил закопан на скопските гробишта.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 207. На |first= му недостасува |last= (help)