Герасим Герасимовски
Герасим Шарев Герасимовски ( 1926 во Тајмиште, Кичевско — 14 ноември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно селско семејство. Се занимавал со земјоделство. По доселувањето во Скопје, се вработил како работник. Во народно-ослободителното движење учествувал главно преку собирање на материјална помош и во растурање на летоци. Во редовите на Дванаесеттата македонска ударна бригада стапил како борец на втората чета на вториот баталјон. Во борбите што во тоа време ги водела бригадата се истакнал како еден од нејзините храбри борци. Бил учесник во борбите за ослободувањето на Скопје. Кога граѓаните на Скопје го празнувале за првпат својот нов празник - 13 ноември, денот на неговото ослободување, тој ја продолжил борбата против непријателските балистички банди кои биле концентрирани кај населбата Ѓорче Петров, а дојдени од Тетово и други места. На 14 ноември учествувал во борбата против овој непријател на нашиот народ и во жестоката борба балистичките банди биле натерани на панично бегство. Во оваа последна битка со балистите, Герасим го изгубил својот живот.[1]