Борис Тупаревски
Борис Спиров Тупаревски ( 1917 во Скопје — 13 ноември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Борис Тупаревски | ||
Роден | 1917 година Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 13 ноември, 1944 година Скопје, Македонија |
Животопис
уредиПо завршувањето на основното училиште изучил занает, а потоа работел како лимарски работник. Непосредно по окупацијата на Македонија ѝ се приклучил на организираната борба, против бугарскиот фашистички окупатор. Учествувал во бројни акции, а пред се во собирањето на црвената помош, во растурање на илегален материјал и други активности поради што бил затворен од окупаторската бугарска фашистичка полиција. Останал во затвор сè до 1943 година. На 9 септември 1944 година стапил во борбените редови на Дванаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во борбите против непријателите. На 13 ноември 1944 година зел учество во уличните борби за ослободување на родниот град. Точно во тие борби го изгубил и својот живот. Неговите посмртни останки биле закопани на скопските гробишта.[1]