Јовче Тасевски
Јовче Стојанов Тасевски ( 1924 во Скопје — 1944 во Добри Дол (Скопско)) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Јовче Тасевски | ||
Роден | 1924 година Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 1944 година Добри Дол (Скопско), Македонија |
Животопис
уредиПо завршувањето на основното училштето, изучил занает, а потоа работел како механичар. За време на окупацијата на Македонија, станал симпатизер на народноослободителното движење. Бил регрутиран во окупаторската бугарска фашистичка војска, од која избегал и ѝ се приклучи на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Бил распореден во првата чета на вториот баталјон. Се истакнал со својата храброст во борбите против непријателот. Храбро загинал во битката против балистичките банди, кај селото Добри Дол.[1]