Артур Сурмејан (Цариград, 15 мај 1915 - Скопје, 2 јуни 1977) — македонски оперски певец, тенор, првенец на Операта на МНТ. Бил и учесник во НОБ.[1] Негов син е познатиот македонски балетан и кореограф Хазарос Сурмејан.

Животопис

уреди

Сурмејан е роден на 15 мај 1915 година во ерменско семејство во Истанбул, Турција. Пеење учел кај П. Холотков. Бил солист во Пејачкото друштво „Вардар“. Во 1935 година го одржал својот прв солистички концерт. Во Операта на МНТ работи од 1947 до 1971 година. Реализирал повеќе од 35 поголеми и помали улоги. Позначајни негови остварувања се: Манрико (Трубадур), Каварадоси (Тоска), Дон Хосе (Кармен), Војводата од Мантова (Риголето), Радамес (Аида), Рикардо (Бал под маски), Јеник (Продадена невеста,) Миќо (Еро од оној свет), Ленски (Евгениј Онегин), Црнољуб (Цар Самуил) и др.

Наводи

уреди
  1. Metodija Kotevski (1969). Skopskata brigada: Dvanaesettata makedonska narodnoosloboditelna brigada. Narodna armija.