Николче Јаневски ( 1926 во Скопје1944 во Матка, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Произлегува од работничко семејство. Завршил основно училиште и поради лошите материјални услови бил принуден да го прекине натамошното образование. Се вработил како општ работник. Откако стапил во Дванаесеттата македонска ударна бригада бил распореден во третата чета на првиот баталјон. Во сите борби на бригадата против непријателот се покажал како бестрашен борец. Бил учесник во борбите во непосредна близина на Скопје. При нападот на неговиот роден град, третиот баталјон добил борбена задача да ја заземе хидроцентралата Матка. Всушност, штабот на бригадата бил известен дека германците потпомогнати од балистичките сили сакаа да ја минираат хидроцентралата и да го поплават Скопје. Затоа со својата единица се упатил да ја оневозможи оваа намера на Германците. Точно во таа борба против балистичките банди и Германците храбро загинал. Бригадата успеала да ја спаси хидроцентралата, а со тоа и градот Скопје.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 198. На |first= му недостасува |last= (help)