Трајко Стојковски

(Пренасочено од Трајко Стојковски - Бузо)

Трајко Стојковски - Бузо (Куманово, 10 јануари 1923 - Скопје, 14 октомври 2005) — македонски комунист, учесник во НОВ, офицер на ЈНА и општественик. Прогласен е за народен херој на Југославија на 20 ноември 1951 година. Носител е и на Партизанска споменица 1941.

Трајко Стојковски
Роден на {{{датум на раѓање}}}
Роден во {{{држава на раѓање}}}

Член на КПЈ од 1941
Учество во војни {{{војна}}}

Народен херој од {{{народен херој}}}

Животопис

уреди

Трајко Стојковски е роден во Куманово. Како член на СКОЈ (од 1941), активно учествувал во подготовките на НОВ во Куманово, а во јуни 1943 година станал борец на Кумановскиот партизански одред. Посебно се истакнал како пушкомитралезец во борбата на Дренак против четничките сили во декември 1943 година. При формирањето на Третата македонска бригада бил назначен за командант на баталјон, а подоцна за командант на Дванаесеттата македонска (скопска) бригада. Учествувал во борбите за „Црно Око“, каде неговата чета требало да пробие пат за бригадата.[1] Има значаен придонес во ослободувањето на Скопје, односно по негова заслуга Германците биле спречени да ги урнат мостовите на Вардар.[1][2]

По војната

уреди

По завршувањето на војната, завршил Воена школа при Врховниот штаб. До 1951 година бил на разни должности во ЈНА, а потоа премина на работа во Државниот секретаријат за внатрешни работи. Пензиониран е во 1959 година.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 341
  2. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 1436 стр.

Надворешни врски

уреди