Душко Димитровски
Душко Димитровски ( 1919 во Скопје — 12 април 1945 во Шид, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од градско сиромашно семејство. Откако завршил основно училиште, изучил занает. Работел како тапетар. Во ноември 1944 година стапил во Треттата македонска ударна бригада, со која учествувал во завршните операции за ослободување на Македонија и својот роден град, Скопје. Со Бригадата исто така учествувал во акциите против балистичките банди. Во Земун завршил воена обука за ракување со ново оружје, а потоа се приклучил во големата пролетна офанзива на Првата Југословенска Армија, во чиј состав била и неговата Бригада. При големиот пробив на Сремскиот фронт, во еден јуриш на германски бункери, храбро загинал кај Шид, на 12 април 1945 година.[1]