Методија Николовски

Методија Манојлов Николовски ( 1919 во Бродец (Скопско)1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно образование во родното место. Потоа се доселил во Скопје со цел да заработи за живот. Тука се поврзал со народноослободителното движење и работел во подготовките за оружено востание против окупаторот. Во септември 1944 година стапил во Дванаесеттата македонска ударна бригада. Уште од првиот ден учествувал во борбите против балистичките банди, како и во борбите на железничката линија Скопје - Велес против Германците. Во октомври 1944 година, загинал во една борба против балистите на падините на Водно.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 225. На |first= му недостасува |last= (help)