Алан Смит (фудбалер 1980)
Алан Смит (роден на 28 октомври 1980 во Ротвел) — поранешен англиски фудбалер, кој играл на позициите напаѓач и среден ред.
Алан Смит | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Алан Смит[1] | ||
Роден на | 28 октомври 1980 | ||
Роден во | Ротвел, Англија | ||
Држава | Англија | ||
Висина | м | 1,88||
Играчки податоци | |||
Позиција | напаѓач, среден ред | ||
Повлекување | 2018 (37 г.) | ||
Младинска кариера | |||
Лидс Јунајтед | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1998-2004 | Лидс Јунајтед | 172 | (38) |
2004-2007 | Манчестер Јунајтед | 61 | (7) |
2007-2012 | Њукасл Јунајтед | 84 | (0) |
2012-2014 | МК Донс | 67 | (2) |
2014-2018 | Нотс Каунти | 86 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
1999-2002 | Англија 21 | 10 | (1) |
2001-2007 | Англија | 19 | (1) |
Раководител на екипите | |||
2017 | Нотс Каунти | ||
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Технички карактеристики
уредиБрз играч, со добра поединечна техника и способен да шутира со двете нозе,[2] Алан Смит израснал играјќи како втор напаѓач и на оваа позиција го изградил своето име за време на својот престој во Лидс Јунајтед. Сепак, кратко по неговото преселување во Манчестер Јунајтед, тренерот на „црвените ѓаволи“ Сер Алекс Фергусон, кој особено ја ценел неговата агресивност и издржливост, решил да го испроба како играч од средниот ред, улога што Смит ја покривал и подоцна во неговата кариера.[3]
Клупска кариера
уредиЛидс Јунајтед
уредиСвојата кариера Смит ја започнал во Лидс Јунајтед, каде ги минал сите младински категории пред да го направи своето деби за првиот тим. Своето сениорско деби го направил на 14 ноември 1998 во натпревар од Премиер лигата, против Ливерпул на Анфилд, во кој постигнал гол со првиот шут кон голот само три минути подоцна откако влегол во игра од клупата за резерви.[4] Следната недела, тој одново бил стрелец во победата со 4-1 на домашен терен над Чарлтон Атлетик. Овие погодоци му помогнале на тогаш 18-годишното момче да одигра позначајна улога во сезоната 1998–1999, откако станал еден од двајцата напаѓачи на кои најмногу сметал менаџерот Дејвид О'Лири како прв избор на напаѓачки тандем, заедно со холанѓанецот Џими Флојд Хаселбајнк. На 13 јануари 1999 година, Смит постигнал два гола во победата со 3-1 над Рашден и Дајмондс во преиграниот натпрвеар од третото коло на ФА Купот. Веќе во својата прва сезона како професионалец младиот дебитант успеал да импресионира завршувајќи ја со 26 настапи и 9 гола за Лидс во сите натпреварувања.
Следната сезона дебитирал со белите во европските натпреварувања, влегувајќи како замена на местото на Мајкл Бриџис, во победата со 3-1 над Партизан во Белград во натпревар од првото коло на Купот на УЕФА. Својот прв гол во ова натпреварување го постигнал во победата со 4-1 на домашен терен над Локомотив Москва во второто коло. Лидс стигнал до полуфиналето во Купот на УЕФА каде биле елиминирани од Галатасарај (вкупен резултат 2-4). Сепак, освоеното трето место во Премиер лигата (за кое Смит придонел со 4 гола) му овозможило на клубот следната сезона да игра во најсилното европско натпреварување, Лигата на шампионите.
Сезоната 2000-2001 Смит ја отворил фантастично постигнувајќи гол во секој од првите четири натпревари на Лидс; тој постигнал по еден гол во двата натпревари против Минхен 1860 (вкупен резултат 3-1 за белите) во квалификациите за Лигата на шампионите, а исто така ги постигнал двата гола за својот клуб во победата со 2-0 на домашен терен над Евертон на отворањето на новата сезона во Премиер лигата како и еден гол во победата со 2-1 на гостувањето кај Мидлсбро една недела подоцна. Својата добра форма ја продолжил и во остатокот од сезоната, а неговите голови против Лацио, Андерлехт и Реал Мадрид во втората групна фаза од Лигата на шампионите му помогнале на Лидс да се пласира во четвртфиналето на натпреварувањето, за прв пат по сезоната 1974-1975 кога белите играле во финалето. Со својот седми гол за сезоната во најсилното европско натпреварување, постигнат во победата со 3-0 на домашен терен над шпанската Депортиво Ла Коруња, Смит станал најдобриот стрелец на Лидс во натпреварувањето во ерата на Лигата на шампионите и има само еден гол помалку од општиот лидер Мик Џонс.[5]
Во следните две сезони, Смит бил преместен на позицијата десно крило и неговите голови драстично се намалиле. Сепак, на 14 ноември 2002, тој постигнал четири гола во победата со 4-1 на гостувањето кај израелскиот Хапоел Тел Авив,[6][7] со кој го престигнал соиграчот Ли Бојер станувајќи најдобар стрелец на Лидс Јунајтед во европските натпреварувања.[8] По финансиската криза во клубот и продажбите на некои играчи како Хари Кјуел, Роби Кин и Мајкл Бриџис, за време на сезоната 2003-2004, Смит се вратил на својата редовна позиција како партнер во нападот на Марк Видука. Тој постигнал 9 голови во Премиер лигата, со кој не можел да го спречи испаѓањето на клубот од лигата, но неговата подготвеност да игра каква било улога на теренот и неговите неуморни напори да ги спаси „Белите“ од испаѓање биле многу ценети од навивачите на Лидс Јунајтед.
Својот последен натпревар за Лидс, Смит го одиграл на 15 мај 2004, во поразот со 1-0 на гостувањето кај Челси. Вкупно за белите забележал 228 настапи и постигнал 56 гола[9] пред да ја заврши авантурата во клубот во летото 2004 година кога потпишал за лутиот соперник Манчестер Јунајтед, трансфер кој бил остро критикуван од некои навивачи на Лидс и сметан за предавство. Подоцна било откриено од страна на Питер Лоример дека единствениот клуб во кој Лидс му дозволил на Смит да оди бил Манчестер Јунајтед, и дека всушност овој трансфер бил инициран од страна на Лидс. Со оглед на тоа што Манчестер Јунајтед бил единствениот клуб кој бил подготвен да ги плати бараните пари од Лидс во готово, наместо на рати (како што понудиле Евертон и Њукасл Јунајтед), Смит се соочил со избор во кој морал да го остави Лидс да оди во администрација или да се приклучи на лутиот соперник и да го спаси својот стар клуб од администрација.[10]
Манчестер Јунајтед
уредиПо испаѓањето на Лидс на крајот од сезоната 2003-2004, Смит му се приклучил на Манчестер Јунајтед за 7 милиони фунти.[11] Второто поглавје во неговата кариера го започнал на 8 август 2004 година, со натпреварот за Комјунити Шилд против Арсенал, постигнувајќи го и првиот свој гол за клубот - со прекрасен удар надвор од шеснаесеттникот во 55-тата минута - во поразот на неговиот нов тим со 3-1. Својот прв првенствен гол го постигнал против Норич Сити, постигнувајќи го победничкиот погодок во тој натпревар со „фантастичен волеј“ во 49-та минута, откако претходно забележал и асистенција за голот на Давид Белион.[12] По успешниот почеток тој се здобил со неколку повреди кои му ја отежнале неговата прва сезона, предизвикувајќи да пропушти важни натпревари какви што биле полуфиналето на Лига купот против Челси и финалето на ФА Купот против Арсенал на стадионот Милениум, во кое Манчестер Јунајтед загубил по изведување на пенали. Напаѓачот постигнал 10 гола во својата прва сезона, но со добрата форма на Вејн Руни и Руд ван Нистелрој, по повредата тој паднал во втор план и останал на клупата.
Во летото 2005 година, менаџерот на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон пројавил интерес да го "преработи" Смит во наследник на Рој Кин во средниот ред на Манчестер Јунајтед. Фергусон изјавил: „Рој видел одлики кај Алан кои ги гледал кај себе како млад играч, што може да му помогне на Алан да се развие во многу добар играч на таа позиција“.[13] Смит ја добил својата шанса да ги докаже своите квалификации како заменик на Кин кога капитенот на Манчестер Јунајтед бил повреден на почетокот на сезоната 2005-2006. Тој имал период од подолго време во улогата на „сидро“ во средниот ред, но со мала ефикасност. Критиките насочени кон Смит и неговите соиграчи го достигнале својот врв по поразот на Јунајтед на гостувањето кај Мидлсбро со 4-1 и последователниот пораз со 1-0 од Лил во Лигата на шампионите.[14] Се верувало дека Смит бил една од неколкуте ѕвезди на Манчестер Јунајтед кои биле многу критикувани од Кин, во интервјуто за MUTV за кое се сметало дека е премногу експлозивно за да биде емитувано и било испратено на сечење од официјални лица на клубот.[15][16] По зборовите на Кин перформансите на Смит се нашле под лупа во клучниот домашен натпревар против лидерот во лигата Челси, но тој одговорил решително со многу добра партија во победата со 1-0 што резултирало со тоа да биде избран за играч на натпреварот од страна на британскиот весник The Guardian.[17]
Тој постигнал само еден гол на 33 настапи во сезоната 2005-2006, во победата со 3-1 на гостувањето кај Чарлтон Атлетик.[18] На 18 февруари 2006 година, за време на поразот со 1-0 од Ливерпул на Анфилд во ФА Купот, Смит ја скршил ногата и во истовреме го исчашил глуждот додека се обидувал да го блокира шутот од слободен удар на Јон Арне Рисе, повреда опишана од Фергусон како „една од најлошите која што тој ја видел“.[19] Некои медиуми известиле дека навивачите на Ливерпул го нападнале возилото на брзата помош со кое Смит бил изнесен од Анфилд,[20] но самиот тој ги побил овие тврдења.[21] Тој бил опериран следниот ден, по што проценките биле дека ќе биде надвор од игра околу девет месеци.[22] Една недела подоцна, Манчестер Јунајтед го победил Виган Атлетик со 4-0 во финалето на Лига купот и го освоил овој турнир. После натпреварот, фудбалерите на Манчестер Јунајтед му оддале почит на Смит со подигање на трофејот во маици отпечатени со зборовите „For you Smudge“ (превод на мак. за тебе Smudge; Smudge - прекарот на Смит, заб. на прев.).[23]
Во пресрет на сезоната 2006-2007, Фергусон го продал својот главен напаѓач ван Нистелрој на Реал Мадрид и рекол дека има намера да го замени со враќање на Смит на неговата природна позиција како центарфор: „Ние ќе го претвориме Алан Смит повторно во напаѓач. Тој наскоро ќе се врати на тренинзите и треба да биде достапен до крајот на август или почетокот на септември."[24] По три настапи за резервите во август 2006 година,[25][26][27] Смит се вратил во првиот тим на Манчестер Јунајтед во септември 2006 година, најпрво како неискористена замена во победата со 3-2 на домашен терен над Селтик во Лигата на шампионите на 13 септември,[28] пред конечно да излезе на теренот во последните пет минути од победата со 1-0 на гостувањето над Бенфика две недели подоцна.[29]
Смит го имал својот прв старт после осум месеци во победата на Манчестер Јунајтед со 2-1 на гостувањето над Кру Александра во четвртото коло од Лига купот.[30] Сепак, тој сè уште не бил целосно фит и се појавил само уште еднаш влегувајќи како замена во следните четири месеци. Додека тој го продолжувал својот пат кон целосна рехабилитација, Кардиф Сити и поранешниот клуб на Смит Лидс Јунајтед изразиле интерес за негово додедување на позајмица, но тој рекол дека нема намера да го напушти Манчестер Јунајтед и сака да се бори за своето место во тимот.[31]
Смит повторно се вратил на теренот во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Лил на 7 март 2007 година, влегувајќи на местото на стрелецот на голот Хенрик Ларсон во 75-тата минута од победата со 1-0.[32] Тој го имал својот прв старт на Олд Трафорд по повредата на 14 март во пријателски натпревар против Европа XI во знак на одбележување на 50 години од потпишувањето на Договорот од Рим. Неговиот прв старт на Олд Трафорд во официјален натпревар, се случил на 19 март 2007 година во победата во преигрувањето против Мидлсбро во четвртфиналето на ФА купот.[33]
После неколку последователни натпревари во кои тој влегол како замена или бил заменет, Смит одиграл цели 90 минути во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите во кое Манчестер Јунајтед ја "прегазил" Рома со 7-1 на Олд Трафорд на 10 април 2007 година; тој го постигнал вториот гол за Јунајтед во 17-тата минута, што бил прв негов гол од ноември 2005 година.[34] Потоа тој бил избран во почетниот состав и во градското дерби против Манчестер Сити на 5 мај 2007 година; Јунајтед го добиле натпреварот со 1-0[35] и биле крунисани за шампиони на Англија еден ден подоцна, кога нивниот конкурент Челси одиграл нерешено 1-1 на Емирати против Арсенал.[36]
И покрај тоа што имал еден натпревар помалку од потребните 10 настапи за да се добие победнички медал во Премиер лигата, сепак лигата му доделила специјална дистрибуција на Смит за да добие медал во последното коло од сезоната.[37] Тој го направил својот последен натпреварувачки настап за Манчестер Јунајтед една недела подоцна во финалето на ФА Купот против Челси, во првото финале одиграно на новиот Вембли, во кое влегол како замена за Дарен Флечер во втората минута од продолженијата. Јунајтед го загубил тој натпревар со 1-0. Вкупно за црвените ѓаволи тој забележал 93 настапи и 12 гола.
Њукасл Јунајтед
уредиНа 3 август 2007, Смит потпишал петгодишен договор со Њукасл Јунајтед, во трансфер вреден 6 милиони фунти.[38] Во својата прва сезона со страчките напаѓачот бил се мачел да ја пронајде својата најдобра форма и ја завршил сезоната без постигнат гол со само две асистенции.
Работите тргнале уште полошо кога тој се здобил со фрактура на глуждот, претрпена во натпревар од претсезоната, што значело дека тој морал да чека сè до февруари 2009 година за да игра официјален натпревар, влегувајќи како замена против Евертон. Неговото враќање на теренот не му помогнало многу на Њукасл па по крајот на сезоната 2008-2009, Смит со својот клуб претпел испаѓање од Премиер лигата, за втор пат во неговата кариера.
Откако по испаѓањето на клубот, Смит одлучил да остане и да игра во Чемпионшип, тој бил поставен за заменик-капитен за сезоната 2009-2010, но бил капитен на тимот скоро во секој натпревар поради тоа што тој бил претпочитан од менаџерот Крис Хјутон за сметка на регуларниот капитен Ники Бат. Смит бил редовен стартер за Њукасл играјќи 32 натпревари (без гол) во Чемпионшип, во сезоната во која клубот изборил промоција назад во Премиер лигата, но тој играл во многу подлабока улога како централен дефанзивен играч за врска.[39]
Следната сезона Смит ги започнал првите четири натпревари на Њукасл во Премиер лигата поради повредата на Дани Гатри, играјќи како партнер на Џои Бартон во поразот со 3-0 од поранешниот клуб Манчестер Јунајтед, победата со 6–0 над Астон Вила, ремито 1-1 со Вулверхемптон Вондерерс и поразот со 2-0 од Блекпул. Тој потоа го загубил местото во почетната постава за сметка на новите засилувања Шеик Тиоте и Хатем Бен Арфа. Тој го поминал најголемиот период од сезоната на клупата, откако Тиоте го зациментирал своето место во првиот тим на позицијата дефанзивен играч за врска, завршувајќи ја сезоната со само 14 настапи во сите натпреварувања. На 7 јуни 2011 година, Смит бил известен од управата на Њукасл дека неговите услуги повеќе нема да му бидат потребни на клубот, и тој можел слободно да го напушти.
Веднаш потоа започнале гласини дека тој ќе се врати во клубот во кој што ја започнал кариерата, Лидс Јунајтед, но сепак двете страни не пронашле договор и Смит останал во Њукасл и за време на сезоната 2011-2012, но по само два настапи во првиот дел од сезоната бил приморан да замине. Неговиот договор со Њукасл истекол на 1 јуни 2012.[40]
Последните години од кариерата
уредиСега веќе далеку од својте најдобри денови во кариерата, на 29 јануари 2012, Смит му се приклучил на третолигашот Милтон Кинс Донс, на заем до крајот на сезоната 2011-2012 откако одиграл само два натпревари за Њукасл во првиот дел од сезоната. По пет години пауза, на 21 април 2012, тој постигнал гол во победата со 1-0 над Шефилд Јунајтед.[41] После полусезоната на заем, Смит во летото 2012 како слободен играч потпишал договор со Милтон Кинс Донс на трајна основа, играјќи во клубот уште две сезони.
Во 2014, тој потпишал едногодишен договор како играч-тренер со Нотс Каунти.[42] Во овој клуб останал до крајот на сезоната 2017-2018, кога бил ослободен од клубот по што ја завршил својата играчка кариера.
Репрезентативна кариера
уредиВо периодот помеѓу 1999 и 2002 година, тој бил репрезентативец во англиската репрезентација под 21 година, со која одиграл 10 натпревари постигнувајќи три гола. Со оваа репрезентација настапил на Европското првенство за играчи под 21 година во 2002, играјќи во сите три натпревари на англичаните на турнирот и постигнувајќи еден гол во последниот натпревар од групата против Италија.
Смит за прв пат бил повикан во составот на сениорската репрезентација на Англија за пријателскиот натпревар против Италија во ноември 2000 година, на возраст од само 20 години, но подоцна се повлекол бидејќи му бил потребен одмор.[43] Своето деби сепак го направил во мај 2001 година во пријателски натпревар против Мексико, но една година подоцна бил изоставен од списокот за Светското првенство 2002 откако испаднал по последното кратење на подолгиот список, по што продолжил да ја претставува репрезентацијата под 21 година. Смит го постигнал својот прв гол во дресот на гордиот албион во својот прв натпревар во кој ги одиграл сите 90 минути за репрезентацијата против Португалија во септември 2002 година, на асистенција на соиграчот од Лидс Ли Бојер. Во квалификациите за Европското првенство 2004 против Македонија во октомври 2002 година, тој бил исклучен по добивањето на втор жолт картон за еден старт врз Александар Васоски.[44]
Во август 2005 година, Смит предизвикал неколку критики откако се повлекол од составот на Англија за натпреварот против Данска (натпревар што Англија го загубила со 4-1) со цел да игра за резервите на Манчестер Јунајтед.[45] По пауза од две години тој се вратил во репрезентацијата, играјќи 62 минути во пријателски натпревар против Бразил што завршил 1-1 во јуни 2007.[46] Својот последен настап за англиската репрезентација го имал на 16 ноември 2007, влегувајќи како резерва во победата со 1-0 над Австрија во пријателски натпревар. Вкупно за трите лава забележал 19 настапи и 1 гол.
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиСтатистика
уредиКлупска статистика
уредиСтатистиката е ажурирана на 20 ноември 2020.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
1998-1999 | Лидс Јунајтед | ПЛ | 22 | 7 | ФАКуп+ЛК | 4+0 | 2+0 | КУ | 0 | 0 | - | - | - | 26 | 9 |
1999-2000 | ПЛ | 26 | 4 | ФАКуп+ЛК | 3+1 | 1+0 | КУ | 8 | 1 | - | - | - | 38 | 6 | |
2000-2001 | ПЛ | 33 | 11 | ФАКуп+ЛК | 2+1 | 0 | ЛШ | 16[47] | 7[48] | - | - | - | 52 | 18 | |
2001-2002 | ПЛ | 23 | 4 | ФАКуп+ЛК | 1+2 | 0 | КУ | 5 | 1 | - | - | - | 31 | 5 | |
2002-2003 | ПЛ | 33 | 3 | ФАКуп+ЛК | 4+0 | 1+0 | КУ | 6 | 5 | - | - | - | 43 | 9 | |
2003-2004 | ПЛ | 35 | 9 | ФАКуп+ЛК | 1+2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 38 | 9 | |
Вкупно Лидс Јунајтед | 172 | 38 | 21 | 4 | 35 | 14 | - | - | 228 | 56 | |||||
2004-2005 | Манчестер Јунајтед | ПЛ | 31 | 6 | ФАКуп+ЛК | 3+2 | 0+1 | ЛШ | 5[47] | 2[48] | КШ | 1 | 1 | 42 | 10 |
2005-2006 | ПЛ | 21 | 1 | ФАКуп+ЛК | 2+2 | 0 | ЛШ | 8[47] | 0 | - | - | - | 33 | 1 | |
2006-2007 | ПЛ | 9 | 0 | ФАКуп+ЛК | 3+2 | 0 | ЛШ | 4 | 1 | - | - | - | 18 | 1 | |
Вкупно Манчестер Јунајтед | 61 | 7 | 14 | 1 | 17 | 3 | 1 | 1 | 93 | 12 | |||||
2007-2008 | Њукасл Јунајтед | ПЛ | 33 | 0 | ФАКуп+ЛК | 2+2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 37 | 0 |
2008-2009 | ПЛ | 6 | 0 | ФАКуп+ЛК | 0+0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 6 | 0 | |
2009-2010 | ЧЛ | 32 | 0 | ФАКуп+ЛК | 2+1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 35 | 0 | |
2010-2011 | ПЛ | 11 | 0 | ФАКуп+ЛК | 1+2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 14 | 0 | |
2011-јан. 2012 | ПЛ | 2 | 0 | ФАКуп+ЛК | 0+0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 2 | 0 | |
Вкупно Њукасл Јунајтед | 84 | 0 | 10 | 0 | - | - | - | - | 94 | 0 | |||||
јан. - јун. 2012 | Милтон Кинс Донс | ФЛ1 | 16 | 1 | - | - | - | - | - | - | ТФЛ | 2 | 1 | 18 | 2 |
2012-2013 | ФЛ1 | 27 | 1 | ФАКуп+ЛК | 6+2 | 0 | - | - | - | ТФЛ | 1 | 0 | 36 | 1 | |
2013-2014 | ФЛ1 | 24 | 0 | ФАКуп+ЛК | 2+1 | 0 | - | - | - | ТФЛ | 2 | 0 | 29 | 0 | |
Вкупно Милтон Кинс Донс | 67 | 2 | 11 | 0 | - | - | 5 | 1 | 83 | 3 | |||||
2014-2015 | Нотс Каунти | ФЛ1 | 23 | 0 | ФАКуп+ЛК | 0+1 | 0 | - | - | - | ТФЛ | 3 | 0 | 27 | 0 |
2015-2016 | ФЛ2 | 28 | 0 | ФАКуп+ЛК | 1+0 | 0 | - | - | - | ТФЛ | 2 | 0 | 31 | 0 | |
2016-2017 | ФЛ2 | 19 | 0 | ФАКуп+ЛК | 2+1 | 0 | - | - | - | ТФЛ | 1 | 0 | 23 | 0 | |
2017-2018 | ФЛ2 | 17+1[49] | 0 | ФАКуп+ЛК | 4+1 | 0 | - | - | - | ТФЛ | 3 | 1 | 26 | 1 | |
Вкупно Нотс Каунти | 88 | 0 | 10 | 0 | - | - | 9 | 1 | 107 | 1 | |||||
Вкупно во кариерата | 472 | 47 | 66 | 5 | 52 | 17 | 15 | 3 | 605 | 72 |
Титули
уредиКлупски
уредиЛидс Јунајтед
уреди- Y ФА куп за млади : 1
- 1996-1997
Манчестер Јунајтед
уреди- Премиер лига : 1
- 2006-2007
Њукасл Јунајтед
уреди- 2009-2010
Наводи
уреди- ↑ Hugman, Barry J., уред. (2010). The PFA Footballers' Who's Who 2010–11. Mainstream Publishing. стр. 382. ISBN 978-1-84596-601-0.
- ↑ „Alan Smith“. Посетено на 14 marzo 2015. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Remember Alan Smith“. Посетено на 14 март 2015.
- ↑ „20 years on from an unforgettable Alan Smith debut at Anfield - the start of a Leeds United love affair which turned sour“. Yorkshire Evening Post (англиски). 13 November 2018. Посетено на 28 March 2020.
- ↑ Leeds United history
- ↑ „Hapoel Tel-Aviv 1 - 4 Leeds United“. www.leeds-fans.org.uk. 14 ноември 2002. Посетено на 2 декември 2020.
- ↑ „Smith sees off Hapoel“. BBC Sport. 14 November 2002. Посетено на 15 September 2009.
- ↑ „Leeds“. Посетено на 2 декември 2020.
- ↑ Alan Smith leeds-fans.org.uk
- ↑ „Lorimer — The Facts About Smith Move“. Leeds United A.F.C. 30 July 2009. Посетено на 30 July 2009.
- ↑ „Man Utd sign Smith“. BBC Sport (англиски). 26 May 2004. Посетено на 28 March 2020.
- ↑ „Man Utd 2-1 Norwich“. BBC. 21 August 2004. Посетено на 28 September 2020.
- ↑ „Man Utd not planning Ballack bid“. BBC Sport. 26 August 2005. Посетено на 6 April 2015.
- ↑ „Lille 1–0 Man Utd“. BBC Sport. 2 November 2005. Посетено на 6 April 2015.
- ↑ Taylor, Daniel (1 November 2005). „Keane gagged by United after TV attack on players“. The Guardian. Посетено на 6 April 2015.
- ↑ Richardson, John (27 October 2013). „Roy Keane's X-rated television rant that tore Manchester United to bits“. Daily Express. Northern and Shell Media Publications. Посетено на 6 April 2015.
- ↑ McCarra, Kevin (7 November 2005). „United come out fighting to resurrect their title challenge“. The Guardian. Посетено на 6 April 2015.
- ↑ „Charlton 1–3 Man Utd“. BBC Sport. 19 November 2005. Посетено на 6 April 2015.
- ↑ „Smith describes broken leg agony“. BBC Sport. 20 February 2006. Посетено на 6 April 2015.
- ↑ „Smith ambulance attack condemned“. BBC Sport. 23 February 2006. Посетено на 6 April 2015.
- ↑ Prentice, David (1 April 2015). „Former Man United striker Alan Smith: My ambulance was NOT attacked by Liverpool fans in 2006“. Daily Mirror. Посетено на 6 April 2015.
- ↑ „Smith has successful leg surgery“. BBC Sport. 19 February 2006. Посетено на 6 April 2015.
- ↑ „Carling Cup final clockwatch“. BBC Sport. 26 February 2006. Посетено на 6 April 2015.
- ↑ „United reject van Nistelrooy bid“. World Soccer. Time. 19 July 2006. Посетено на 6 April 2015.
- ↑ Bartram, Steve (21 август 2006). „Reserves: Preston 2 United 7“. Manchester United F.C. Архивирано од изворникот на 13 април 2015. Посетено на 6 април 2015.
- ↑ Bartram, Steve (31 август 2006). „Reserves: Utd 1 Blackburn 0“. Manchester United F.C. Архивирано од изворникот на 13 април 2015. Посетено на 6 април 2015.
- ↑ Bartram, Steve (5 септември 2006). „Reserves: Stockport 1 Utd 1“. Manchester United F.C. Архивирано од изворникот на 13 април 2015. Посетено на 6 април 2015.
- ↑ McNulty, Phil (13 September 2006). „Man Utd 3–2 Celtic“. BBC Sport. Посетено на 6 April 2015.
- ↑ McNulty, Phil (26 September 2006). „Benfica 0–1 Man Utd“. BBC Sport. Посетено на 6 April 2015.
- ↑ „Crewe 1–2 Man Utd (aet)“. BBC Sport. 25 October 2006. Посетено на 6 April 2015.
- ↑ „Smith rejects Championship loan“. BBC Sport. 13 November 2006. Посетено на 6 April 2015.
- ↑ Holt, Sarah (7 March 2007). „Man Utd 1–0 Lille (agg 2–0)“. BBC Sport. Посетено на 6 April 2015.
- ↑ Mercer, Nathan (19 March 2007). „Man Utd 1–0 Middlesbrough“. BBC Sport. Посетено на 6 April 2015.
- ↑ Bevan, Chris (10 April 2007). „Man Utd 7–1 Roma (agg 8–3)“. BBC Sport. Посетено на 6 April 2015.
- ↑ McNulty, Phil (5 May 2007). „Man City 0–1 Man Utd“. BBC Sport. Посетено на 6 April 2015.
- ↑ Sinnott, John (6 May 2007). „Arsenal 1–1 Chelsea“. BBC Sport. Посетено на 6 April 2015.
- ↑ Ogden, Mark (12 April 2009). „Manchester United's Federico Macheda could miss out on Premier League winners medal“. The Daily Telegraph. Посетено на 6 April 2015.
- ↑ „Newcastle seal £6m Smith transfer“. BBC Sport. 3 August 2007. Посетено на 3 August 2007.
- ↑ „Alan Smith Always Gets Hostile Reception In Yorkshire“. Nufcblog.com. 31 October 2009. Посетено на 3 February 2012.
- ↑ „Magpies Announce Retained List“. Newcastle United. 1 June 2012. Посетено на 1 June 2011.
- ↑ „MK Dons 1–0 Sheffield Utd“. BBC Sport. 21 April 2012. Посетено на 22 April 2012.
- ↑ „Alan Smith: Notts County sign ex-England & Man Utd man“. BBC Sport (англиски). 20 May 2014. Посетено на 28 March 2020.
- ↑ „'Sensible' Smith chooses rest“. BBC Sport. 13 November 2000. Посетено на 25 October 2008.
- ↑ „Macedonia hold ragged England“. BBC Sport. 16 October 2002.
- ↑ „Alan Smith: Manchester United community“. Talking Reds. 3 февруари 2000. Архивирано од изворникот на 14 јули 2011. Посетено на 25 октомври 2008.
- ↑ McNulty, Phil (1 June 2007). „England 1–1 Brazil“. BBC Sport. Посетено на 22 April 2012.
- ↑ 47,0 47,1 47,2 2 настапи во квалификациските кола.
- ↑ 48,0 48,1 2 гола во квалификациските кола.
- ↑ 1 настап во плејофот за промоција.